Митрополит Струмички Наум: Прогледување на духовно слепите (07.08.2021)

Example User · 2 years ago

    2 minutes, 48 seconds


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Прогледување на духовно слепите (07.08.2021 15:56)

Во денешното евангелие опишани се две состојби.

            Првата состојба е кога слепите повикуваат кон Богочовекот Исус Христос: „Помилуј нѐ, Исусе, Сине Давидов!“ (Матеј 9, 27). Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – чистење на срцето од страстите.

За овој степен знаете дека се карактеристични усно-умствената молитва и очистувањето на енергијата на умот, односно првото гледање на несоздадената светлина, но исто така, и сè уште присутната затвореност на срцето за молитвата и непросветленоста на умот, т.е. духовното слепило. Кај слепите ја забележуваме не само упорноста во усната молитва, туку и свеста дека се слепи и дека треба да се ослободат од тоа слепило. Слепите веруваат дека Христос може да ги исцели.

Свесноста за својата грешност и свесноста дека само Бог може да нѐ исцели од неа се основните темели на православниот духовен живот.

Истото важи и за сите нас. Треба да знаеме дека духовно сме слепи (немаме умно-срдечна молитва и просветлен ум), треба да веруваме дека Христос може да нè исцели и треба оваа наша вера да ја докажеме со што почесто призивање на името Исусово, во покајание, без да дозволиме некој или нешто да нè попречува. Значи, во покајание, а не да учителствуваме и да осудуваме...

Кога постепено, преку молитвениот подвиг ќе почнеме да ја чистиме енергијата на умот, тоа ќе ни овозможи да согледаме каде се наоѓаме, да видиме дека сме духовно слепи, дека сме паднати во однос на Христовиот идеал и уште посилно да повикаме кон Него. Но, ако знаењето што останува од првото очистување на енергијата на умот го употребиме за да ги гледаме и судиме туѓата грешност и слепило, тогаш го одбираме погрешниот пат, кој нè враќа многу назад.

Зошто го повторувам ова повеќепати? Затоа што сите токму тука грешиме. Без дарот на умно-срдечната молитва и просветлувањето на умот, ние сме едни обични слепци. Не дај Боже, да станеме и слепи водачи на слепци, таквото слепило човек не може да го излечи.

            Втората состојба што може да се издвои во денешното евангелие е кога Христос направи слепите да прогледаат. „А штом дојде в куќи, слепците се приближија до Него. И Исус им рече: ’Верувате ли дека можам да го направам тоа?‘ Тие му рекоа: ’Да, Господи!‘“ (Матеј 9, 28). Само внатре во Црквата (в куќи), во нејзината света Евхаристија, можеме вистински да Го исповедаме и да Му пристапиме на Богочовекот Христос, а потоа и да примиме исцеление од Него. Оваа состојба го покажува вториот степен од духовниот раст, а тоа е просветлувањето на умот.

Просветлувањето, од една страна, претполага доволно очистена суштина на срцето од страстите, а од друга, тоа е Божји дар. Чистотата на срцето ја овозможува пројавата на благодатта на Крштението во него, како и симнувањето на умот во местото од каде што таа се пројавува. Бидејќи умот веќе го знае „местото на срцето“, тој ја напушта умно-усната молитва и продолжува да се моли внатре во срцето. Таму внатре, соединет молитвено со Божјата благодат, тој се просветлува.

            Добро е и ова да го знаете: оние што се наоѓаат на степенот на просветленост, исто така, се чувствуваат како слепи во однос на оние што со своите преобразени телесни очи ја гледаат несоздадената божествена светлина на богопознанието, дури и повеќе отколку што своето слепило го чувствуваат вистински духовно слепите од степенот на чистење на срцето од страстите. (Ако воопшто и ја чувствуваат...) Затоа и свети Григориј Палама во тој период од својот духовен развој молитвено повикувал: „Господи, просветли ја мојата темнина!“

            Пресвета Богородице, просветли ја нашата темнина и спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 
    
    

 
    

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/24374-07-08-2021

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум:Свети Јован Крстител (19.01.2022 16:45) „На другиот ден, Го виде Јован Исус како доаѓа при него и рече: ’Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе.‘“Да, паднат човек не може да спаси паднат човек, туку Богочовекот Христос го спасува паднатиот човек. А...

Image Description
2 years ago

БEСEДА за Рут

    …Твoјoт нарoд ќe бидe мoј нарoд и тoвјoт Бoг – мoј Бoг… самo смртта ќe мe раздeли oд тeбe (Рут. 1:16-17).Oвиe збoрoви сe убави и кoга ги кажува синoт на таткoтo, и ќeрката на мајката, и жeната на мажoт. Нo тиe трипати сe пoубави кoга снаата ги кажува на свoјата свeкрва. А нив ги и...

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021 16:51) „А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, пристапувајќи одзади, се допре до крајот на...