Слава на градот Белград и повик за помирување од Српскиот Патријарх Порфириј

Example Super-Admin User · 1 hour ago

    3 minutes, 20 seconds


Прославата на Вознесението Господово, слава на Градот Белград, беше крунисана со традиционалната Спасовденска литија во која илјадници жители на главниот град на Србија, заедно со Неговата Светост, српскиот Патријарх г. Порфириј, со молитва на усните го следеа кивотот со раката на свети Сава, првиот српски архиепископ.

Придружена од звуците на ѕвоната од храмот на Вознесението, литијата тргна од улицата „Кнез Милош“ и стигна до храмот „Св. Сава“, со Патријархот и архијереите на чело. По нив, во беспрекорен ред и еднодушен поредок, одеа свештеници и монаси, припадници на Гардата и Жандармеријата, полицискиот оркестар, црковни хорови и пејачки друштва, ученици на Богословијата „Свети Сава“ и студенти на Православниот богословски факултет, вработени во градските институции и служби, вероучители со ученици од основни и средни училишта и нивните родители, највисоки претставници на државата и градот, и илјадници богобојазливи души, известува интернет страната на Српската Патријаршија.

По отслужениот молебен, Патријархот Порфириј му се обрати на верниот народ со вдахновена беседа во која имаше повици за меѓусебно помирување. Помеѓу останатото, тој рече:

„Денес е неизмерна радост што повторно и повторно сме собрани во оваа свештена литија, за да се зајакнеме преку молитва, да се исполниме со духот на мир, единство, љубов и меѓусебно разбирање, да се вткаеме во небоземниот одење на Црквата, кое не е само надворешна свеченост, туку, пред сè и над сè, внатрешна реалност – пројава на Божјата љубов, Неговите правила за живот, Неговиот закон, Неговите заповеди, Неговото Царство меѓу нас.“

„Имаме постојан повик да бидеме подобри пред Бога и едни кон други – секој да биде подобар, да не им го правиме на другите она што не сакаме тие да ни направат нам. Бог сигурно нема да нè праша што ни направиле другите, туку секого ќе го праша што тој им направил на другите. Секој ќе даде одговор пред Бога: дали љубел или не, и дали по Божја милост ќе може да каже: ’Да, сакав, посакував, но почесто не правев така’. Тоа е покајание. Да ни биде Христовиот закон основно правило, неприкосновен мерило и огледало во кое се огледуваат сите други закони.“

„Браќа и сестри, свети Сава не градел световен поредок на моќ, туку во Црквата препознал заедница и дом отворен за сите – дом што повикува кон единство без разлика на ништо. Во основањето на автокефалната Српска Црква, не барал самодоволност, туку слобода за во единство Христово да се исполнува Божјата волја. Тоа е онаа света слобода што не го разорува единството, туку го чува – слобода што служи на слога. Како што вели апостол Павле: ‘Каде што е Духот Господов, таму е слободата’ (2. Кор. 3, 17).“

„Во таа слобода свети Сава ги помирил раздвоените и скарани браќа, го обединил народот, го смирувал српскиот народ со други народи, градел мостови со други религии, на пример – со исламот.“

„Затоа, љубен народ Божји, кога денес побожно и радосно ја гледаме раката на свети Сава тука во храмот, издигнат во негова слава на местото на неговото страдање, гледаме многу повеќе од мошти – гледаме патоказ, повик, чувствуваме мир и допир од небото. Ако раката на свети Сава е видлив благослов, тогаш неговото невидливо дело е жива слога на нашиот народ – повик да бидеме негови чеда.“

„Браќа и сестри, светосавски народе, ништо не го осиромашува човекот како разединетоста, како поделбите, а ништо не го возвишува народот толку колку што тоа го прави единството – во верата, во доброто, во доблеста, во вистината, во Христа. Ова не е поетска желба, туку откровение на божествената реалност. Единството не е само општествена формула, ниту резултат на компромиси и договори – тоа е пројава на заедништвото меѓу браќа и сестри во животот, во една вера, во Света Троица, во едномислие.“

„Црквата Христова не е обична историска установа, туку литургиска икона на Троичниот живот и Божјиот мир. Самиот Господ открива, велејќи: ’Мир ви оставам, Мојот мир ви давам; не ви давам како што светот дава’ (Јован 14, 27). Затоа, мирот и слогата во Христа не се само корисни, туку и неопходни и спасоносни.“

„Свети Сава со својот живот и дело станува и останува потврда дека евангелското единство не се постигнува преку какви било идеологии, ниту е плод на компромис, туку искуство на божествената љубов. Евангелската слога не се темели на надворешен мир, туку на внатрешна хармонија – дар на познавање на Исус Христос и нераскинлива заедница со Него.“

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//14120.patrijarh-porfirije-na-spasovdanskoj-litiji-pomolimo-se-svetom-savi-da-se-nemiri-i-nesloge-preobraze-u-saglasje-i-miroljublje.html

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/pravoslavni/slava-na-gradot-belgrad-i-povik-za-pomiruvanje-od-srpskiot-patrijarh-porfirij/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

Не е добрината на телото што ја прави жената сакана, туку доблеста на душата, целомудрието, кроткоста и постојаниот страв Божји.

   Не е добрината на телото што ја прави жената сакана, туку доблеста на душата, целомудрието, кроткоста и постојаниот страв Божји.Жената може да му помогне на својот сопруг не со украсите, не со луксузот, не со молбите од сопругот за пари, не со раскош и екстраваганција, туку кога ќе се издигне над...

Image Description
7 months ago

Беседа на денот на Покров на Пресвета Богородица - Свети Николај Велимировиќ

  Беседа на денот на Покров на Пресвета Богородица - Свети Николај ВелимировиќСветол празник - Покров на Пресвета Богородица! Тој ни сведочи за големата слава со која се крунисува Пресвета Богородица на небото. На овој ден Таа се појави во небесна слава и луѓето ја видоа и се радуваа. Во рацете држе...

Image Description
8 months ago

Корисно и бескорисно...

 Корисно и бескорисноМоделот на човекот, вечен и непроменлив, е Бог. Кога Христос нè мотивира да направиме нешто, тој тоа го прави за да нè приближи до „подобието“.Пред сè, и на одличен начин, Бог е претставен како совршена слика на љубовта, на која човекот е повикан да се приспособи. „Станете, сино...