о. Стивен Фримен – Аскетизам и нормалност

Example Super-Admin User · 1 week ago

    0 minutes, 16 seconds


Секогаш ми се чини дека наидувам на два вида луѓе, кога се во прашање подвижниците. Едниот вид се оние кои се трудат да направат премногу прерано, брзо им се смачува од себе и после тоа прават малку или ништо. Другиот тип на луѓе од страв прават многу малку и повторно остануваат во истата состојба.
Чудно, но крајот и на и на едните и на другите е ист. Подобро би било на својот подвиг, пост и молитва им приоѓаме со смирение и да не се избезумуваме себеси. Свети Серафим Саровски вели: Не треба да се подвизуваме над своите можности, туку треба да се трудиме нашиот слуга – телото – да биде предадено и способно за доблеста. Треба да се оди по средината на патот: да не се осврнуваме ни надесно ниту налево (Изреки 4, 27); и треба на духот да му го дадеме духовното, а на телото телесното; поради одржуваме во живот на време треба да го земаме она што ни е потребно, за живот во заедницата она што законски се бара, во согласност со зборовите од Светото Писмо: Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога (Мат. 22: 21).

Човекот мора да се спушти во слабоста и несовршеноста на душата и да ги прифати нејзините мани како што ги прифаќаме недостатоците на другите; меѓутоа човекот не смее поради тоа да стане мрзелив, туку треба да се поттикнува на подобро. Можеби некој изел повеќе или направил нешто слично на она што е природно за човечката слабост – не вознемирувајте се поради тоа и не додавајте сол на раната, туку насочете се на поправање и истовремено трудете се да го зачувате мирот во душата, по зборовите на Апостолот: Блазе на оној кој не се осудува себе самиот за она што го одобрува (Рим. 14, 22).

Истата мисла е содржана и во зборовите на Спасителот: Вистина ви велам, ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно. Ако телото е изнемоштено од подвижничкиот труд или болест, треба да го зајакнеме со умерен сон, храна и пијалак, неводејќи сметка за времето кое поминува.
Исус Христос после воскреснувањето на Јаировата ќерка: … веднаш заповеда да ѝ дадат да јаде (Лука 8, 55).
Секој успех во што било треба да Му го упатуваме на Господа и со Пророкот да кажеме: Не нам Господе, не нам, туку на Твоето име дај Му слава (Пс. 113, 9)

.https://www.cudo.rs/%d0%b0%d1%81%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d0%bc-%d0%b8-%d0%bd%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82/?fbclid=IwAR3Ge9tB1z28fLPNyh5cNLRuJL7C5vzQwrz6Un6rL956xHT2uZn_cOWx43g

Source: https://www.tiveriopol.mk/o-stiven-frimen-asketizam-i-normalnost/

Share:

Example Super-Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
1 year ago

Дијалог меѓу еден старец и еден атеист (4)

Четврт и последен дел од разговорот Атеистот: Морам да признаам дека твоите аргументи се прилично цврсти. Но, би сакал да те прашам уште нешто: зар не мислиш дека Христос го оставил Своето дело незавршено? А тоа, дека, ако не друго, нè напуштил. Не можам да замислам Бог што би останал рамнодушен на...

Image Description
1 year ago

Религија и наука (8): За инквизицијата (5)

Инквизицијата функционирала како институција, којашто попрво заштитувала од гонење, отколку што запалувала. Црковните казни за оние кои правеле магии биле помеки од она што можела да им стори толпата. Таа забелешка особено е справедлива за Русија: за гревовите, за кои во Европа во тие векови гореле...

Image Description
6 months ago

Ѓоко ЃОРЃЕВСКИ: СТРАВОПОЧИТТА ВО БИБЛИЈАТА И ВО ДЕЛАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

  Честопати може да се забележи тврдењето дека е Стариот Завет  заснован  врз  законот  на  стравот,  додека  Новиот Завет е закон на љубовта. Но, таквото генерализирање не остава простор за нијанси, кои секако постојат. Ако стравот во Стариот Завет и има посе...