Најдобрата утеха за напатените е знаењето за нивните гревови…
..Твојот прв лек против болки што ќе го пиеш во време на тага, нека биде оваа добра помисла, која претходно ја спомнавме, дека за многубројните гревови си заслужил полоши страдања.
И не се осмелувајте да кажете, како некои будали, дека не сте направиле никакво зло. Сите сме згрешиле, на еден или на друг начин. Кога светите Три деца во печката Го прославија Бога велејќи: „Да си благословен Господе, Боже на татковците наши, нека е фалено и прославувано името Твое во сите векови.“ (Дан. 3:26) . Што да кажеме кога великиот апостол Павле признал дека е првиот од грешниците (1. Тим. 1:15), нема ли да бидеме бесчувствителни и дрски ако ја негираме сопствената грешност?
Затоа, кога ќе ве погоди несреќа, размислете колку пати сте ги прекршиле божествените заповеди, колку пати сте се гордееле, сте налутиле некого, сте навредувале, проколнувале, сте биле лицемерни, сте клеветале или на кој било други неправдини пред Господа, од Кого сте имавте толку корист и против вашите ближни, кои треба да ги сакате како себеси. И тогаш ќе признаеш но со срам, дека оваа и друга потешка казна мораше да ти биде испратена со судот Божји, кој, како што не ја остава доблеста ненаградена, така не го остава гревот неучен.
Ако за една горда помисла луцифер бил толку строго казнет, кој како ангел бил најдоброто создание на Создателот, колку треба да бидеш казнет ти, човеку, кој толку пати и на толку начини се фалел пред Бога и пред луѓето? Ако за еден престап Адам беше протеран од рајот, што треба да трпиш, кој правиш толку многу престапи и беззаконија секој ден?
Со вакви и други слични мисли ќе се тешиш и ќе сфатиш како тагите што ги доживуваш се безначајни пред оние што би ги заслужил, а всушност така се чистиш и добиваш надеж за спасение. Затоа што тоа е како некому да му должиш илјада, а од нив само десет му плаќаш на доверителот, кој великодушно ти го дава остатокот.
Монах Агапиј Ландос Критски
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/11/blog-post_78.html