Разговор меѓу убиено бебе и неговиот убиец.

Example Super-Admin User · 2 months ago

    2 minutes, 43 seconds






Јас сум човек без човечко име. Јас сум дете без родители. Смртта ме грабна пред да се родам. Отидов од темнина во темнина без да ја видам светлината. А сепак ти се обраќам со зборот „мајка“ - кон онаа што ме носеше во утробата, а потоа ме фрли во коскените раце на смртта, како, поминувајќи река, таа ме фрли на сред поток.  Сакам да ти кажам дека те сакав уште пред моето раѓање, што се покажа дека е смрт. Во тој час, кога железните канџи се приближија до моето тело, јас тивко извикав: „Мамо, спаси ме“. Кога ми вкопаа во телото како заби на предатори, врескав: „Мамо, не ме убивај, мамо, помилуј ме“, но сето тоа беше залудно, а утробата на мајка ми стана место на егзекуција за мене. .

Мајко, зошто ме уби? Веројатно не знаеше колку те сакам кога бев едно тело со тебе. Сакав да ги завиткам рацете околу твојот врат, но тие беа отсечени од џелатот. Сакав да го притиснам моето срце на твоите гради, но тоа беше прободено од железо. Сакав да ме носиш во раце, но ме фрли во студот на вечната ноќ. Бебињата се ставаат во лулка, а моето тело, распарчено, беше фрлено во јама за ѓубре меѓу завои натопени со крв и гнило ѓубре. Никој не плачеше над моето тело, никој не го положи во ковчег. Мојот гроб го најдов во забите на стаорците што шетаат по депонијата. Мајка чита молитви над своето заспано дете, а кој овде ќе ме најде и гали? И дури се плашам да го кажам зборот „мајка“ кога ќе се сетам на канџите што ми го скинаа телото и кога во тој час телото на мајка ми за мене стана тело на студена змија.

Има два свети збора, Бог и Мајка. Господ не ме остави со Својата милост, но моите очи, непросветлени од крштевањето, не Го гледаат, а изгубив уште еден свет збор - мајка - мојата љубов се покажа како непотребна за тебе.

Во момент на опасност, дете извикува „мамо“. Додека мајката е жива, човекот не е сам, не е напуштен, знае дека мајчиното срце нема да се оттргне од него, дури и целиот свет да се побуни против него, дека мајката ќе го стопли со својата љубов. Јас сум сирак со жива мајка. Таа ме остави во ноќта на вечноста без да го погледне моето лице. Таа ме осуди на смрт без вина, ме уби на смрт без судење. Но, таа е понесреќна од мене. Додека сечилото на убиецот го сечеше моето тело, ѝ го уби срцето, а таа, откако го загуби срцето, не знае за тоа. 

Ти не само што ме лиши од земниот живот, туку и од Црквата. Јас сум кај нејзината ограда, но не во неа. Гледам како светлината излева од неа, но не можам да влезам во неа. Затоа, мајко, ти стана убиец не само на моето тело, туку и на мојата душа. Запомни, мајко, дека во убиството на невин се повторува Христовиот суд. Јуда ја продаде невината душа за 30 сребреници. Ме продаде за правото да се ослободиш од сопственото дете, а ти самата плати за мојата смрт. Се однесуваше како Јуда. Кајафа ги осудил невините. Тој рече дека нека загине еден човек, а не народот. А ти реши дека е подобро да го оставиш твоето невино дете да умре, демек за доброто на неговото семејство, како јас да не сум твое дете. Христос беше распнат на крстот, а ти ме осуди на распнување. Сега, иако не го гледам Лицето Божјо, знам дека Тој сака сите да бидат спасени. Не ги слушна моите зборови кога од ужас во твојата утроба врескав: „Мамо, помилуј ме“, сега барем слушај други зборови: „Мајко, поштеди се, поштеди ја душата, измиј ја со солзи на покајание“ и ако имаш уште едно дете, дај му ја љубовта што ми ја должеше, нека ја почувствува топлината на рацете на мајка му, нека ја слушне молитвата над својата лулка. Просветли го со крштевање да не влезе во светот слеп како мене. Така да ако умре во повој, над гробот да ги слуша црковните пеења, а на небото ангелско пеење - што ме лиши мене. А сепак, во тој живот не сум лишен од отсјај на Христовата светлина, дури и оддалеку свети, и во зраците на оваа светлина те сакам, несреќна мајка моја.

Архимандрит Рафаил Карелин 


Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_25.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
9 months ago

Постојат два вида искушенија...

 Постојат два вида искушенија...Свети Николај ЈапонскиПостојат два вида искушенија: првиот тип се искушенија кои доаѓаат одозгора; вториот е искушенијата одоздола. Светото писмо ни го кажува следново за искушенијата одозгора: „Топилницата е за сребро, печката – за злато, а срцата Господ ги испитува“...

Image Description
7 months ago

Господи, не ни го земај Крстот, туку дај ни сила да го носиме до крај

 Господи, не ни го земај Крстот, туку дај ни сила да го носиме до крајКрстовите во нашите животи се отскочни камења кон Царството Небесно. Не ги сечеме, не ги фрламе, ги прегрнуваме со љубов, доброволно затоа што жртвата не е обврска или потреба.Крстот значи дека смртта на жртвата станува живот. Од...

Image Description
7 months ago

Господ нè ослободува од бурата на помислите...

 Господ нè ослободува од бурата на помислитеКога се чувствуваме оптоварени со тешки мисли, ако сме во состојба да му ги довериме мислите на истомисленик, тогаш и тоа е „исповед“.Тогаш доаѓа Господ и нè утешува преку овој човек кој се согласува со нас.Се подразбира дека Господ не утешува во секој мом...