Митрополитот Наум за Преображение служеше во Белград

Example Super-Admin User · 8 months ago

    1 minutes, 48 seconds


Денес, кога Црквата го празнува Преображението Господово на Тавор, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица – Ружица, во Белград, Р. Србија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во беседата на Литургијата Владиката се обрати со следните зборови:

„Денес станува збор за промена и преображение што им се случува на самите Апостоли; бидејќи што може да Му се додаде на Оној во Кого пребива сета полнота на Божеството телесно од самото воплотување? Затоа денес не го славиме толку преображението Господово, колку преображението на Апостолите, како и можноста за нашето преображение. Светите Апостоли се вонредно обдарени од Светиот Дух да можат да ја видат божествената светлина, а Богочовекот Христос само им го покажал тоа што го имал од моментот на Своето воплотување. Толку се преобразиле и обожиле во тој момент, не само со душата туку и со телото, што и со своите преобразени телесни очи можеле да Го видат Богочовекот Христос во Неговата несоздадена светлина. Го виделе Богочовекот таков каков што Он Е. Редовно созерцание, а не вонредно и привремено – како што им се случило на тројцата Апостоли, е возможно само на третиот степен од духовниот развој – обожение, на којшто преку обожителната благодат се гледа божествената несоздадена светлина со преобразените телесни очи. „Во Твојата светлина ќе видиме светлина“. Да чуеме што вели свети Григориј Палама: ’Воведените во тајните од Господ (Апостолите), тогаш преку промената на сетилата, која во нив ја предизвикал Светиот Дух, биле приведени од состојба на тело во состојба на дух‘. И уште вели: ’Христос во моментот на Преображението не примил ништо што дотогаш немал, ниту се променил во нешто што претходно не бил, туку тоа го сторил за да им го покаже на Своите Ученици тоа што Он Е, отворајќи им ги очите и правејќи слепите да прогледаат. Гледаш ли, дека очите кои физички гледаат се слепи за гледање на Светлината? Значи, таа Светлина не е тварна и не може да се види со сетилните очи, туку тие со силата на Божествениот Дух биле подготвени да ја видат. Апостолите биле променети, и само така можеле да ја видат променетата форма; не таа која дури сега се покажала, туку таа којашто Он ја примил од самото соединување со нашата природа, обожена преку соединувањето со Словото Божјо‘“.

Извор: http://mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=8023

The post Митрополитот Наум за Преображение служеше во Белград appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/mitropolitot-naum-za-preobrazhenie-sluzheshe-vo-belgrad/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

Мнозина од Светиите примија од Бога разни дарови кои со искрена молитва на верниот народ,во секакви прилики брзаат да помогнат.

 Мнозина од Светиите примија од Бога разни дарови кои со искрена молитва на верниот народ,во секакви прилики брзаат да помогнат.Да погледнеме некои од нив,кои се забележани во Свето Горските книги:Свети Кипријан,Свети Јустин, Пресветата Богородица и Свети Тома помагаат во борбата против телесните ис...

Image Description
4 months ago

Никогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачете

  Никогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачетеНикогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачете. Бог никогаш не превидува душа која сака да се спаси и да се покае, дури и ако е ранета во борбата.Бог знае колку е слаба нашата природа. Каде глината ќе најде...

Image Description
5 months ago

Imagine на Џон Ленон: Православна анализа...

 Imagine  на Џон Ленон: Православна анализаОвие редови се од песната Imagine („Замисли“) на Џон Ленон, основачот на Битлси, кој беше убиен на 40-годишна возраст на прагот на својот дом. Денес тој би имал 80 години. Песната за свет без религија, каде што нема за што да се умре и сите живеат во мир, с...