Старец Петрониј: Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 41 seconds


 3.angeli.so.truba

Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог


Ова е една од најсериозните работи кои треба да ги правиме. Човекот, оптоварен со телевизорот (компјутерот), не може да се моли; бидејќи е расеан, тој не може да се моли, тој го губи најсветото.
 А Спасителот вели: „Молете се постојано!“
 Непрестајната молитва е постојана поврзаност со Бог. Така треба да биде и така е, затоа што тогаш се наоѓам постојано во Неговото присуство.
Не може јас да бидам со Бог, а да гледам на друга страна; срамно е ако мојот поглед е свртен од Него. Бог секогаш е присутен тука, затоа молете се непрестајно.
Така секогаш ќе бидеме во контакт со Него! Како што нема живот без дишење, не треба да ја оставаме ниту молитвата, затоа што таа ни е насушна потреба дадена од Бога.
Светите Отци велат дека треба да учиме од разните добродетели, да се научиме да бидеме добродетелни.


Старец Петрониј

Избор од фб профил на

Ивица Трајковиќ

8ми ноември 2020 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23649-starec-petronij-ako-chovekot-ne-se-moli-mu-stanuva-tugj-na-bog

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Светата Причест – извор на здравје или извор на болест (30.08.2020)

Светата Причест – извор на здравје или извор на болест (30.08.2020 10:31)1. Вовед: еден Леб и една ЧашаВеќе  две илјади години, од Тајната Вечера (Мат. 26, 26–28; Марко, 14, 22–24; Лука, 22, 19–20; 1 Кор. 11, 23–26) до денес, христијаните се причестуваат на ист начин – од еден Леб и од една Чаш...

Image Description
3 years ago

Физиологија и анатомија на мажот и жената

(Извадок од беседа) Митрополит Николај Месогејски …Обично велиме, дека двајца луѓе се сакаат и дека треба да се земат, па дури и ако се од ист пол. Не! Целта е љубовта да даде единство. Ќе ви кажам што значи тоа. За да има единство, душевно и телесно, на душите и телата, п...

Image Description
3 years ago

Вознесение Христово (Спасовден)

По 40 дена од Своето Воскресение, Христос ќе се вознесе на небото, и со тој настан се запечатува целото Негово спасително дело. За овој настан, од евангелистите накратко споменува Марко (16,19-20), а најмногу Лука (Лк 24,50-53 и Дела 1,1-11). Исто како и страдањето и воскресението, Христос претходн...