„Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои“ ( Пс. 140:3 ).
Словото Божјо мора да живее и да расте во нашите срца, само тогаш ќе ни биде можно да имаме корист и да им помогнеме на другите. Кога ќе бидеме целосно натопени со Божјото слово, тоа ќе ни ги разнежни срцата, ќе го скроти нашиот темперамент, ќе ги смири нашите бунтовни мисли и ќе не исполни со љубов, која ќе се одрази во секој наш збор и дело.
Најмногу од сè, треба да ги чуваме усните. Заборавајќи на последиците од нашите говори, колку лесно, колку неконтролирано испуштаме непромислен збор што може да ги навреди, повреди или дури и да им наштети на нашите ближни.
На многумина им изгледа неостварлив дарот на христијанското изразување. Дури и со најдобри намери, често безгрижно допираме отворена рана и предизвикуваме болка онаму каде што сакавме да донесеме утеха. Мораме непрестајно да се молиме за нашиот јазик да биде подложен на Господа, да се молиме во тешките моменти Светиот Дух да не научи што треба да кажеме ( Лука 12:12 ). И тогаш нашите говори ќе можат да дејствуваат поволно. Нашиот живот никогаш нема да биде бескорисен ако научиме да му служиме на Христа во нашите говори и да го користиме Неговиот прекрасен дар на говор за Негова слава.
Од дневникот на еден православен свештеник
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_72.html