ПРЕПОДОБНА МАЈКА ПАРАСКЕВА СВЕТА ПЕТКА, МОЛИ СЕ ЗА НАС!

Example Admin User · 3 years ago

    6 minutes, 46 seconds


ПРЕПОДОБНА МАЈКА ПАРАСКЕВА СВЕТА ПЕТКА

УТРЕНА

Тропар, глас 4.

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот Младоженец, ревносно си тргнала; и благиот Негов јарем во младоста си го зела, со Крстот си се вооружила против враговите на душата; со пост, молитви и капки од солзи, си го угасила огинот на страстите, многуславна Параскево.

И сега, во небесните дворови, стоејќи пред Христа со мудрите девојки, моли за нас кои го почитуваме твојот свет спомен.

Величаниеː

Те славиме, преподобна мајко Параскево, и твојот свет спомен го почитуваме, бидејќи ти Го молиш за нас Христа нашиот Бог.

Седален, глас 8.

Предизбрана од Бога, преподобна мајко Парскево, откако го избегна бурниот живот и светскиот метеж на страсните помисли, стигна до животното пристаниште и, со ангелите славејќи Го Христа нашиот Бог, моли Го непрестајно за нас, благодат и милост да ни дарува нам, кои со љубов го почитуваме твојот свет спомен.

По 50¬-ти псалм, стихира, глас 8.

Секој јазик нека се покрене да ја прослави Христовата красна невеста, чиста гулабица,од Светиот Дух позлатена, зашто таа го засака пустинскиот живот, стана соговорник на ангелите, девствена похвала, восфалена и од ангелите и од родот човечки славена, да запееме:

Радувај се, застапнице, на оние што се во неволја, на брануваните пристаниште, преблажена Параскево, зошто ти Го следеше Христа – твојот Младоженец, Кој на светот му дава милост голема .

Канон на преподобната, глас 6.

Песна 1.

Икосː Откако ја мина водата како по суво и египетското зло го избегна, народот израилски викашеː На Избавителот и наш Бог да Му пееме.

Ликувајќи на небесата, и пред Твојот Младоженец Христос непрестајно стоејќи, со ангелите, пророците и апостолите, и со светите жени, за нас, мајко, моли се.

Откако го засака постот и чистото смирение, девственице, вистинскиот Бог си го развеселила. Нему за нас непрестајно моли се.

Радосниот Христов глас ти дојде тебе, чиста мајко, која на земјата молитва правеше, и со радост си се исполнила, со песни за нас Него молејќи Го.

Богородиченː Ангелските и човечките чинови непрестајно те слават, Дево, бидејќи нивниот Создател како Младенец си Го носела на твоите раце.

Песна 3.

Ирмосː Ти си тврдина на оние што приоѓаат кон Тебе, Господи, Ти си Светлина на помрачените и духот мој Те воспева.

Параскево, невесто славна Христова, испроси (од Него) да им даде прошка на гревовите, на оние што тебе те прославуваат.

Бегајќи, се оддалечи и се всели во пустините, горите и во пештерите, угодувајќи Му на Бога постојано.

Си Го нашла Оној што од душа си Го возљубила, Параскево пречиста, скриената ризница во широката пустина.

Богородиченː Сите ние христијани, те придобивме тебе за прибежиште, и непрестајно те славиме, Мајко незаневестена.

Седален, глас 4.

Си се јавила, преподобна Параскево, како друго сонце на Црквата, осветлувајќи ја со молњите на твоите чудеса, и просветлувајќи ги оние што со вера ти викаатː Милоста Твоја, Христе, на сите подај им ја.

Песна 4.

Ирмосː Ја слушнав, Господи, тајната на Твојата промисла; ги разбрав делата Твои и го прославив Твоето божество.

Откако себе се направи чисто и свето огледало со мислите, славна (Параскево), како светило сјаеш постојано среде испосниците.

Телесно необлечена, палена од сончевата жештина, си горела од љубов за твојот Младоженец (Христос), и зимското студенило си го поднела.

Со сеноќно бдеење, крепки молитви и воздишки, си ги ослабила телесните движења, мајко преблажена.

Богородиченː

Христа, Кого што си Го родила, Пречиста Дево, Него моли Го, на твоите слуги да им дарува прошка на гревовите.

Песна 5.

Ирмосː

Поранувајќи наутро, Ти викамеː Господи, спаси нѐ, зашто Ти си нашиот Бог, и освен Тебе друг не знаеме.

Противниците на денот и на светот знаејќи ги, не си посакала да ја исполниш желбата на демонот заводник.

Мислејќи да овладее со твојата љубов и чистота, прелукавиот на потсмев беше изложен.

Твоето тело го погребаа како нераспадливо, зашто ти си поживеала како бестелесна, богоневесна.

Богородиченː И по раѓањето те воспеваме како Дева, Богородице, бидејќи ти на светот си му Го родила Бога по тело.

Песна 6.

Ирмосː Молитва ќе Му принесам на Господа и Нему ќе Му ги кажам моите тагувања, зашто мојата душа со зло се исполни, а мојот живот кон адот се приближи; и се молам како Јонаː Од распадливоста, Боже, изведи ме.

Светските метежи си ги уништила,и стоиш пред Создателот на вселената, откако одлета со златоукрасени крилја, преку посните подвизи и молитви, мајко богоблажена.

Поради твоето богоугодно живеење, пречесна Параскево, како осветен дар ѝ се даваш на твојата татковина, кога дојде на запад, сеславна.

Откако од младоста посака неискажливо живеење, во земјата беше погребана невидлива, но кога те пронајдоа по Божјо јавување, сите се восхитуваа, преподобна.

Богородиченː Да се избавиме од тешките прегрешенија, со твоите молитви, Богородице, и да ја добиеме Божјата светлина на Синот Божји, воплотениот од тебе неискажливо, Пречиста.

Кондак , глас 6 .

Сите набожно да ја воспееме сечесна Параскева, светата застапница на оние што се во неволи, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса.

Икос :

Дојди собору од испосници, дојдете љубители на чистотата,

дојдете празникољупци , на возраст секаква, со песни духовни да ја пофалиме пустинољубивата грлица,

похвала на испосниците, красота на девиците, украсот на тихувателите (исихастите),

утешителката на ожалостените, посетителката на болните, и на оние што се во неволји – брза помошница – богомудрата Параскева, која на сите им точи исцеленија, зашто, по Божја заповед, ја прими благодатта да прави чудеса.

Песна 7.

Ирмосː Еврејските момчиња во печката пламенот смело го изгаснаа и огнот во роса го претворија, викајќиː Благословен си, Господи Боже, во вековите.

Ти зајде како сонце, мајко преподобна, но ги просветлуваш со чудеса оние што со топла вера и љубов пеатː Благословен е Бог на нашите татковци.

Сите страни со твојот добар мирис се исполнија, кога ги пронајдоа твоите свети мошти, преподобна, и на сите им заповедаш да пеат со вераː Благословен е Бог на нашиите татковци.

На куците им се наоѓаш како исправање, мајко (Параскево), бидејќи оној со болната нога, скокајќи викаше непрестајноː Благословен е Бог на нашите татковци.

Богородиченː Ете што претскажа, преку Духот Свети, великиот Исаијаː Во твојата утроба, Дево, ќе Го зачнеш и ќе Го родиш Бога; и благословен е, Пречиста, плодот на твојата утроба.

Песна 8.

Икосː Царот небесен, Кого што Го воспеваат војските ангелски, фалете Го и  ревозносете Го во сите векови.

Поткрепена умствено со желбата за бесплотните, телото на пост си го предала, и живееш во вековите.

Се покажа богата меѓу жените, блажена Параскево, пеејќи Му на Творецотː Ние Те славиме во вековите.

Ти му даде исцеление на болеста на еден раслабен во текот на многу години. Затоа, преподобна, тој те воспеваше во вековите.

Богородиченː На Господа, Кој слезе од небесата и се всели во девствената утроба, пејте Му и превозносете Го во вековите.

Песна 9.

Икосː Ние спасените преку тебе, Дево Чиста, навистина те исповедаме за Богородица, со бесплотните хорови величајќи те.

Не престанувај да Го молиш Христа, мајко преподобна, да нѐ избави од неволји нас – твоите слуги, кои од душа ти пееме и те величаме.

Красота на девиците си се покажала, преподобна, бидејќи ревност за ангелскиот живот си покажала. Не престанувај да се молиш за твојата татковина.

Ти им се придружи на ангелските хорови, и стоиш пред Господа со мудрите девојки, радувајќи се и за светот молејќи Му се.

Богородиченː Исполни ме, Дево, со радост и веселие, како онаа која што ја прими Причината за радоста, бидејќи ти на сите им ја излеа радоста.

Светилен.

Како божествена светлина, Параскево, на Црквата ѝ се покажа во песна, откако ја озари со убавина, со светлината на твоето лице, предобра невесто Христова; Нему непрестајно за сите нас моли Му се.

Хвалитни стихири, глас 8.

Дојдете сите богомудри од земјите далечни, до ковчегот на преподобната да се допреме и, принесувајќи ги своите душеполезни молби, примете избавување од различните страдања, други, пак, разрешување од гревовите, и од Бога присвојување, и секоја полза нам за спасение.

Откако го прими патот на постењето, ги избегна животните бури, славна Параскево, од една страна со мудрите девојки светлоносна си влегла во дворовите на твојот Господ, од друга страна, откако стана Негова невеста, им точиш исцеленија на оние што ти приоѓаат и, со твоите молитви кон Бога, избавуваш од душевни болести.

Со надежта Христова и со верата поткрепена, имотот од родителите си го оставила, и со бесплотните (сили) ликуваш, преподобна и славна мајко Параскево; затоа и по смртта точиш исцеленија, бидејќи твоите мошти се покажаа исполнети со секакво благоухание, што тебе ти го дарува Христос, Кого што Го возљуби и посака, и Он те прослави, преподобна.

Слава, глас 8ː

Откако остави татковина, имот и роднини, Параскево, и сета безбожност светска ја замрази, Бога единствениот Го возљуби, и со пост невеста Му стана, и на Светиот Дух дом си Му била, од Кого прими и просветлување со излевање на светлина; Него моли Го да ги спаси душите наши.

И сега, богородиченː

Владичице, прими ги молитвите на твоите слуги, и избави нѐ од секоја неволја и тага.

Изворː ИЗБОР на месечни и празнични богослужби. Прв том, Септември – јануари (препев и превод од црковнословенски јазик протојереј – ставрофор Јован Таковски). – Битолаː Преспанско-пелагониска епархија, 2008.

Подготви: Светланка Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/25/11490/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Обрезание Господово

 31 декември/13 јануари 2019 лето Господово Во осмиот ден по своето раѓање, нашиот Господ Исус Христос благоволи да биде обрезан за да го исполни Законот. „Не дојдов, рече, да го нарушам Законот и Пророците туку да го исполнам“ (Мат. 5,17). Вака им зборуваше Господ Исус Христос на своите Апо...

Image Description
3 years ago

Мироточение на свети Димитриј во 1987 година

 Мироточение на свети Димитриј во 1987 година Во овој текст ќе си спомнеме за чудото на мироточење на свети Димитриј во светиот храм во Солун, 1987 година, како што раскажува ѓаконот на храмот и денешен свештеник во светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во областа Четириесет цркви во С...

Image Description
3 years ago

Свети Гутлак од Кроуленд

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ГУТЛАК, ПОДВИЖНИКОТ ОД КРОУЛЕНД, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 11 АПРИЛ (673-714; Guthlac of Croyland) Преподобниот Гутлак[1] бил син на Мерсискиот кнез Пенвалд и неговата жена Тета, кои потекнувале од кралскиот дом на Иклинзите. Како мало дете се одликувал со...