Митрополит на Китира Серафим: Строго се забранети заедничките празнувања со инославни и еретици

Example Super-Admin User · 2 months ago

    2 minutes, 22 seconds


Во своето редовно пастирско послание по повод почетокот на Велигденскиот пост, Митрополитот на Китира и на Антикитира Серафим (од Црквата на Грција), меѓу другото, се осврнува и на најавите за востановување на заедничко прославување на Велигден со римокатолиците, што ни доаѓаат од Цариградската Патријаршија во координација со нив.

Во продолжение издвојуваме делови од неговото послание:

„Духовна борба и духовен живот во Христа се секогаш потребни, а особено во ова благословено време на светлотворните пости; борба против гревот и против злото; борба против лукавите духови и против нашите страсти и слабости, кои демнеат во нашето секојдневно живеење. Борба за единство на верата и за заедница на Светиот Дух

Со помош на нашиот Господ Бог се подготвуваме да го отпразнуваме големиот и историски јубилеј: 1700 години од свикувањето на Првиот Вселенски Собор во Никеја (325-2025). Ова е длабоко значајна станица за Православната Католична (Соборна) Црква, и е погодно време да размислиме за духовните борби и за победите на нашето Православие против зачетникот на злото, ѓаволот, и против лукавите духови, против инструментите на темнината, и против различно именуваните  еретици и ереси од почеток до крај…

Со такви духовни доживувања, торжествено и серадосно ќе го отпразнуваме овој голем и блескав јубилеј на нашето Православие. Меѓутоа, за да бидеме точни и вистинити, треба да исповедаме дека за тоа се потребни и неопходни: заедничка православна вера, исповедништво и предание. Заеднички молитви и заеднички собири и празнувања со одлачени (од Црквата), инославни, еретици и, уште повеќе со друговерци, строго се забранети од свештените канони, и не само што не продуцираат добар резултат, туку повлекуваат тешки епитимии од свештените канони.

Според свети Јован Дамаскин, доброто е добро доколку се извршува на добар начин. Добри се единството и соединувањето на христијаните, но не се безусловни. Како што рековме, услов за тоа е ослободување од заблудата, од ереста и од новотариите во однос на прашањата кои се однесуваат на православната вера и на православното предание.

Меѓутоа, имајќи го она што се кажува и што се прави во пресрет на ова големо и историско празнување (1700-годишнината), се прашуваме и прашуваме: Дали севкупната Една, света, соборна и апостолска Црква, свештено и богољубиво, заеднички ќе го прослави овој голем јубилеен празник со псалми, со химни и со духовни песни, прославувајќи Го и воспевајќи Го нашиот Пресвет Триеден Бог за изминувањето и за навршувањето на седумнаесет векови православен христијански живот и црковно предание, или ќе се промовираат туѓи учења, празни зборови и ’љубословија’ (површна употреба на зборот ‘љубов’, без вистинско покритие – заб. на прев.), кои имаат за цел да ја дезориентираат и да ја пренасочат христоименитата полнота од  ’патот на Господ’, Распнатиот и Воскреснатиот, од апостолското и светоотечко учење и предание, од догматското учење и од свештеноканонските одредби и повелби на светите Вселенски собори на нашата најсвета Христова Црква, и да одвратат од  ’здравото учење’, според зборовите на божествениот апостол Павле (сп. 1Тим 1, 10; 2Тим 4, 3 и Тит 1, 9; 2, 1).

Извор: https://www.imkythiron.gr/index.php/o-mitropolitis/poimantorikes-egkyklioi/6379-poimantoriki-egkyklios-meg-tessarakostis-hyp-arith-245-2025

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/pravoslavni/mitropolit-na-kitira-serafim-strogo-se-zabraneti-zaednichkite-praznuvanja-so-inoslavni-i-eretici/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 months ago

Молитва на верата

„Вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете ли на оваа планина: Премести се одовде таму? и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно“ ( Матеј 17:20 ).„Илија беше човек смртен, како и ние“ ( Јаков 5:17 ), но преку неговата молитва „небото даде дожд, и земјата го...

Image Description
8 months ago

Комплексот е едно, а понизувањето е друго. Меланхолијата е едно, а покајанието е друго....

 Комплексот е едно, а понизувањето е друго. Меланхолијата е едно, а покајанието е другоСтарецот еден ден ми рече: Христијанинот мора да ја избегнува болната религиозност и чувството на супериорност за својата доблест, и чувството на инфериорност за својата грешност. Комплексот е едно, понизувањето е...

Image Description
7 months ago

Најголемата трагедија на грешникот е тоа што несвесно е сојузник на самите негови непријатели!...

 Најголемата трагедија на грешникот е тоа што несвесно е сојузник на самите негови непријатели!О Господи Спасиме од калта, за да не потонам(Пс. 68,14). Вака се молеше покајаниот крал Давид кој првично се предаде на глината, на почвата додека не виде дека нашето глинено месо не влече во бездната на у...