Основна црковна култура

Example Super-Admin User · 2 months ago

    19 minutes, 24 seconds

Основна црковна култура

Свештеник Јани Мулев

Пред да одиме во црква треба да имаме јасна цел, зошто одиме таму? Ако одиме во црква за да го бараме и сретнеме Господ, за да Му благодариме, за да се помолиме, за да се покаеме и да се промениме – тогаш сме на добар пат. Ако одиме само за да си ја залажеме совеста, дека со неколку запалени свеќи и неколку денарчиња на иконата сме ги расчистиле сметките со „лошиот бог“, тогаш попусто е сѐ, што и да кажеме. Токму затоа што доаѓаме со погрешни мотиви, затоа се случува и неред во храмот.

Постојат луѓе со трговски менталитет, кои компензираат и се пазарат со Господ: Ќе ти запалам свеќа – Му велат на Господ – ама ти да ми дадеш тоа и тоа… Некои доаѓаат за да се камуфлираат во верници и пред народот да ја покажуваат својата религиозност. Тие се актери. Вистинскиот верник се кае за гревовите и се труди да се поправи и да живее во мир со Христос и со ближните.

Кога влегуваме во црква да не се однесуваме исто како кога влегуваме во маркет, пошта или пазар. Ако на други места се туркаме, се караме, зборуваме, во црква тоа не смее да биде. Токму со доаѓањето во црква треба да се научиме на поинаков ред, на трпение, попустливост, давање простор и предност, срдечен и љубовен однос кон луѓето, и со тој ист дух да продолжиме и надвор од храмот, и дома и на работно место.

Црквата не треба да има работно време, туку поважно е богослужбеното време, односно, времето кога се служи најсветата служба – Божествената литургија, како и другите богослуженија (утрена, вечерна, акатист и др.) и тогаш треба сите да доаѓаме во црква, за да се молиме заеднички со сите наши браќа и сестри, а заедничката молитва има најголема сила пред Господ. Главно да доаѓаме за време на богослужбите, а само по потреба во било кое време, односно кога нема богослужба.

Светата Црква си има свои правила на однесување кои се задолжителни за сите кои влегуваат во светите храмови, без разлика дали има богослужба во храмот или не.

Основно правило, кога одиме во црква, е внатре да не разговараме помеѓу себе, туку само со Господ. Доколку не знаеме да се молиме, тогаш да научиме, а во меѓувреме да не им пречиме на верниците кои се во храмот поради молитва. Ако имаме некому нешто да кажеме, тоа да го сториме тивко и кратко. Мобилните телефони да ги исклучуваме уште пред да влеземе, или да ги ставиме на вибрации. Невкусно е да сликаме или снимаме за време на богослужбите, бидејќи свештеникот не е актер, а и никој верник не се чувствува пријатно кога некој, без благослов од свештеникот и без прашање, почнува да снима наоколу или да пренесува во живо на социјалните мрежи. Без благослов и дозвола никако да не снимаме или фотографираме! Искуството ни покажува дека оној кој со телефонот снима или слика за време на богослужбите не е дојден за молитва.

При влегување во храмот, најпрво се прекрстуваме со крсниот знак. Православните христијани се прекрстуваат со десната рака, на која се соединети палецот, показалецот и средниот прст (во името на Света Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух), а другите два прста споени со дланката (кои ги означуваат двете природи на Господ Исус Христос – човечката и Божествената). Се прекрстуваме почнувајќи од челото (тука велиме: во името на Отецот), потоа долу на стомакот (и Синот), потоа на десното рамо (и Светиот Дух), и завршуваме на левото рамо (Амин). На богослужбите се прекрстуваме на почетокот и крајот на богослужбата, и секогаш кога се спомнува името на Света Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух.

Купуваме црковни осветени свеќи, што е можно потивко, ги палиме на местото предвидено за тоа, па влегуваме во храмот. Не е важен бројот на свеќи, дали парен или непарен број, најбитна е искрената намера, и при секое палење на свеќа се молиме за конкретна личност или некоја наша потреба. На пр: „Господи, помилуј го Твоето чедо (името), исцели го/помогни му/прости му…“ или ако се работи за покоен: „Господи, упокој ја душата на твоето упокоено чедо/чеда (имињата)“.

Влегуваме во храмот и ги целиваме иконите. Се поклонуваме допојасно двапати пред иконата, ја целиваме, па потоа уште еднаш се поклонуваме. На секое поклонување велиме „Боже, очисти ме мене грешниот (грешната) и помилуј ме“. Ги целиваме рацете или нозете на светителот, а не лицето. Иконите на иконостасот не смееме да ги целиваме додека има богослужба, ниту да се плеткаме околу свештеникот додека е тој на богослужба, ни да го прекинуваме додека богослужи. Исто така додека кади свештеникот со кадилницата да не се плеткаме пред него, и да не му вртиме грб, туку свртени со лицето кон него, да му направиме место да помине и благо да ја наведнеме главата.

Во храмот древен обичај е мажите да стојат од десна страна, а жените од лева. Родителите со мали дечиња треба да доаѓаат подоцна во црква, пред причестувањето, затоа што децата не можат да издржат толку време во храмот.

Во црква рацете не ги држиме позади, ниту во џебовите, туку пред себе или опуштени. На иконите никаде нема да видите светител со рацете во џеб или позади, туку секогаш рацете се во некакво дејство, подготвени за работа, затоа што ни е заповедано „кој не работи, да не јаде“.

Додека сме во храмот не треба постојано да се вртиме и да гледаме кој влегува и како е облечен, туку да гледаме пред себе или кон иконостасот. Доколку сме верници со голем „стаж“, кога гледаме дека доаѓаат почетници во верата и не знаат како да се однесуваат, да ги поправаме со многу внимателност и љубов, за да не ги отфрлиме од црквата поради нашата суровост и строгост.

Во врска со облекувањето, треба да знаеме дека во црква не се оди по кратки и тесни пантолони или кратки здолништа, разголени, нашминкани и украсени, туку скромно и пристојно облечени, без да привлекуваме нечие внимание. На ова особено треба да внимаваме кога одиме на венчавки, крштевки, каде што луѓето забораваат што значи пристојно облекување. Кратката облека и разголеноста не се одлики на свеченост.

Жените во црква обично носат марами на главите, а мажите влегуваат без капи на главите. Но носењето на марама на главата не смее да се претвори во камуфлажа, не смееме вниманието да го посветиме на нашата облека, на надворешниот изглед, туку пред сѐ на нашиот духовен живот, на нашиот однос со Бог и со ближните. Попусто е и суетно нашето „побожно облекување“ ако надвор од храмот, на улица, дома, на работа се однесуваме како нелуѓе. Христијаните се христијани и во храмот и надвор од него, и меѓу верниците и меѓу неверниците. „Така да засветли вашата светлина пред луѓето, та да ги видат вашите добри дела, и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата“.

Во црква обично стоиме, особено кога се чита Символот на верата, Отче наш, Евангелието. Но ако имаме тешкотии при стоењето, според зборовите на свети Филарет Московски: „Подобро да седиш и да мислиш на Бога, отколку да стоиш и да мислиш на нозете“.

Доколку влегуваме за време на Входот, читање на Евангелието, Символот на верата, тогаш да застанеме и да почекаме да заврши читањето, па потоа да одиме на своето место во храмот.

Кога во црква има повеќе мали деца, тие обично се здружуваат и почнуваат да трчаат. Не смееме да ги нарекуваме демонизирани или бесомачни поради нивната детска палавост и темперамент. Нивното однесување одговара на таа возраст.

Кога доаѓа времето за причестување, пристапуваат верниците кои се подготвиле со пост (секоја среда и петок и четирите големи пости), молитва, исповед кај духовник (свештеник или монах) и со чиј благослов се причестуваат. Пред причестување не смееме да се прекрстуваме, за да не го турнеме од невнимание или брзање светиот путир (чаша) и да ја истуриме Светата Причест. Сите прашања и дилеми треба да ги разрешиме со својот духовник барем еден ден пред тоа, а не кога ќе дојдеме пред Причест, тогаш да му поставуваме прашања на свештеникот, за тоа, дали правилно сме постеле, или сме се „омрсиле со масло“ итн. Без исповед и благослов од својот духовник, никој не смее да се причестува. Пред причест не смееме да јадеме ништо, ниту да пиеме, ниту кафе, ниту цигари, ниту мастика за џвакање, туку „на празен желудник“. Да не се туркаме, да не се гнасиме од лажичката, туку да даваме предност. По причестувањето не треба да плукаме, ниту цигари да пушиме, ниту мастика да џвакаме, туку со страв Божји и побожност да ги поминуваме денот, благодарејќи Му на Бога.

Доколку сме дојдени за да кренеме панагија, или за некоја молитва, или осветување, да почекаме да заврши богослужбата.

Сето ова што погоре го наведовме се само основни правила на однесување во храмот, нешто што секој мора да го знае. Но верата не се состои само од правила, „не фаќај“, „не земај“, не допирај“, „треба-не треба“, туку најзначаен е нашиот однос со Бог и ближните. Без духовен живот, без духовник кој ќе нѐ раководи во духовното растење, не можеме да ја доживееме убавината на Православната вера. Ако ја сведеме верата само на формални правила, на шамии, долги сукњи, бројаници, а во срцето си остануваме исти, тогаш неизбежно ќе застраниме во болеста наречена „фарисејство“ и „обредоверие“ т.е. вера во ритуал, а не во Бог, и ќе бидеме далеку од Бога, промашувајќи ја целта на нашето постоење, а тоа е светоста, која произлегува од нашата „љубовна заедница со Бог и ближните“.

Како да се однесуваме кон свештеникот?

Свештеникот е наш духовен отец, родител, преку кого духовно се раѓаме, т.е. примаме Крштение, стануваме Христијани, преку него добиваме венчавање, преку неговите молитви добиваме простување на гревовите, преку неговите раце го примаме и Христос во Светата Причест, преку неговите молитви и заминуваме кај Господ и добиваме олеснување и утеха. Ако го имаме ова предвид тогаш невкусно е да го сметаме свештеникот за свој непријател или некаков туѓ елемент во црквата. Без свештенство нема Црква. Свештениците се наследници на апостолите, и истата благодат која ја примија апостолите на Педесетница ја имаат до ден денес сите православни свештеници. Истото крштевање кое го вршеше свети Јован Крстител и после него и апостолите, истото го вршат и свештениците денес. Истата Литургија и Причест која Господ ја востанови на Тајната Вечера на Велики Четврток, истата ја служат и свештениците од првите векови па до денес и до крајот на вековите. Многу пати во историјата и на многу места во светот имало демонски обиди за создавање на Црква без свештенство, но сите тие обиди пропаднале со неуспех, или завршиле како тотално застранети секти и сатански дувла. И најгрешниот свештеник е носител на Божествената благодат и сѐ што извршува тој во храмот, сите богослуженија и свети таинства се благодатни и спасителни. Благодатта од свештеникот да ја примаме, а неговите гревови/духовни болести да му ги оставиме нему – нѐ подучуваат светителите.

Кога доаѓаме во храмот да го поздравиме свештеникот како и другите верници, да побараме благослов од него и да му ја целиваме раката. Особено после Литургијата, за да примиме благослов и осветување од рацете кои го допирале Телото Христово.

Ако сакаме нешто да прашаме, му се обраќаме со – отец. Ако свештеникот разговара со некого, да почекаме настрана, без да ги слушаме туѓите разговори или исповеди. Кога сме кај обраќањето, во Црквата постои правило како да се обраќаме кон секој свештенослужител. Во неофицијална комуникација кон секого може да се обратиме со „отец“. Во официјалната кореспонденција кон епископ се обраќаме со „Ваше Преосвештенство/Неговото Преосвештенство“, кон митрополит „Ваше Високопреосвештенство/Неговото Високопреосвештенство“, кон архиепископ „Ваше Блаженство/Неговото Блаженство“, кон патријарх „Ваша Сесветост/Неговата Сесветост“. Кон игумен или архимандрит „Ваше Високопреподобие“, кон свештеник отец/отче, и кон ѓакон отец/отче. Кон игуманија мајка или мати, кон монах „брат“, кон монахиња „сестра“.

Кога има владика и свештеници бараме благослов само од владиката, додека ако има повеќе свештеници бараме благослов само од најстариот, а не од сите.

Да се научиме да доаѓаме редовно на Литургија во црква, да го научиме редот и поредокот во храмот, а најмногу да се вклопиме во животот на Црквата, со пост, молитви, исповед и духовно раководство од нашиот свештеник, и да се причестуваме со Телото и Крвта Христови. Тогаш, ако правилно и со цело срце учествуваме, ќе ја доживееме убавината на Црквата која Бог ја дава, и свештениците ќе ги имаме како свои вистински родители, како најдобри и најдоверливи другари, а сите други верници како едно големо семејство. Рајот започнува тука и сега, на земјата, од Светата Литургија.

Текстот е објавен во „Православна светлина бр. 73

Напишете коментар

Постојат луѓе со трговски менталитет, кои компензираат и се пазарат со Господ: Ќе ти запа

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2025/01/21/%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Во чекањето има благослов

 Во чекањето има благословИмаше молитви на кои Бог веднаш одговори во мојот живот. Но, имаше и молитви на кои Бог му требаа денови, месеци, дури и години за да ги одговори. А сепак ова време на чекање имаше свое значење, свој пат во мојата душа. Во тоа време не разбирав зошто трае толку долго. Бев л...

Image Description
4 months ago

Седумте Свети архангели и седумте демонски кнезови на темнината (пеколот)...

 Седумте Свети архангели и седумте демонски кнезови на темнината (пеколот) Имињата на демонските кнезови на темнината (и смртниот грев што го сеат во човекот): -Луцифер – гордост, ароганција. - Мамон – алчност, среброљубие, личен интерес. -Абадон / Асмодеус женското алтер-его. - Лилит - блуд, развра...

Image Description
4 months ago

Петте начини на покајание!

 Петте начини на покајание!Сакаш ли да ти кажам начини на покајание? Тие се многу, разновидни и различни едни од други, но сите водат кон рајот.Првиот начин на покајание е осуда на нашите гревови „говори, за да се оправдаш“ (Ис. 43:26). Затоа и пророкот рекол „па реков: „Ќе ги исповедам на Госпо...