Отфрли ги лошите мисли, чедо мое
Отфрли ги лошите мисли, чедо мое, бидејќи ѓаволот никогаш не го сака доброто на човекот. Му поставува разни тешкотии, за да го убеди дека ништо не прави во монаштвото.
И тоа затоа што е изгорен од црната раса, која го открива Христовиот војник. Да, имаме искушенија и таги, и Христос имаше таги и со страшни болки ја предаде Својата обожена душа на Крстот.
Нашиот Христос, распнат на Крстот, гол, пуст, напуштен, навреден од илјадници луѓе и уште толку нешта издржа со радост за нас неблагодарните и ние, чедо мое, да не трпиме малку тага и болка?
Нашиот Христос, во Своето второ присуство, ќе ни ги покаже страдањата на Своето тело како доказ за Неговата љубов кон нас, потоа и ние, чедо мое, ќе Му го покажеме нашето болно и раскрвавено срце од тагата за Неговата љубов.
Сите светители многу пострадаа, мачениците пострадаа. Затоа, бидете трпеливи и молете се и Бог нема да дозволи да страдаме повеќе отколку што можеме.
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/08/blog-post_48.html