Руската црква воспоставува нов протокол за случаи на самоубиства кај деца и млади

Example Super-Admin User · 3 months ago

    2 minutes, 30 seconds


Светиот архијерејски синод на Руската православна црква објави нови насоки за спроведување на погребални служби во случаи на самоубиства кај деца и млади, особено осврнувајќи се на растечката опасност од манипулации преку интернет  (тнр. „групи на смртта“) кои ги таргетираат младите луѓе.

Комисијата на „Меѓусоборното присуство за црковна администрација, пастирска грижа и организација на црковниот живот“ претходно спроведе истражување за ова прашање, вклучувајќи консултации со искусни свештеници, едукатори и психијатри, известува Одделот за надворешни црковни односи на Руската православна црква.

Комисијата ја признава ранливоста на менталното здравје на децата и младите луѓе, особено кога се таргетирани од манипулативни поединци или групи на социјалните мрежи, поврзани со смртта. Тие забележаа дека таквите случаи можат да се квалификуваат според 14-тиот Канон на Патријархот Тимотеј Александриски, кој дозволува црковни помени за оние кои починале „не при здрав разум.“

На 8 август 2024 година, Комисијата ги дистрибуираше предлозите за разгледување на барањата за погребални служби во вакви случаи до сите епархии на Руската православна црква. Само тројца епископи дадоа негативни одговори, додека повеќето реакции беа позитивни или премолчно одобрувачки.

На 24 октомври 2024 година, Светиот синод го призна трагичното зголемување на случаите каде децата и тинејџерите намерно биваат доведувани до самоубиство преку уцени и манипулација. Иако потврдува дека свесното самоубиство останува тежок грев заради кој Црквата потоа не извршува погребна служба, Синодот воспостави нов процес на разгледување кој ја зема предвид особената ранливост на младите луѓе.

Според насоките на новиот протокол, секој случај одделно ќе биде разгледуван од надлежниот епархиски архијереј или од овластена епархиска комисија. Процесот на разгледување ќе вклучува интервјуа со сведоци кои можат да сведочат за религиозната наклонетост на починатиот, нормалниот начин на живот, или докази за манипулација од страна на „групите на смртта.“ Наодите на органите за спроведување на законот и психолошките проценки исто така може да бидат земени предвид во процесот на донесување одлука.

Доколку не биде одобрено служење на погребална служба, на свештениците им се наложува да го понудат „Чинот на молитвена утеха за роднините на оној кој доброволно го завршил својот живот“, и можат да вршат приватни молитви користејќи ги зборовите на свети Лав Оптински: „Побарај ја, о Господи, загубената душа на Твојот слуга (името): ако е возможно, помилуј ја. Твоите судови се неиспитливи. Не сметај ја оваа моја молитва како грев, туку нека биде Твојата света волја.”

Синодот ја нагласи важноста на пастирската грижа, упатувајќи ги свештениците да покажат сочувство кон ужалените семејства, да објаснат дека нивната врска со починатиот продолжува преку молитвата, и да ги охрабрат за активно учество во црковниот живот.

Оваа одлука претставува значаен развој во пристапот на Црквата кон случаите на самоубиства кај млади, балансирајќи го традиционалното учење со пастирското разбирање за семејствата погодени од овие трагедии. Новите насоки се базираат на историски црковен преседан, вклучувајќи го горенаведениот канон од Патријархот Тимотеј Александриски и одлуката на Синодот од 2011 година во врска со менталните болести, истовремено земајќи ги предвид современите опасности со кои се соочуваат младите луѓе.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/92398/ преку: https://orthochristian.com/164118.html

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/pravoslavni/ruskata-crkva-vospostavuva-nov-protokol-za-sluchai-na-samoubistva-kaj-deca-i-mladi/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

Прослава на Преображението Господово во Гостивар

На ден 19.08.2024 година на празникот Преображение Господово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света Литургија во храмот во изградба посветен на Преображение во н. Циглана – Гостивар. На светата Литургија верниот народ се причести со Светите Тајни. Согласно типикот и тра...

Image Description
4 months ago

Кога на момент би можеле да вложиме во Царството Божјо...

 Кога на момент би можеле да вложиме во Царството Божјо, ќе сфатиме дека онаа што ни се враќа е исклучително скапоцено.Толку скапоцено да во Неговото Царство нема време, нема страв, нема пречки, нема инфериорност, нема несигурност, нема кривица - ниедна работа која не мачи во овој живот.Оваа е благо...

Image Description
4 months ago

Пцуење и лош јазик

 Пцуење и лош јазикКлетви и демонско лаење, нечистотија, непристоен јазик...Во Светото Писмо често се опишуваат случаи на појавување на нашиот Господ, Богородица и светители на побожни луѓе, но има и случаи на појава на паднати и нечисти духови кај нив. Паднатите духови, земајќи различни форми, прок...