Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Example User · 1 year ago

    3 minutes, 22 seconds


Митрополит Струмички Наум:
Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 15:29)


Евангелската случка со бурата на морето и одењето на Петар по водата е веќе толкувана, и ако добро се сеќавам, објаснувањето се сведува на тоа дека бродот ја симболизира Светата Црква, дека бурата ги симболизира искушенијата низ кои Таа поминува во текот на историјата и дека Господ ги допушта тие искушенија – за да се освестиме, покаеме и вистински да Го побараме да дојде и да нѐ спаси. Што се однесува до Апостолот, за него се расправа околу неговата вера и маловерие, од кои зависеле неговото одење и пропаѓање во водата.
            Во претходната беседа објаснив дека Бог прави чуда таму каде што нема друго решение, а истовремено има основа и потреба од чудо; кога заради Него и Неговата љубов и од љубов кон ближните страдаме или даваме и од она што не е доволно ни за нас – е тогаш, нема друго решение освен чудо, за да се задоволат потребите на сите што имаат потреба.
Убав пример се светите Маченици, кои го даваат и својот живот заради сведоштво на Христос и заради спасение на луѓето; тогаш гледаме многу чуда и за време на нивното сведоштво преку мачеништвото и по нивното упокојување. Исто така, убав пример се вистинските монаси – и тие преку целосрдечното послушание го предаваат целиот свој живот во Божји раце, но затоа најмногу кај нив може да се забележат Божјите дарови на умно-срдечната и чудотворна молитва, поради која светот уште постои.

Hristos.Petar
           

Прашањето што се поставува сега е: дали имаше основа за чудо и во случајов на Апостол Петар? Дали тој дава нешто што не е достаточно и за самиот него, т.е. дали се жртвува себеси за своите ближни или бара нешто што не е својствено за паднатата човечка природа? Дали тоа што го бара само за себе, пред публика, е заради Христос и заради Неговата љубов, како и од љубов кон ближните, или заради нешто друго? И, дали Христовото дојди беше благослов или изнуден благослов?


Тешко дека ќе можеме позитивно да одговориме на овие прашања – затоа Петар и пропадна во водата; не толку поради немање вера, колку поради немање основа за чудото. А кога нема основа, залудна е верата. Верата не е непотребна егзибиција: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу! Зашто е напишано: ’На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат‘“ (Лука 4, 9–10). И каков одговор доби ѓаволот? „Не искушувај Го Господ, својот Бог“ (Лука 4, 12).
            Во тоа е разликата меѓу Божјите и демонските чуда. Едните се случуваат кога страдаме или даваме иако немаме доволно ни за себе, во крајна нужда и безизлезна ситуација, заради сведоштво Божјо, заради Бог и заради Неговата љубов, што автоматски подразбира и заради спасение на сите луѓе; другите се случуваат заради барање, гордост, човечка и демонска слава, и заради држење на луѓето во страв и ропство. Со вториве чуда ќе се случи и доаѓањето на глупавиот антихрист. И така луѓето отсекогаш повеќе барале чуда, отколку што Го барале Бог.


            Не происходи верата од чудата, туку чудата происходат од верата потврдена со дела.
            Чуден лик е Апостол Петар, впрочем, како и сите ние. Во неговото, како и во нашето житие, забележуваме доста падови, и тоа тешки, како и повторни станувања, но неговото житие завршува свето – со маченичко сведоштво на својот Учител, Богочовекот Исус Христос, а нашето допрва ќе видиме... Тој е вистински духовен воин – ниту еден пораз не го поколеба да ја заврши духовната војна докрај. Колку ли грешат оние кои на човек му судат само поради еден пад?
Внимавајте да бидете исповедани и причестени, пред што било битно да преземете во вашиот живот и пред што било битно да се случи. Исто и децата да се причестени, кој има...
          

  Пресвета Богородице, по молитвите на Апостол Петар, помогни ни и ние духовната војна да ја завршиме со победа – Божјо чудо! Оти пак, нема како.


Митрополит Струмички Наум

Друго:

Фото:

https://www.google.com/search?q=%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81+%D0%B2%D0%BE+%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1+%D1%81%D0%BE+%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80&tbm=isch&ved=2ahUKEwjGx7ia7tLyAhVYNewKHfjiBwQQ2-cCegQIABAA&oq=%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81+%D0%B2%D0%BE+%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1+%D1%81%D0%BE+%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80&gs_lcp=CgNpbWcQA1DjhwNY6twDYPnrA2gAcAB4AIABbYgB-AiSAQQxMC4ymAEAoAEBqgELZ3dzLXdpei1pbWfAAQE&sclient=img&ei=A7kpYYY62OqwB_jFnyA&client=firefox-b-d

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/24408-21-08-2021

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 months ago

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

"Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме за сопствената совест. Ако не сакаш да те озборуваат – не озборувај, ако сакаш да те сакаат – сака...

Image Description
2 years ago

Високоумието е почеток на најопасната демоноопседнатост! Митрополит Наум

Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла? (15.11.2020 16:51) Сум пишувал и порано на оваа тема, но изгледа дека повторно има потреба. Ајде да ја проследиме демонската помисла на славољубието, на гордоста, на високото мислење за себеси, од почеток до крај; додека да стане опсесија....

Image Description
1 year ago

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021 15:54) Во денешното eвангелие (Матеј 19, 16–26) може да се види како и зошто се одвива актот на самооправдување и какви се последиците од него.           Слободно можем...