Отец Симеон Крајопулос († 2015): Покајание без услови и граници

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 52 seconds


3.angeli.so.truba

Кога мачениците оделе на страдање, никој од нив не поставувал услови или граници. Никој! Секој од нив бил целосно предаден на Бога – она што Бог ќе дозволи, она што Бог ќе допушти – да пострада онолку колку што Бог сака.

Не биле предадени на Бога со услови: Го прифаќам мачеништвото, но да биде вака, а да не биде онака, да се случи ова, а да не се случи она. Услови воопшто не постоеле. Ниту овцата не се предава на колење, како што се предавале мачениците.

Ние, и кога почнуваме да се каеме поставуваме услови, па го планираме покајанието преку нашите мисли, го поминуваме низ наш калап, го приспособуваме на нашата програма, на нашиот план и не дозволуваме Бог да помогне ни малку: да дојде вистинското покајание во нас, не дозволуваме Бог да ни даде вистинско покајание, да се случи целосно срамнување, потполно уништување на гревот, да не живее ништо, да не остане ништо здраво од стариот човек.

 Кој сака, кој бара такво покајание? Кој е одлучен да понесе, да прифати такво покајание?

Не е тешко да одиш во црква – не е потребно многу. Ако малку прифатиш, не е тешко да направиш едно псевдопостење и да отидеш да се причестиш. Тешкото е да се покаеш, вистински да се покаеш. Немој да се самооправдуваш: сакам да се покајам, но не можам.

    „Кажи Му на Христа: „Колку и да ме чини, Господи, колку и да е потребно да страдам, што и да треба да биде, што и да треба да се случи во мене, само дај ми вистинско покајание – онакво што ќе ме направи да пострадам со Тебе, да се распнам со Тебе, да умрам со Тебе, да се соединам со Тебе и да воскреснам и да живеам на небото“.

Колку малку сме ние овде во овој момент во споредба со многуте луѓе, но колку многу ќе бевме, ако во овој час пред Бога, секој од нас би си рекол: Дојде моментот! Заврши сѐ! „Сега е времето благопријатно, сега е денот на спасението“(2 Кор.6,2). И не само да го посакуваме покајанието, туку и да го замолиме Господа да ни даде покајание, колку и да не чини – подготвени во овој момент ако е потребно и на ова место да умреме – само да нѐ направи Негови заедничари, да нѐ соедини со Себе, да се распнеме со Него и да воскреснеме со Него.


За жал, дури ни ова не можеме да го направиме: да увидиме колку ни е нечуствителна душата, колкава тенденција кон самооправдување имаме, колкаво расположение имаме да го покриваме своето его. Не можеме да го сфатиме тоа, не го помислуваме. И згора на тоа: да не нѐ чепнат таму.

Ако дозволите да се изразам така, најпрвиот чекор, вистинскиот чекор што можеме да го направиме, што би можеле да го направиме, што би требало да го направиме во овој момент е – ако се опуштиме пред Бога, секако не може да се случи тоа – да поверуваме безрезервно дека дури во овој час може да започне вистинското покајание во нашата душа, да се растресе нашата душа, да се трогне од длабочините на нашето битие, да почне благодатта да работи во нас, да проработи покајанието, да се појави во нас покајанието. Сѐ е заради тоа.

Тоа што постои Црквата, што постојат Светите Тајни, што постои богослужението, сѐ е за да се покаеме. Инаку, сме набљудувачи. Инаку, сме само посакувачи. Инаку, сме лицемери, кои покажуваме дека божем сакаме, многу посакуваме итн., но вратите од нашата душа се затворени. Не може да влезе ништо во нас.

Покајание, покајание, покајание! Сега сме овде. Заврши! Во овој момент сме овде внатре, се затекнавме овде, сите нѐ интересира да се покаеме. Ако си заминеме одовде и се нема случено нешто во нас што личи на почеток на покајанието – лош знак. Нѐ има обземено страшна нечуствителност, нѐ има завладеано страшно непокајание, да не го наречеме лицемерност, но се имаме навикнато на лажното, се имаме навикнато да ни е угодно и да земаме надворешен облик на благочестив и богобојазлив.

Но посакувам и се надевам да ставиме еден почеток во овој час.

Извадок од книгата: π. Συμεών Κραγιοπούλου, “Συνάξεις Τριωδίου Β’ “, Πανόραμα Θεσσαλονίκης, 1999, σελ. 207.
Превод од грчки: Братството на Свештената Бигорска Обител

 Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/pokajanie-bez-uslovi-i-granici/

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23767-otec-simeon-krajopulos-2015-pokajanie-bez-uslovi-i-granici

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

ДИЈАЛОГ!

ДИЈАЛОГ …Како член и свештеник на православната Црква верувам оти Црквата, внатре во која сум крстен и пораснат е Црква, вистинска Црква, единствена вистинска Црква. А верувам во тоа од многу причини: од мое лично убедување и заради највнатрешната потврда на Духот кој дише во Тајните на Црквата и за...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Промоција на книга на доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ

22ри  декември   2020 лето Господово Скопје, 3-јуни 2015 год.- салата „Архиепископ Доситеј“ при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје На 03. јуни 2015 на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ при Универзитетот Свети Кирил и Методиј...

Image Description
3 years ago

Старец Клеопа: Мајка и царица на сите добри дела

Молитвата е мајка и царица на сите добри дела. Но како таа е мајка на сите добри дела кога големиот апостол Павле вели: „А сега остануваат верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголемата од нив“?Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите...