Прослава на споменот на преподобниот Кирил Лешочки во Лешочкиот манастир

Example Super-Admin User · 4 weeks ago

    4 minutes, 39 seconds


Денот на упокојувањето на Преподобниот Кирил Лешочки, кога Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, веќе трета година од неговата канонизација го слави неговиот спомен, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, во Лешок, беше одбележан споменот на овој новопрославен македонски светител.

На литургијата на Претходноосветени дарови чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на надлежниот митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Бројниот верен народ кој дојде за празникот во манастирот, се причести со Светите Дарови.

На крајот на богослужбата, митрополитот г. Јосиф ги благослови празничното коливо и славскиот колач.

Во продолжение ја пренесуваме беседата по повод празникот изговорена на овој ден од митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.


Преку покајанието да постанеме вистински христијани

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Ваше високопреосвештенство,

пречесни свештенослужители,

почитувани лешочани, драги браќа и сестри,

Пред повеќе од 180 години на овие простори живеел, творел и работел еден човек од нашиот род, човек, кој целиот свој живот вистински го посветил на Бога и на служењето на Црквата и на верниот народ. Тој човек, како ни еден до сега, од овие полошки простори, бил гласот Божји во едно време мрачно, слично на денешното време, но и покрај сите искушенија, тој не престанал да биде духовен и општествен водич налик на Мојсеја на својот народ и затоа страдајќи со страдалниците и радувајќи се со радосните – тој не само што останал човек – туку живеејќи свето, праведно, достојно – тој ја исполнил целта на човековиот живот на земјата. Живеејќи свето се осветил и ни дал пример и нам свештенодејците и на сите луѓе.

Тој свет човек затоа денес е заштитник на нашата Тетовско-гостиварска епархија, празник на овој манастир, како и патрон на многу просветни и културни центри ширум нашата држава. Тој човек е пречесниот игумен Кирил Лешочки, светител и наш молитвеник при престолот Божји.

Споменот на тој свет човек е причината поради која сите соборно денес се наоѓаме овде во Лешок, во неговиот манастир, покрај неговите свети и нетлени мошти. Секогаш на овој ден кога од овој амвон ќе застанам да говорам моето срце е полно со радост, гледајќи Ве вас верниот народ.

Денес, го празнуваме споменот на човекот, чиј што живот, мили мои, бил крстообразен и љубовен живот. Живот исполнет со Духот свети. Неговите боговдахновени слова и денес се од особена важност за нашето духовно растење и затоа треба често да ги препрочитуваме.

Тој не само што бил налик на Мојсеја, тој за нашиот народ, бил и е налик на Јован Крстителот „гласот на оној, кој вика во пустината“ (Марко 1,3). Живеејќи во едно тешко време, кога нашиот народ обземен од ропството живеел во апатија, тој бил оној кој ја сведочел вистинската вера на своето паство, ја враќал радоста во лицата на оние кои биле уморени од овој животот во овој суетен свет, со чии што страсти е соочен и секој еден од нас.

И денес, драги мои, сите сме сведоци дека иако не живееме во телесно ропство, повторно нашиот народ е обезнадежен и потонат во една смртна сенка, исполнет со едно униние и гнев, зошто колективно е потонат во гревовна состојба, односно во едно тешко духовно ропство, кое резултира со голем морален пад во сите сфери на нашето општество.

Изминатите недели, токму како резултат на децениската морална ерозија во нашето општество, сите ние бевме соочени со една голема болка поради трагедијата во Кочани. Болка која мора колективно да не промени преку покајанието. За да опстоиме како народ недвомислено ни е потребно покајание и разумност и борба, односно духовен подвиг со гревовните страсти од овој свет.

Затоа нашата Црква, но и сета црква Христова во својата полнота во сите времиња постојано повикува на покајание, го повикува секој еден човек духовно и морално да се преобрази, преку своето христоподобно воспитание, кое секогаш го дава на разни начини.

И денешниот спомен ден, празникот на нашиот голем народен учител Кирил е востановен токму со таа цел – за да нам христијаните – ни се даде вистински пример и образец како треба да постапуваме како христијани, угледувајќи се на светителот и угодникот Божји, на неговите зборови и на воспитанието кое тој го дал на многумина не само во Лешок, туку и на сите места каде што служел низ нашата татковина.

Мили мои,

И, ете во сиот овој мрак, кој ја зафатил нашата земја, Светата Црква и ние нејзините чеда, денес се собравме во Лешочкиот манастир и си спомнуваме за еден човек, кого го издвојуваме како пример за следење во едни вакви тешки моменти и искушенија. Како што веќе напоменав вистинското празнување на неговиот празник е да се потрудиме и ние да живееме свето и непорочно и да ги практикуваме на дело Кириловите совети, како и неговиот свет живот, бидејќи светиот Кирил Лешочки е образец на вистински христијанин, личност со вечни дела, кои што ја имаат силата и нам да не издигнат од денешната  ‘скотоподобната ништожност‘.

Наоѓајќи се во дните на Велигденскиот пост, и чувствувајќи ја потребата од силата на Чесниот и Животворен крст, на Кого се распнал за сите нас, Спасителот на светот, Господ Исус Христос, треба да се трудиме да постанеме вистински христијани. А вистински христијани според светиот Кирил сме тогаш кога го исполнуваме Христовиот закон.

Тој во своето најпознато слово, меѓу другото толку едноставно напишал „Ако не го исполниме Христовиот закон, не сме ни христијани“…. Едноставна мисла, но полна со длабоки поуки, кои не упатуваат кон едно духовно созрцание на нашите души. Како христијани мора најнапред да погледнеме длабоко во себеси, мораме прво ние лично да се промениме – за да се промени и нашето општество.

Мораме сите да дадеме личен пример и да вложиме труд и подвиг по примерот на светиот Кирил. Законот Христов, неговите заповеди ни се дадени да ги исполнуваме, а исполнувајќи ги нив, ние се осветуваме и преобразуваме во добри личности, кои се оддалечуваат и бегаат од безаконието и ситните страсти на овој свет, правејќи постојано добро.

Нека преподобниот Кирил Лешочки се застапува за сите нас и за целиот македонски народ да чекориме по патот на праведниците. Нека Го моли Бога за сите оние кои страдаат и на кои им е потребна Божјата милост и помош. А, нам нека ни дава духовен разум за да ни биде добро и добро да поживееме тука на ова парче земја. Амин!

Нека е за многу години и напомош!

Извор: https://tge.mk/product/prepodobniot-kiril-leshochki

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/proslava-na-spomenot-na-prepodobniot-kiril-leshochki-vo-leshochkiot-manastir/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Срдечна молитва кон Бога...

 Срдечна молитва кон Бога  Преку молитвата, човекот директно разговара со Бога. Преку молитвата човекот станува Божјо чедо! Со молитва се надминуваат пречките на овој живот, т.е таги, секакви таги, страдања, беди, лишувања, махинации, интриги, неволји и клевети. Со молитва се кршат стрелите на видли...

Image Description
8 months ago

Ова е молитва...

 Ова е молитваСтарецот Самсон кажа:Молитвата носи спознание за Бога.Познавањето на Бога не се наоѓа во книгите со читање, туку со молитва, солзи, воздишки, многу кратки и многу мали молитви.Да, мора да научиме да се молиме со сите наши вени и со сите наши коски! Човекот оди кај Бог правејќи „излез“...

Image Description
9 months ago

Кои се моќните молитви...

 Кои се моќните молитвиОд длабочините на моето срце гласно викам кон Тебе Господи, Господи слушни го мојот глас (Пс. 129, 1). Што значи од длабочините?Не само со мојата уста, ниту само со мојот јазик, затоа што зборовите се излеваат дури и кога нашите мисли се уште талкаат, туку од длабочините на ср...