Празникот Цветници прославен во Виница

Example Super-Admin User · 1 hour ago

    4 minutes, 24 seconds


13.04.2025 На денот кога го празнуваме споменот на влегувањето на нашиот Спасител Исус Христос во Ерусалим – Цветници, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф на покана на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион чиноначалствуваше на света литургија во храмот на свети Архангел Михаил во Виница.

Пред започнувањето на Литургијата, според обичајот на светата православна Црква, беа осветени врбовите гранчиња. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Со вдахновена  беседа, која во продолжение ја пренесуваме во целост, кон многубројниот народот се обрати митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.


Осана на Синот Давидов

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!”
(Јован 10,13)

Ваше Високопреосвештенство,

Драги браќа и сестри,

Се приближува крајот на постот, а се доближува радоста на празникот над празниците Воскресението Христово – Велигден. Веќе зад нас се шест седмици на Великиот пост, а пред нас е Страсната или Страдална седмица, седмицата на Христовите доброволни и спасителни страдања. Во оваа недела што ни претстои целиот наш фокус треба да го насочиме кон Христа, Кој со влегувањето во Ерусалим и со тргнувањето на Голгота, заради нас, го исполнува севкупниот домострој на спасението.

Но пред самиот почеток на Страдалната седмица имаме два големи празници. Вчера го прославивме празникот Лазарева сабота и си спомнавме за Христовото чудо, за воскресението на четиридневниот Лазар од мртвите – како последен чин пред Христовото влегување во Ерусалим и пред почетокот на Неговото бавно искачување на Голгота во деновите на Страсната седмица. Отец Стефан Фриман во својата беседа за воскреснатиот Лазар, кој четири дни лежел мртов, укажува за овој настан дека е подготовка за празнувањето на Пасха (Велигден), нарекувајќи го Лазаревото воскресение „микро Пасха во предвечерието на Великата Пасха“. Денес пак, браќа и сестри, си спомнуваме за настанот, за кој пророкуваа многу старозаветни пророци, чии пророштва ги остварил Самиот Господ Исус Христос. Во овој ден ние си спомнуваме за празникот на Христовото влегување во Ерусалим, во народот познат како Цветници или пак Врбици.

Христовото влегување во Ерусалим се случило по чудесното воскреснување на Лазар во Витанија, токму шест денови пред еврејскиот празник Пасха. Од минатонеделното евангелие, чувме дека на искачувањето кон Ерусалим Господ им кажувал и ги подготвувал своите апостоли за настаните, кои ќе се случат во Ерусалим, кој во тие денови, поради празникот Пасха бил исполнет со многу народ. Првосвештениците во тие мигови веќе биле решени да го убијат Господа. Тие не можејќи да гледаат колку луѓе Го следат, намислиле не само да Го убијат Хростос Бог, туку нивната злоба одела до тоа тие да го убијат и Лазара.

Кога Христос влегол во Ерусалим, како што сведочи светото Евангелие, се случило повторно нешто сосема неочекувано за нив „мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуле дека Исус, седејќи на осле доаѓа во Ерусалим, зеле палмови гранчиња и излегле да Го пречекаат; велејќи: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“ (сп. Јован 12,12-13). Во тоа мноштво народ имало луѓе од најразлични возрасти: деца, средновечни, но и старци, но сите тие не се двоумеле да излезат на патот и да го пречекаат Царот, Кој освен што е прославуван на небото од страна на ангелските чинови, во тие мигови и на земјата добил похвала, од оние, кои ги послале своите облеки и кои со палмови гранчиња – како симбол на победата, брзо Го пресретнале Животодавецот и Оној, Кој ја победил смртта. Паднале на колена пред Него и потоа оделе по Него, не само на влезот од градот, туку и во самото свето место, гласно пеејќи: „Осана на Синот Давидов! Осана во висините!“ Со тие зборови всушност Му вознесувале слава, бидејќи „Осана“ во превод значи „Слава“. Додавајќи „во висините“, покажале дека Он се прославува со песна не само на земјата и не само од луѓето, туку и од ангелите на небото. На тој начин се случило Христовото влегување во Ерусалим пред самото Негово крстно страдање.

Драги браќа и сестри,

Наоѓајќи се во овој храм овде во Виница со врбови гранчиња во рацете, денес сите ние сме сведоци на Христовото влегување во Ерусалим, бидејќи „наоѓајќи се во Неговото Тело, во Црквата, ние имаме една Глава – Него“ вели во својата беседа за овој празник светиот Григориј Палама, кој нè потсетува дека сите ние, кои имаме една надеж, сме повикани заедно во овие денови пред самиот празник – да се љубиме еден со друг, да се трудиме еден за друг, бидејќи сме соединети едни со други. Но и да веруваме во Бога. И токму пред самите Негови страдања, и треба да се запрашаме дали вистински веруваме во Него? – Ако вистински веруваме во Него – во оваа недела треба активно и ние сите да соживуваме со Него, да го созерцаваме Неговото дело и да Го носиме Неговиот крст, следејќи го Неговиот трнлив пат до Распетието, за на крај да го доживееме како свое и Неговото Воскресение.

Затоа апелирам до сите православни христијани, дека во претстојните дни е време благопријатно, самиот ден на спасението, па затоа, според Павловите зборови да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината. Да одиме чесно како дење“ (2 Кор. 6, 2) – зашто ни се приближува сеќавањето на спасоносните Христови страдања, се приближува нова, голема и духовна Пасха, награда за бестрастието – почетокот на идниот век, подготвен за оние, кои не само денес ќе одат со Христос, туку и во наредните денови ќе го продолжат тој пат да го одат во своето срце, во својот Ерусалим, за да очистени и ние воскреснеме на денот на Христовото воскресение, заедно со Него, причестувајќи се со Неговите спасителни тајни, и сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Во оваа прилика, би сакал да му заблагодарам на вашиот Митрополит Брегалнички г. Иларион што ме покани да бидам со вас на овој убав празник. Имајте благословена благодатна страсна седмица. Оние кои денеска прославувате именден, нека ви е честито и благословено.

Нека е за многу години!

Извор: https://tge.mk/product/tsvetnitsi-2

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/praznikot-cvetnici-proslaven-vo-vinica/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Митрополит Теоклит од Грчката црква: Православниот светоглед е спротивен на „woke културата“ што ја промовира „меѓународниот фактор“ преку медиумите

Во 7 недела по Педесетница, Високопреосвештениот Митрополит на Јерисос г. Теоклит, од Православната црква на Грција, ја посети парохијата на Успението на Богородица во местото Ардамери, историски и археолошки вреден храм, каде што отслужи света Божествена Литургија. Во својата проповед на бог...

Image Description
6 months ago

Вреќата на пријателството собира многу, но на крајот се задржуваат само малкумина

 Вреќата на пријателството собира многу, но на крајот се задржуваат само малкуминаПочнуваш со вреќа полна со луѓе.Луѓе што ги нарекувате познаници, пријатели, соученици, колеги, најдобри пријатели, соседи. Колку е исполнето со живот со толку луѓе, размислуваш и невино се смееш.Правиш два чекора и чу...

Image Description
6 months ago

Божјиот човек не се навредува...

 Божјиот човек не се навредуваБожјиот човек не се навредува Чекај. Дали вашите сетила станаа слаби?…Ако сте вознемирени, ако тагувате, ако се мачите, ако сте во искушение, ако имате помисли и фантазии и страсти на дело, не барајте да се искачите на Крстот…Ако те видам како спиеш во Црква и сум собла...