Религиозност – рамна на богохулие

Свештеник Јани Мулев
Најчесто на празниците доаѓаме во црква, да се помолиме, да им оддадеме почит на светителите. Се молиме, а Бог не ни ги слуша молитвите. Светителите не ни помагаат. Зошто? Затоа што сме навикнале да живееме двоен живот, и таа болна состојба не ни пречи, ниту ја чувствуваме како погрешна. Мислиме дека доволно е да изглумиме некаков ритуал во црква, пред иконите, за да нѐ видат луѓето колку сме побожни, и дека тоа ќе ни донесе благослов и исполнување на нашите молитви и барања. Но, Господ не дојде за да создаде театар, туку црква, не дојде да создаде актери, туку верници, негови ученици, клетки на Неговото Тело – Светата Црква.
Не е нормално да живееш, на пример, во брачно неверство, а да очекуваш дека светителите ќе ти ги чујат молитвите. Не е нормално да се пијанчиш, да одиш по казина, да им правиш зло на најблиските, на роднините, соседите и колегите, и при тоа да одиш во црква, и да си мислиш дека си верник. Многу пати сум слушал на исповед поплаки од верници, кои се жалат на неподнослив амбиент на работното место. Оваа злонамерност од околината се зголемува кога ќе забележат дека некој нивни колега или колешка се прекрстува пред јадење, или има некоја црковна книга на масата, или, пак, нешто поврзано со Црквата. И тогаш, како да излегуваат сите демони од пеколот и преку лажно-религиозните колеги и колешки се истураат врз колегата. Следат дофрлања: Туф, види ја ти неа, верничка, се крсти пред јадење, се моли, уште па и пости… што се преправа па овој, што глуми, само тој ли е верник, а ние што сме… и уште милион такви зајадливи коментари, за да го убијат духот и онаа малечка вера која ја има тој човек, да го натераат да се срами и да се плаши да се прекрсти. Истото сум го забележал кога во црква доаѓаат млади луѓе за да поразговараме, и тогаш ако дојде некој нивни познаник, веднаш со чудење реагира: „А што тука? Што ти текна во црква?“ Оти за демонската логика нема ништо лошо во тоа да одиш кај бајачки, во казино, да шмркаш кокаин, да се мешаш во туѓи бракови, или да одиш во бордели, но да одиш во црква – е тоа е веќе проблем, оти црквата е само за забегани – според безбожната логика. И најтрагично е тоа што луѓето кои ги упатуваат овие коментари се сметаат себеси за верници, и речиси сите тие доаѓаат на празник во црква. Да се случуваат овие работи кога работиме во некоја секташка средина, или меѓу луѓе од друга вера, тогаш би го разбрал сето тоа. Но, кога ваков притисок и злоба кон верата покажуваат луѓе кои се крстени, венчани, кои чекаат слава дома, кои доаѓаат во црква на празници – е тоа не можам да го прифатам. Затоа што тоа е рамно на богохулие и сатанизам, а тој грев е страшен и носи големи последици за оној кој богохули. Не е сатанизам да жртвуваш кучиња и мачиња, туку да ја убиеш верата на еден човек – ете тоа е чист сатанизам. Воедно, ова е одговор на прашањето, зошто Бог не ги слуша нашите молитви, и зошто светителите не ни помагаат.

Јас не знам од каде тоа сфаќање дека доволно е да си отидеш во црква, да си запалиш некоја свеќичка, и неколку ритуали од типот „алилу-балилу“, и дека тоа те прави верник. Обична демонска измама, која нема никакви допирни точки со нашата света православна вера. Бог е жив, живи се и светителите кои ги гледаме на фреските и иконите, и верата е жива работа, жив однос со Бог и светителите на Црквата. Не постои православие надвор од Литургијата на Црквата, не постои вера без пост и молитви, без исповед и причест, без стекнување на добродетели, без промена на нашиот живот. Бог само на тој начин дава благодат, и таа благодат кога ја примаме, како железото фрлено во оган што прима својства од огнот, така и ние примајќи ја со вера и доверба, со христијански живот, стануваме слични на Бог, односно стануваме обожени личности, стануваме свети, а тоа е и крајната цел на верата, крајната цел на животот во Црквата. Да бидеме народ свет. Наспроти ова, пак, кога живееме без Бог и Неговата благодат, ќе доживуваме многу бродоломи во животот, ќе имаме склоности кон психички болести, ќе страдаме од разводи, децата ќе ги оставаме на улица, за да си го задоволиме нашиот егоизам и празнина.
Да бараме од Господ благодат, да ни се просветли и разбистри умот, да ја учиме и практикуваме верата под раководство на нашите свештеници, да го устројуваме нашиот живот според Евангелието Христово, и тогаш ќе ја видиме сета широчина и длабочина на верата, сета скриена убавина која се крие во Црквата, и тогаш нашите молитви ќе бидат примени и услишани од Бог. Амин.
Православна светлина бр. 69

Напишете коментар

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2024/05/12/%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%85%D1%83%D0%BB%D0%B8%D0%B5/
Напишете коментар