МИЛОСТИВИОТ САМАРЈАНИН (Митрополит Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    0 minutes, 49 seconds


Милостивиот Самарјанин

Деца, го чувте денешното евангелско четиво (Лука 10, 25–37).

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата.

Гостилничар е Епископот.

Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.

Богочовекот Христос му остави на свештенството и личен пример, и толку неисцрпна благодат што повредениот гостин никогаш не може да потроши повеќе од тоа.

Ветувањето за доплата се однесува само за малодушните гостилничари.

Затоа, на гостилничарот му останува само совесно и смирено да ја изврши работата за којашто му е однапред преплатено.

А ако ја заврши работата како дете Божјо – а не како наемник – трошејќи се себеси и „повеќе од она што му е платено“, блазе си му на таквиот гостилничар кој Бог ќе Го направи свој „должник“.

Него Бог ќе го направи син Свој по благодат, а каква било друга доплата веќе не е воопшто важна…

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/29/milostiviot-samarjanin-mitropolit-naum/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла? (15.11.2020 16:51)Сум пишувал и порано на оваа тема, но изгледа дека повторно има потреба. Ајде да ја проследиме демонската помисла на славољубието, на гордоста, на високото мислење за себеси, од почеток до крај; додека да стане опсесија.Н...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (19.12.2020 )

  Митрополит Струмички Наум:Различни блаженства (19.12.2020 17:50) Слушајте ги блаженствата внимателно, за да ја забележите разликата: „Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:...

Image Description
3 years ago

Само таква молитва Бог слуша!

Молитва за цел свет (05.09.2020 15:38) Еднаш порано ви реков: доколку веруваме и знаеме дека ние сме никој и немаме ништо, а дека Господ Исус Христос ни е сѐ – и што сме и што имаме, тогаш свесноста за оваа наша состојба ја покажуваме единствено со подвигот на постојано собирање и држење на у...