Интензивно се работи на заштитата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

Example User · 11 months ago

    1 minutes, 21 seconds


 19.042016 год.


Интензивно течат активностите за реализација на конзервацијата на еден од најзначајните споменици на средновековната уметност во Република Македонија, црквата „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново, соопшти Министерството за култура.

Проектот е во Програмата на Владата и на Министерството за култура. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола изминатиот период интензивно работеа на овој проект, чија реализација се одвива во неколку последователни фази.

Почнувајќи од 2013 година, како што се наведува, беа извршени конзерваторски истражувања со кои беа опсервирани состојбите на архитектурата, сликарството и покривната конструкција на црквата која уште од 1952 година е прогласена за споменик на културата. Изработена е анализа на актуелните аномалии и на статичката стабилност на градбата и почвата под неа, што беше остварено во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

- Поставен е и привремен покрив над објектот за да може непречено да се одвива конзервацијата на архитектурата и на живописот во црквата кој, според своите стилско-ликовни карактеристики, е пример за највисоките дострели во доменот на монументалното сликарство во источнохристијанската уметност. Во рамки на активностите, се појави и потреба од интервентни археолошки истражувања со кои се утврдени длабината и состојбата на темелите од различните страни на црквата, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Оваа година се доработува проектот за конзервација на архитектурата на црквата и нејзино конструктивно зајакнување, по што паралелно ќе се работи на конзервацијата на архитектурата и фрескоживописот.

Сите активности за целосна конзервација на внатрешноста и надворешноста на оваа исклучително значајна црква се предвидува да бидат финализирани до крајот на годинава.

ФОТО: Дарко Цветаноски

Извор: Утрински весник

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/bibliska-arheologija/17585-intenzivno-se-raboti-na-zashtitata-na-crkvata-sv-gjorgji-vo-kurbinovo

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Џејмс Клерк Максвел – Научен гениј и посветен христијанин

Џејмс Клерк МаксвелЏејмс Клерк Максвел Роден е на 13 јуни, 1831 г. во Единбург, Шкотска, како единствено дете на своите родители. Почетното образование го добил од мајка му, која била голема христијанка. И самата се фасцинирала кога Џејмс на 7 години го научил напамет најдолгиот псалм од Библ...

Image Description
4 years ago

Религија и наука (12): Инквизицијата и Коперник

И дури осудувањето на коперниковата хипотеза од страна на инквизицијата во 1613 година, не треба да се гледа како акт на антинаучно непознавање и терор. Да претпоставиме дека мене ми предложуваат да се согласам со некоја екстравагантна хипотеза, која под себе нема никакви докази, а како додаток на т...