Литургија на словото (2 дел)

Example Super-Admin User · 10 months ago

    2 minutes, 43 seconds


По завршување на песната „Свети Боже…“ следи читањето на библиските текстови. Во современата практика се читаат делови само од Новиот Завет (посланија на апостолите, Дела на апостолите и Евангелие). Во постаро време, се читале прво старозаветни, а потоа новозаветни текстови.

Пред и по читање на Евангелието, народот (претставуван од хорот или од певницата) возгласува:„Слава Тебе Господи“. Овој возгласпроизлегува од Исток, најверојатно од периодот 5-6 век. Тој бил употребуван и по читање на други библиски текстови на Литургијата. Денес се однесува само на читање на Евангелието.

Проповедта е дидактички елемент на христијанското богослужение. Во првите христијански векови таа била органски дел на литургиските чинодејствија и заземала почесно место во евхаристиските собранија. Во 14. глава од Посланието на свети апостол Павле до Коринтјаните јасно се забележува дека секој од присутните на богослужбеното собрание имал право да поучува, односно да проповеда[1]. Но, при тоа се јавиле извесни злоупотреби, против кои настапил и лично свети апостол Павле, па токму поради тоа постепено се забележуваат одредени ограничувања во тој поглед.

Во периодот од 4 до 5 век продолжило ограничувањето на правото, според кое секој да може да проповеда, а тоа конечно е формулирано во каноните на Шестиот вселенски собор (681 г.) и на помесниот Картагински собор (419 г.). Практиката за толкување на прочитаниот библиски текст потекнува од практиката, која се применувала во синагогалното богослужение. Тоа го практикувале Господ Исус Христос[2] и апостолите[3].

Денес проповедта многу често, неправилно, се преместува на крајот од Литургијата. Меѓутоа, нејзиното вистинско и логично место е веднаш по читањето на Евангелието, бидејќи нејзин предмет треба да биде толкување на прочитаните текстови, објаснување на празникот или на некој друг значаен настан од црковната историја.

Сугубата ектенија: „Да речеме сите од сета наша душа…“ следува по проповедта. Сугуба означува двојна, усрдна или засилена. На прозбите се одговара со трикратно Господи помилуј. За време на ектенијата или, пак, уште попрецизно и поправилно, по ектенијата свештеникот ја чита молитвата: „Господи Боже наш, прими го од Твоите слуги…“ По содржина, оваа молитва е блиска со соодветната молитва во Јакововата Литургија. Возгласот „Зашто си милостив…“ е завршеток на молитвата.

Сугубата ектенија, заедно со молитвата, станала дел од византиските литургии околу 7-8 век. Според некои, сугубата ектенија по библиските читања, потекнува од покајните литии, кои се извршувале во Цариград по повод годишнини од големи земјотреси, поплави, епидемии и сл. Нејзиното конечно оформување се случило околу 10 век.

Редица прозби во сугубата ектенија се позајмени од молитвеници и од служебници, кои биле предвидени за монашките центри во Ерусалим и околината. Поради тоа се спомнуваат „отци и браќа“на манастирот, „свештеномонаси, свештеноѓаконии целото во Христа наше братство“ (се мисли на манастирското братство).

 Прозбата: „Уште се молиме за дарителите…“ станала дел од ектенијата околу 14 век. Тогаш исчезнале други прозби, кои биле поврзани со вечерите на љубовта. Прозбата за војниците била вметната уште подоцна. Вклучувањето на сугубата ектенија по проповедта, што се случило пред 8 век, довело до извесна збунетост во тој дел од Литургијата, затоа што била нарушена древно востановената пракса, според која огласените не се молат заедно со останатите христијани.


Користена литература:

Архимандрит Авксентий, Литургика (част 3), Пловдив 2008.

Ιωάννου Μ. Φουντούλη, Λειτουργική Α΄, Θεσσαλονίκη 2000

Благой Чифлянов, Православна Литургика, София 2008.


[1] Сп. 1Кор 14, 26.

[2] Сп. Мт 13, 54-58; Мкл 6, 1-6.

[3] Сп. Дела 13, 15.

The post Литургија на словото (2 дел) appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/bogoslovie/liturgika/liturgija-na-slovoto-2-del/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

БОЖИЌНИ ПОСТИ: ЧЕТИРИЕСЕТ ДЕНА ЧЕКАЊЕ, ТРПЕНИЕ И ЧЕКАЊЕ!…

 БОЖИЌНИ ПОСТИ: ЧЕТИРИЕСЕТ ДЕНА ЧЕКАЊЕ, ТРПЕНИЕ И ЧЕКАЊЕ!…Божиќен пост….Да бидеме гладни од светот за да се заситиме од Бога.Четириесет дена агонија и чекање, додека таткото нетрпеливо чека во породилиштето да го слушне плачот за доаѓањето на своето дете.Четириесет дена трпение и чекање на доаѓањето...

Image Description
10 months ago

Колку чуда игнорираме Боже мој!!!

 Колку чуда игнорираме Боже мој!!!Чудо е човек да заплаче и да најде некој во темнината на својата осаменост да му ја избрише солзата.Чудо е да се најдат луѓе чии постоења се подредени на исти бранови должини.Чудо е насмевката која се раѓа не само од шега туку и од убавината на постоењето и личноста...

Image Description
4 months ago

Акатист на Свети Јован Предвесник и Крстител

 Акатист на Свети Јован Предвесник и Крстител Кондак 1.Избран од древните времиња да бидеш Претеча и Крстител на Спасителот на светот - Христос Бог, тебе - Јоване Богославен, кој го прослави Оној што тебе те прослави, ти принесуваме пофалбени песни како најголем меѓу сите од жена родени, како ангел...