Митрополитот на Верија, Науса и Камбанија Пантелејмон (од Грчката Црква) упати окружно послание во врска со отворањето на крематориум во градот Александрија, кој се наоѓа на територијата на оваа епархија. Меѓу другото, во посланието се вели:
„Факт е дека кремирањето, обично, го одбираат луѓе со нихилистички животен став, кои немале и никогаш не сакале да имаат врска со Христос, со светите Тајни на Црквата, со евангелското слово и со светотаинскиот и духовниот живот. Тоа се луѓе кои во текот на целиот живот се декларираат како атеисти, нерелигиозни, противници или едноставно негатори на христијанството. Христовата Црква ја почитува слободата на сите, но има неодземливо право, па дури и должност, да ги информира своите членови, кои се членови на Телото Христово, во врска со духовните последици на секој поединечен избор.
Тука нема простор за никаков сомнеж дека Црквата, кога ги одбива црковниот погреб, промените и литургиските спомнувања на кремираните, всушност се согласува со изборот на оние кои не ја сакаат ниту нејзината молитва, ниту го сакаат спасението кои произлегува од самото нејзино постоење. Христос вели: ’Кој ќе се одрече од Мене и ги отфрли зборовите на Моето Евангелие, ќе се одречам и Јас од него пред Мојот Отец.’ Ова не треба да се сфати како потврда за освета од страна на нашиот Господ, туку како доказ на вистината дека никој не се спасува со сила.
Затоа Православната Црква, која е едното и автентично тело Христово, распространето во вековите, сакајќи да биде доследна на Господовите зборови, одбива да изврши опело на оној кој ќе го одбере кремирањето. Одбива дури и да изврши обичен помен за негов покој. Таа никого не го држи насилно во своите спасител и бедра. Црквата е простор на слобода, но и на доследност кон вистината на Евангелието.“
Source: https://liturgija.mk/aktuelno/pravoslavni/veriskata-mitropolija-vo-vrska-so-kreiranjeto-na-upokoenite/