Литургија (4): Благодарење

Example User · 9 months ago

    2 minutes, 21 seconds




Литургијата се нарекува

Евхаристија

(грч. Благодарење). Благодарноста претставува суштина на нашето постоење како создадени битија. Тоа е начин на живот, на пристап и однос кон Бога, Изворот на нашето постоење. Адам требало да биде свештеник, т.е. во едно благодарно претстоење кон Бога, Нему да Му се принесува самиот, а преку себе и целиот свет. Но, тој не успеал во ова, па затоа Христос ја исправил оваа грешка со Својата мисија, со целото дело на Спасението, кое претставувало Евхаристија на Бога. И ова е таа Евхаристија во која ние учествуваме, Христовата. Во таа смисла, Литургијата претставува едно големо Евхаристо – Благодарам на Бога.

Суштината на Небото е Благодарноста, ние сме на Небото и го вкусуваме тој благодарен начин на постоење. Литургијата можеме да речеме дека е еден вид „автошкола“ за Вечноста. Ние се учиме на тој начин на живот, на благодарност, која претставува срж на постоењето во Царството Небесно. Како што вели Г.К.Честертон, религиозното воспитание на детето не започнува кога таткото му говори за Бога, туку кога мајката ќе го научи да каже благодарам за вкусно зготвеното јадење. Колку е радикална, спротивна, Литургијата на овој паднат свет, чија суштина е неблагодарноста; нашето современие и нашата генерација се одликува со неблагодарност, многу често нашето обраќање кон Бога е во категориите на трговија: кога сме во тешкотија или бараме нешто за себе (успех, здравје) – но ова се најниските мотиви во нашиот однос со Бога. Откривањето на својата несамобитност, доживувањето на својата создаденот и реална зависност од Бога доведуваат до чувството на благодарност, во кое најправилно го градиме нашиот однос со Бога и го осмислуваме нашиот живот, чија цел е соединувањето со Изворот на животот, единството со Бога во љубов. Тоа е Литургијата.



Пеењето на Трисветата песна (Свет, Свет, Свет е Господ Саваот) уште еднаш сведочи за небесниот карактер на службата. Благодарењето сега се претвора во

Споменување

на Христа и на онаа ноќ, кога се предаде Себеси за живот на светот, на Тајната Вечера кога ја востановил оваа Тајна (но ние не се сеќаваме едноставно на историската Трпеза со апостолите, туку таа е истата во која и ние сега учествуваме). Свештеникот ги произнесува зборовите кои Христос ги кажал: „Примете, јадете, ова е Моето Тело“ и „Пијте од неа сите, ова е Мојата Крв на Новиот завет“. Да напомнеме, свештеникот е икона на Христос, а Христос во суштина е Оној Кој принесува, ја служи Литургијата. Христос е и Принесувачот и она што се принесува – Жртвата.

Тајната Вечера била старозаветна празнична вечера за Пасха, која Евреите ја извршувале во спомен на Мојсеј и излегувањето од египетското ропство. Таа Пасха била укажување на Христовата Пасха која сега се исполнува: Христос станува наша Пасха – Премин од ропството на гревот и смртта, во живот вечен, и ние оваа Вечера веќе ја извршуваме во Негов спомен. Свештеникот кажува: „Спомнувајќи си за сè што стана за нас, Крстот, Гробот, Воскресението… Второто и славно доаѓање (!)“. Уште едно сведоштво дека се наоѓаме вон границите на просторот и времето (како може да се сеќаваме на она што не се случило: Второто доаѓање?). Ова потврдува дека се наоѓаме во Вечноста, кога историското време веќе е исполнето, а и Второто доаѓање се случило.

(продолжува)

Прв дел    Втор дел    Трет дел

 

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/21623-liturgija-4-blagodarenje

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

„Ако еднаш некому сте направиле услуга, ќе бидете помилувани поради тоа“

                   Ако еднаш некому сте направиле услуга, ќе бидете помилувани поради тоа.            Ако страдаш со страдалниците - се вбројуваш во мачениците.            Ако му простите на оној што ве навреди, не само што ќе ви се простат сите гревови, туку ќе станете и синови Божји.    ...

Image Description
9 months ago

Светителите не се вонземски битија – Од библиографија до агиографија

Светителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но исто...

Image Description
9 months ago

о. Александар Шмеман - За ѓаволот и егзорцизмот (1)

  Современиот човек, дури и православниот, многу е зачуден што обредот на Крштението започнува со зборови, упатени кон ѓаволот. Во неговиот религиозен светоглед нема место за ѓаволот: тој поим, според неговото мислење, припаѓа на темното Средновековие и е карактеристично за ниското интелекту...