Митрополит Атанасиј Лимасолски:Љубовта значи жртва – (V дел)

Example User · 2 years ago

    3 minutes, 48 seconds


 3.angeli.so.truba

За никого никогаш не е доцна. За секоја возраст има начин. Со денешното мислење, еден младич на 20 години сигурно не прима многу лесно совети. Би било грешка да се обидуваме да го убедиме. Што правиме? Прво, се трудиме ние самите да бидеме вистинити и свесни Христијани, чеда на Црквата. Ако го постигнеме ова, тогаш помагаме и без да сетиме. Затоа, треба многу да се молиме за нашите деца и дури тогаш да им кажеме неколку збора, доколку разбираат. Што вели старец Порфириј: „Кога им зборуваш на децата за Бога и тие не те слушаат, зборувај Му за децата на Бога, Кој те слуша“. Тогаш ќе се молиш многу за своите деца. Ќе дојде момент кога детето ќе те чуе, каде ќе оди? Бог е во срцето на секој човек. Човекот не може да Го истера оттаму. Што и да правиме, не можеме да Го тргнеме. Како што не можеме да ги игнорираме нашите родители, па што и да правиме. Можеш да се скараш со нив, да не им зборуваш, но родителите остануваат во душата. Истото важи и за Бога. Бог не се вознемирува, ниту брза, ниту паничи, ниту ја уништува човечката личност, туку чека. Човек нема да е секогаш на 20 години, ќе дојде и на 30, 40, 50, 60, 70 и 80, може и до 90 да стигнеме. Бог чека. Не брза, бидејќи нема причина да паничи, туку го чека човекот во соодветниот миг, кога тој ќе е подготвен и зрел. Затоа, не треба да се тревожиме, а ние родителите, духовните родители треба да имаме само блага грижа за децата, а не стрес, и треба да се молиме за нив. Откако први ќе дадеме добар пример. Тоа е над сè. Родителот, мајката, го има најголемото оружје – таа е мајка. Има ли поголемо оружје од тоа? Остави го она што детето го зборува и прави. Во срцето тоа има други нешта. Добро, млади луѓе се, не сакаат мајка им да им приговара, но и не можат без неа!

Прашање: Во мене се роди недоумие за сите оние, кои служат и работат во храмот. Тие можат да бидат настојатели, певци, клисари, и др. Сепак, им се плаќа ли на нив од Црквата?

На тие луѓе им се плаќа од Црквата, затоа што тоа е нивно дело. Црквата им плаќа, за да можат да го одржат семејството, бидејќи се посветени на тоа дело. Добро, тоа е праведно. Еден свештеник, на пример, треба постојано да е на своето работно место, да исповеда, да трча во болницата, да беседи, да служи секој ден и не може да има друга професија. Тој има семејство. Не зборувам за нас, кои сме монаси, туку за брачниот свештеник, којшто има семејство, има деца како сите, треба да ги школува, да купи храна за нив, да им ги задоволи потребите како глава на семејството. Нормално е Црквата да му даде, колку што може за да ги покрие тие свои потреби. Денес има исклучително многу свештеници, коишто ако не беа свештеници, ќе земаа многу повеќе пари, доколку ја задржеа професијата за којашто учеа пред да станат духовници. Имаме многу свештеници, кои што не завршиле само Богословија, туку и многу други науки.  Тие ги оставиле науките и станале свештеници. Добро, но тие имаат семејство, се посветиле на црковното дело. Црквата треба да им го даде неопходното. Сите ние велиме: „Оче, да дојдам да се исповедам, да ти ги кажам проблемите, да го запишам моето име, да ми прочиташ една молитва, итн.“. Сето тоа одзема од неговото време. Свештеникот стои таму и не може да прави нешто друго. Следствено, Црквата му дава награда, за да ги покрие своите потреби.

Но, ако некој има друга професија и во слободното време помага во храмот, се разбира, на тие луѓе Црквата не им плаќа. Повеќето се доброволци. Но, ако очекува да му се плати, и тоа не е неговата основна професија, а го смета за начин да стекне некаква заработка, има награда од луѓето, ама не и од Бога. Јас дотука знам.

3.angeli.so.truba

На Света Гора, во скитот Св. Ана, се случило следново. Се разбира, таму немало автомобили, но во минатото отците не дозволувале да има дури ни животни. Во скитот се подвизувал некој владика, постар човек. Отците му дозволиле да има магаренце со кое ќе може да ги искачува прехранбените продукти од пристаништето до скитот.

Еднаш, дошол коработ, го растовариле, сите слегле долу и ги натовариле продуктите на грб, секој своето-жито, брашно, и други потребни производи. Владиката го ставил својот багаж врз магаренцето. Сите тргнале нагоре кон скитот, како што бил обичајот, како караван. По патот има места каде монасите застануваат да си починат, затоа што искачувањето е напорно, преку лето се прават жива вода и се претепани од умор. Владиката, којшто си го водел магаренцето исто така седнал и задремал. На сон ја видел Пресвета Богородица како со чиста, бела крпа им ја брише потта на отците. Кога дошла до него, му ја избришала потта на магаренцето. Тој Ѝ рекол:

-А на мене?

Таа му рекла:

-Тебе не. Ти не се измори, магаренцето се измори!
Оттогаш, владиката го вратил магаренцето…

Сакам да кажам дека ако отидеш да го исчистиш храмот и очекуваш да ти се плати, сигурно имаш право на тоа и Црквата ќе ти даде, но не и Бог. Затоа што веќе ти е платено. Имаме награда од Бога кога даваме безрезервно. Ако примиме плата, толку, сме ја добиле нашата награда.

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/ljubovta-znachi-zhrtva-part-5/

 Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва – (IV дел) ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва – (III дел) ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва – (II дел) ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва (I – дел) ...

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23514-v-2

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Јеросхимонах Макариј-ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (извадок)

  Писмо бр. 214БОРБАТА СО СТРАСТИТЕ ВОДИ КОН ВЕЧНА РАДОСТ "... Откако го прочитав твоето писмо, те сожалувам, затоа што го сметаш својот живот за тегобен како во манастирот, така и во светот. Господ не створил не за плач, туку за радост. Ние сами сме си виновни, што ги труеме со гордост дните н...

Image Description
6 months ago

ПОКЛОНУВАЊЕ НА ХРИСТОВИОТ КРСТ!

ПОКЛОНУВАЊЕ НА ХРИСТОВИОТ КРСТ “Кресту Твојему поклањајемсја, Владико, и Свјатоје Воскресеније Твоје славим”. (На Твојот Крст се поклонуваме, Владико, и Твоето Свето Воскресение го славиме). Духовното поклонување на Крстот е постојано чувствување на благодарност кон Бога за крстните страданија, кои...

Image Description
1 week ago

НАЦИЈАТА ИЛИ ХРИСТОС?

НАЦИЈАТА ИЛИ ХРИСТОС?На денот кога Православната црква го одбележува споменот на Свети Марко Ефески, секако се сеќаваме на неговата бескомпромисна позиција во однос на соединувањето со Римокатоличката црква. Се сеќаваме дека на Фирентинскиот собор, кој се одржа во Ферара и Фиренца во 1438-1445 годи...