Ретроспектива (2005-2020): Како изгледала Пресвета Богородица (14.08.2015)

Example User · 4 years ago

    3 minutes, 29 seconds


 лого

 kurbinovo oplakuvanje

14/08/2015   Поуки - совети

„ Сведочам пред Бога, дека освен Самиот Бог, нема ништо во вселената, во толкава мера исполнето со Божествена сила и благодат. Никој од луѓето не може да го достигне со својот ум она, што јас го видов. Исповедам пред Бога: кога од Јован, кој сјае меѓу апостолите, како сонце на небото, бев приведен пред лицето на Пресветата Дева, јас доживеав неискажливо чувство. Пред мене засветли некој Божествен сјај, кој го озари духот мој. Чувствував благоухание од неописливи аромати и бев исполнет со таков восхит, што ни моето немоќно тело, ни духот не можеа да ги поднесат тие знаци и зачетоци на вечното блаженство и Небесна слава. Од Нејзината благодат изнемошти моето срце, изнемошти мојот дух. Ако не ги помнев твоите поуки, јас Нејзе би ја сметал за вистински Бог. Не може човек ни да замисли поголемо блаженство, од она, кое јас тогаш го доживеав.“ (Св. Дионисиј Ареопагит, Писмо до св. апостол Павле)

По преданието, основано на зборовите на свештеномаченикот Диноисиј Ареопагит и Игнатиј Богоносец, свети Амвросиј Медиолански во делот „За девствениците“ напишал за Мајката Божја:

„Таа била Девојка, не само со тело, но и со душа, смирена по срце, внимателна во зборовите, благоразумна, не многуречива, љубителка на читањето, трудољубива, целомудрена во зборовите. Нејзиното правило било – никого да не навреди, на сите да им се посакува добро, да се почитуваат постарите, да не се завидува на еднаквите, да се избегнуваат самофалбите, да се биде здраворазумен, да се сакаат добродетелите. Кога таа, барем со изразот на лицето ги навредила родителите, кога била во расправии со блиските? Кога се возгордеала пред скромниот човек, кога се насмеала над слабиот, се одвратила од бедниот? Во Нејзините очи немало ништо сурово, во нејзините зборови ништо непромислено, во нејзините дела – ништо недолично: движењето на телото скромно, пристапот тивок, гласот мек; така што, Нејзиниот телесен образ бил изразување на душата, олицетворение на чистотата. Сите свои дни Таа ги претворила во пост: на сон се предавала само по потребите, но и тогаш, кога Нејзиното тело се успокојувало, со духот била будна, повторувајќи го во сон прочитаното, или размислувајќи за исполнување на предвидените намери и Божјата волја. Од дома излегувала само во храмот, и тоа само во придружба на роднините. Впрочем, Таа иако од Својот дом излегувала во придружба на други, најдобар стражар за Себеси била Самата Таа; другите го чувале само Нејзиното тело, а наравот Свој го чувала Сама“.

По преданието, сочувано од црковниот историчар Никифор Калист, Мајката Божја „била средна по раст, или како што велат некои други, малку повисока од среден раст; косата златовидна; очите бистри, со зеници со маслинова боја; веѓите долгообразни и умерено-црно, носот тенок, устите цветни, исполнети со слатки зборови; лицето нетркалезно и не издолжено, но малку задолжено; дланките на рацете и прстите долго… Во разговор со другите, таа ја чувала благоприличноста, не се смеела, не се вознемирувала, посебно не се гневела; совршено неизвештачена, едноставна. Таа не мислела воопшто на себеси, и далеку од разгаленост, се одликувала со полно смирение. За облеката која ја носела, Таа се задоволувала со нивната природна боја, што и денес го докажува Нејзиниот свештен покров на главата. Кратко речено, во сите Нејзини дејствија се откривала посебна благодат“.

Во дневникот на светиот праведен Јован Кронштадски, постои запис за неговото видение на Мајката Божја:

„На 15 август (по стар стил), во денот на Успението на Богомајката, 1898 година, ја имав среќата за првпат во сон јавно да го видам лицето на Царицата Небесна и да го слушнам Нејзиниот пресладок, блажен, охрабрувачки глас: најмили чеда на Отецот Небесен, – тогаш, кога јас, сознавајќи го своето недостоинство, гледав на Нејзиниот пречист лик со трепет и со мисла; ќе ме отфрли ли од себе со гнев Царицата Небесна! О, пресвет и преблаг лик! О, очи сини и длабоки, добри, смирени, спокојни, величенствени, небесни, божествени! Нема да ве заборавам вас, чудесни очи! Една минута траеше тоа видение; потоа Таа си замина пополека, го пречекори малечкиот праг – и се сокри. Го гледав одназад входот на Небесната Посетителка. Отпрвин Ја гледав како на икона, јасно, – а потоа Таа одделувајќи се од неа, слезе и продолжи по патот“.


Дионисиј Ареопагит, Пресвета Богородица, св. Јован Кронштадски

Извор: Преспанско- пелагониска епархија

Друго:

 Diplomska.Josif.jpg

Еромонах Јосиф : ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СВЕТОТО ПРЕДАНИЕ

Писмо на Св. Дионисиј Ареопагит за Пресвета Богородица ... 

ЗОШТО СМРТТА НА МАЈКА БОЖЈА ЈА НАРЕКУВАМЕ УСПЕНИЕ?

УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

https://www.google.com/search?client=firefox-b-d&q=%D0%95%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%85+%D0%88%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%84+%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8

15ти август  2015 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2015-08-15 01:38:54

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/16614-kako-izgledala-presveta-bogorodica-14-08-2015

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
7 months ago

Св. Симеон Нов Боголсов- „Никој не може да Го нарече Исус Господ, освен преку Светиот Дух“

 Оние што вистински Му се поколнуваат на Бога, се поклонуваат со Духот и се молат со Духот, „а каде што е Духот, таму има слобода“, слобода од демоните и од сите страсти кои тие ги донесуваат во душата: непријателства, неволји, смут, малодушност, лоши навики, злоба, наверие, гнев, лакомост и секое с...

Image Description
3 years ago

Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постела

Офкањата на постар пациент се слушаат во одделот на големата државна болница во Украинскиот град. Канцерот е широко распространет. Болките се ужасни. Лековите не се доволни. Буден дење и ноќе, пациентот ја чека смртта како откуп. Многупати го достигнува работ на смртта, но изгледа како рамнодушен. В...

Image Description
8 months ago

Преподобен Никодим Светогорец: Гордоста на умот е многу полоша од гордоста на волјата

         Тоа е многу опасна и тешко излечива болест. Гордоста на умот е многу полоша од гордоста на волјата. Зашто умот е уште во состојба и да ја излечи гордоста на волјата, но кога тој гордо ќе се увери дека она што тој го мисли е најдобро, кој ќе го разувери?Може ли да послуша некого кога е увере...