Објавена книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничките дела“

Example User · 11 months ago

    3 minutes, 21 seconds



22h 1fNovempbe0ur a829t 14ore:1f1g  ·
НОВО од „Македоника литера“:
„ОД ТРЕЗОРОТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА – белешки за светите твари и уметничките дела“ од Снежана Филипова
Во книгата авторката пишува за изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а денес се распрснати главно во неколку музеи во соседството. Филипова пишува и за значајни примероци на црковен вез, реликвии, крипти, мали иконки, енколпиони..., но и за: раната црква во Македонија, културните и епископски центри во Македонија во времето на Јустинијан, ранохристијанските, средновековните и нововековните светци и маченици од Македонија.
Освен што дава преглед на ремек-делата на една од најзначајните архиепископии на православниот свет, книгата претставува и значаен придонес за црковната историја на уметноста во Македонија. Книгата содржи и шеесетина фотографии, и скратена верзија на  текстот на англиски јазик.

\
Д–р Снежана Филипова (родена во Скопје) дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, а магистрирала на Институт за средновековни студии во Будимпешта, Унгарија. Добитник е на наградата „Херберт Манинг“ за најдобар студент на генерација во 1987 година. Остварила специјалистички престој како вонреден студент кај професор Робин Кормак на Кортолд Институтот за уметност во Лондон. Докторската дисертација ја одбранила во јануари 2005 година на Филозофскиот факултет во Белград. Во јули 1988 година се вработува на Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде од 2015 година е редовен професор. Нејзините истражувачки интереси се од областа на ранохристијанската и средновековна уметност, методологијата на историјата на уметноста, хералдиката и археологијата. Објавила над 60 стручни и научни трудови, како и седум стручни книги. Учествувала на повеќе од 80 научни конференции и конгреси во земјата и во странство. Учесник е во повеќе национални и интернационални проекти, меѓу кои остварила соработка со Принстон Факултетот и Виенската Академија на науките и уметностите. Остварила студиски престои на универзитети во Словенија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Англија, Бугарија, Русија, Србија и Грција, а на неколку факултети во странство одржала серија предавања за ранохристијанската уметност и средновековната уметност во Македонија.

FB prifil

+++

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Издавачката куќа „Македоника литера“ ја објави книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничките дела“ од Снежана Филипова.

Во книгата авторката пишува за изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а денес се распрснати главно во неколку музеи во соседството.

Филипова пишува и за значајни примероци на црковен вез, реликвии, крипти, мали иконки, енколпиони…, но и за: раната црква во земјава, културните и епископски центри во времето на Јустинијан, ранохристијанските, средновековните и нововековните светци и маченици.

Adam.zmijata.IZGONUVANJE

Како што посочија од издавачката куќа, освен што дава преглед на ремек-делата на една од најзначајните архиепископии на православниот свет, книгата претставува и значаен придонес за црковната историја на уметноста во државава. Книгата содржи и шеесетина фотографии и скратена верзија на текстот на англиски јазик.

Д–р Снежана Филипова дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, а магистрирала на Институт за средновековни студии во Будимпешта, Унгарија. Добитник е на наградата „Херберт Манинг“ за најдобар студент на генерација во 1987 година. Остварила специјалистички престој како вонреден студент кај професор Робин Кормак на Кортолд Институтот за уметност во Лондон. Докторската дисертација ја одбранила во јануари 2005 година на Филозофскиот факултет во Белград. Во јули 1988 година се вработува на Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде од 2015 година е редовен професор. Нејзините истражувачки интереси се од областа на ранохристијанската и средновековна уметност, методологијата на историјата на уметноста, хералдиката и археологијата.

Објавила над 60 стручни и научни трудови, како и седум стручни книги. Учествувала на повеќе од 80 научни конференции и конгреси во земјата и во странство. Учесник е во повеќе национални и интернационални проекти, меѓу кои остварила соработка со Принстон факултетот и Виенската академија на науките и уметностите.

 

https://nezavisen.mk/objavena-knigata-od-trezorot-na-ohridskata-arhiepiskopija-beleshki-za-svetite-tvari-i-umetnichkite-dela/

 

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/24615-objavena-knigata-od-trezorot-na-ohridskata-arhiepiskopija-beleshki-za-svetite-tvari-i-umetnichkite-dela

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

А.И.Осипов: Создавање и/или еволуција

Христијанската вера во создавањето на светот од Бога не го решава прашањето за карактерот на настанувањето на светот – креационистички (сè што постои е резултат на творечкиот акт на Бог) или еволуционистички (светот се развивал од првоматерија според од Бога дадени закони)? Светото писмо говори за...

Image Description
11 months ago

Интензивно се работи на заштитата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

 19.042016 год. Интензивно течат активностите за реализација на конзервацијата на еден од најзначајните споменици на средновековната уметност во Република Македонија, црквата „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново, соопшти Министерството за култура.Проектот е во Програмата на Владата и н...

Image Description
11 months ago

Автентичноста на Гробот Христов и Голготската карпа III дел

  (Благодатниот оган – чудо на Христовиот Гроб – Дваесет и четврти дел) Автентичноста на Гробот Христов и Голготската карпа III дел Камениот прстен што беше пронајде на дното од отворот во кој Крстот бил поставен на местото на Распетието. Во 1810 година, 2 години после катастрофалниот пожар...