Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 31 seconds


Митрополит Струмички Наум:
Воскресение Христово (01.05.2021 )

Voskresenie.s.jpg
Во беспочетниот почеток на сѐ беше Ипостасот на Словото и Словото беше во Бог и Отец – од Кого предвечно се раѓа, и Словото беше Бог – Син Божји, едносуштен и еднославен со Отецот. Тој и во почетокот без почеток, и при создавањето на светот и на човекот – според икона и подобие Божјо, и при Домостројот на спасението, и во Есхатонот беше во Бог – со непроменлив начин на постоење.
Сè создадено стана од Бог Отецот, преку Него, во Светиот Дух – со Нивната боженствена енергија; и без Него ништо не стана од сѐ што – ни од што претходно постоечко стана, во времето.

38.machenici1
Во Него имаше суштинска енергија на Живот и Животот им беше единствена вистинска и незалезна светлина на луѓето во овој свет. И Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.
Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем, меѓу родените од жена природно; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
            Собеспочетниот, со Отецот, Син Божји е вистинска Ипостасна Светлина, Која го осветлува со Својата несоздадена светлина секој човек што доаѓа во светот – и го преобразува.
            Во светот беше, како воплотен Син Божји, и светот преку Него стана – преку Неговите логоси на битијата, а и својата смисла ја доби, но светот – паднат во грев и смрт, не Го позна.
Дојде при Своите по тело – како Син Човечки, и Своите не Го примија – Го отфрлија и на Крст Го распнаа.
А на сите што Го примија Богочовекот Исус Христос, на сите кои се крстија во името на Светата Едносушна и Неразделна Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух, и на сите што со дела веруваат во Неговото име им даде можност во Црквата – Телото Негово, да станат синови Божји: кои не од крв, ни од похот машка, а од Бог се родија – преку благодатта на Светиот Дух Господ.
            И Словото стана тело од Дева Марија Богородица и Светиот Дух – Кој непроменливо од Отецот исходи, и се всели во нашата природа, полно со несоздадена благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава во Воскресението од мртвите, слава како на Единороден Син од Отецот.

38.machenici1
            Јован Крстител сведочеше за Него и велеше, зборувајќи: „Овој е за Кого реков: ’Оној Кој иде по мене ме испревари, оти постоеше порано од мене!‘“ – бидејќи Бог.
И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат во благодарствената Литургија на Црквата – собрани околу својот Епископ; причестувајќи се соборно со Неговите Тело и Крв, и меѓу себе. И станавме нова твар...
Зашто, Законот беше даден за паднатиот човек – преку Мојсеј, а благодатта и вистината на Царството Небесно произлегоа од Богочовекот Исус Христос – нашиот Господ (види: Јован 1, 1–17), за оние што во Него умреа и воскреснаа – и Он повторно во нив.


            Христос Воскресе!

38.machenici1 


P.S. Ништо од Домостројот на нашето спасение не би било без Богородица и Секогашдева Марија, без Нејзината согласност и без Нејзиното содејство: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ (Лука 1, 38). Односно, без Нејзиното – да; и без Нејзината претходна предаденост Нему.


Митрополит Струмички Наум

Извор:

МПЦ- ОА

 1ви мај 2021 лето Господово

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/24118-mitropolit-strumichki-naum-voskresenie-hristovo-01-05-2021

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Беседа за Свети Климент:  Животот на Словото и светилникот на светот

­ Можно ли е воопшто со збор да се произнесе величието на човекoт, кој ја „надминува силината на словото”? На Oтецот, кoj со своите учители Кирил и Методиј „без да свијат колено пред никого“, станале „светилници на светот, имајќи го Словото на животот“ (Теофилакт Охридски).  Почитта кон Словото на ж...

Image Description
4 years ago

Дедо Наум – Гордиот разум не може да се потпре на довербата во Бог!

Неколку едноставни забелешки (07.02.2021 16:51) Гордиот разум не може да се потпре на довербата во Бог, на смирението и на послушанието кон духовниот отец, т.е. не сака да расте, зрее и осознава во Бог и преку Бог, туку самиот од себе и преку себе, и затоа му се потребни нови и многу информации...

Image Description
5 months ago

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не ја доживеал совршено. Во денешното евангелско четиво ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓу...