Само таква молитва Бог слуша!

Example Admin User · 4 years ago

    3 minutes, 11 seconds


Молитва за цел свет (05.09.2020 15:38)

Еднаш порано ви реков: доколку веруваме и знаеме дека ние сме никој и немаме ништо, а дека Господ Исус Христос ни е сѐ – и што сме и што имаме, тогаш свесноста за оваа наша состојба ја покажуваме единствено со подвигот на постојано собирање и држење на умот во зборовите на молитвата, односно со концентрација на Неговото име во молитвата.

Нема друг начин, освен овој молитвен подвиг, да покажеме дека сме свесни дека Господ Христос ни е сѐ – и покајание, и сострадална болка, и божествена љубов при молитвата, а дека ние немаме ништо и сме ништо. Плод на собраноста на умот во молитвата, со таа свесност, е дарот на солзите.

Што точно значи ова што ви го кажав, само молитвата може да ви покаже.

Затоа и свети Григориј Палама нѐ поттикнува во подвигот на молитвата како единствен учител на молитвата. Колку сме никој и ништо, можеме да видиме само молитвено стоејќи пред Богочовекот Исус Христос и Неговата Мајка. Исто така, ќе дознаеме и колку сме љубени…

Но, тоа не е доволно. За молитвата да биде, колку што може, посовршена, таа не смее да биде кажувана само за себе, туку треба да го опфати целиот свет – секој човек; и од сегашноста, и од минатото, и од иднината.

Всушност, ние не треба никогаш нешто посебно да се молиме за нас, освен за покајание, иако самиот начин на молитва за целиот свет е покајание на дело.

Затоа уште и ви објаснив дека еден и единствен лек против пасивната социопатија – оваа модерна пандемија, е молитвата за целиот свет.

Времето е такво што сите треба да се префрлиме на постојана молитва за цел свет, и тоа треба да ни биде единствената идеја секогаш кога ќе застанеме на молитва.

Само тогаш нашата молитва ќе добие потполна сериозност и покајание. Само таква молитва Бог слуша. Само на тој начин ќе развиеме лична сострадалност.

Кога застануваме на молитва со свесноста дека Христос ни е покајание и сѐ, тогаш сериозноста и покајанието произлегуваат од таа свесност, а кога се молиме за целиот свет, а посебно за оние кои конкретно страдаат, тогаш сериозноста, покајанието и концентрацијата ни доаѓаат, покрај од Богочовекот Христос, и некако природно, од нашата човечност – што е најдобра комбинација.

Со ваквиот начин на молитва ние ги восогласуваме Божјиот и нашиот поглед на светот; ја градиме нашата лично-соборна свест.

Значи, секогаш кога се молиме, треба да се молиме за сите луѓе – посебно за непријателите, и за целиот свет, и за нивно спасение, зашто Му се молиме на Оној Кој ги создал и Кој промислува за секој човек и за целиот свет.

Нашата молитва, во тие мигови, се восогласува со Неговата промисла и со Христовиот Домострој за спасение на секој човек и на целиот свет („Оче, прости им, не знаат што прават“).

Но, нашата молитва се восогласува и со дејството на Божјата несоздадена благодат; и со молитвата на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија; и со неискажливите воздишки на Светиот Дух во нашето срце – Ава, Оче! – за целата твар (Гал. 4, 6).

Плод на ваквата молитва е дарот на солзите за целиот свет.

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во Бог, тогаш молитвата, проземена од Духот, се кажува во покајание; и го чисти, го отвора и духовно го проширува нашето срце.

Молитвата за целиот свет исцелува, и нас и сите луѓе. И обратно, ако цел на молитвата сме самите ние и нашите потреби, тогаш молитвата на почетокот се кажува со распалена крв, потоа механички, и на крајот згаснува – откако ќе остане без одговор.

Кога нашиот поглед и животен подвиг ќе ги восогласиме со Божјиот поглед и Домострој – со крсната жртва на Неговиот Единороден Син, тогаш ќе влеземе во Духот – на молитвата „Оче наш“, во просторите на Царството, внатре во нас, и ќе го добиеме дарот на умно-срдечната молитва.

И еден практичен совет: покрај тоа што секогаш кога ќе се молиме, ќе се молиме за доброто и за спасението на целиот свет, и секогаш кога ќе чуеме некоја вест за некое зло и нечие страдање, секогаш таа информација треба да ја примиме, правилно обработиме (јас сум виновен за сѐ) и испратиме со молитва за добро, Божја утеха и исцелување на конкретните страдалници.

Се подразбира дека ваквиот начин на молитва треба да е поддржан и со конкретно помагање на дело – според силите.

А за редовно учество во Светите Тајни на Црквата и да не зборуваме.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/09/05/samo-takva-molitva-bog-slusha/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше со раката и ќе речеше: „Е па, тоа не е ништо!“, и навистина, целата тежина што ја имав, па и самиот проблем, беа однесувани како со рака.

Image Description
10 months ago

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа така трeба и буквалнo да гo разбeрeмe и да гo примимe. Тoј oвдe збoрува за дoбрoтo а нe за злoтo: никаквo дoбрo ниe нe мoжeм...

Image Description
4 years ago

Куќа без темели – Митрополит Наум

Куќа без темели (21.10.2020 16:35) И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темел...