Српските научници повторно против Дарвиновата теорија за еволуцијата

Example User · 8 months ago

    1 minute, 42 seconds


Чарлс Дарвин
Над 200 академици, професори, лекари, инеженери, испратија петиција за ревизија на изучувањето на теоријата за еволуција во училиштата и  на факултетите до Министерството за просвета и техолошки развој, Комисијата за образование, наука и технолошки развој во Собранието, Претседателството на САНУ, како и до сенатите на Универзитетите во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и Бања Лука, пишува „Данас“.

Петицијата против изучувањето на Дарвиновата теорија ја потпишаа 52 академици, научни советници и универзитетски професори, 61 доктори на науки, 5 магистри, пеесеттина лекари специјалисти, 24 инженери, 19 професори во средни училишта, 14 филозофи, филолози и социолози, 25 дипломирани правници и економисти, 5 фармацевти и хемичари, 8 уметници, 5 новинари и 5 свештеници.

Ова не е прва ваква иницијатива. Во септември 2004 година, тогашната министерка за просвета, Љиљана Чолиќ, објави декрет за изоставување на Дарвиновата теорија за еволуцијата од наставните програми по биологија за осмоодделенците, но најголемиот дел од стручната и научната јавност го оцени тоа како „крајно бизарен потег“, што резултираше со оставка на министерката.

Во петицијата, меѓу другото, стои дека „низ наставата по биологија, теоријата за еволуцијата зазема сè потврди неодарвинистички догматски ставови“.

„Глобалистите и атеистите, кои денес во светот ги заземаат највлијателните позиции, од лични и глобалистички причини, ја афирмираат теоријата за еволуција и ги финансираат нејзините промотори. Денес низ цел свет се јавуваат бројни признати научници, меѓу кои има и значаен број атеисти, кои предупредуваат дека теоријата за еволуција е хипотеза чии ставови за настанокот на светот, животот и човекот се научно недокажливи или во спротивност со научните факти“, се наведува во објаснувањето на петицијата.

Петицијата ја потпиша и поранешната министерка, и тоа со задоволство, како што самата наведува.

„Дарвиновата теорија ги навредува верниците на Српската православна црква и првенствено заради тоа, јас бев на мислење дека треба да се изостави од наставните програми“, вели Чолиќ, додавајќи дека теоријата за еволуција и тврдењата дека човекот настанал од мајмун е навреда за сите верници, а не само за  православците.
 
Објавено на 07.05.2017 во категорија Наука
Подготвил: Б.Б.

http://www.fakulteti.mk/news/17-05-07/srpskite_nauchnici_povtorno_protiv_darvinovata_teorija_za_evolucijata.aspx

 

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/18824-srpskite-nauchnici-povtorno-protiv-darvinovata-teorija-za-evolucijata

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Откриена жената на Исус?

Научниците открија веродостојно сведоштво: Исус Христос бил женет! Црковниците толку години ја криеле од нас целата вистина! Вест од насловна страница… Значи, што всушност нашле научниците? И за што сведочи нивниот пронајдок? Да се обидеме накратко да објасниме. Најден е, или поточно, внимателно е...

Image Description
8 months ago

Проф. Лазар М. Кескинов: Нашата вера во Бога

Јас Те познав Тебе Боже, но не без Тебе, но со Тебе, зашто Ти си светлина која ме просвети.„Ако постои Бог, би требало да Го видиме“ – велат некои. Но, Бог е Дух и само со духовни очи може да се „види“. Ние не го гледаме и нашиот разум, па тоа не значи дека го немаме.

Image Description
4 years ago

Отворен Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан Први”

На Симпозиумот свое пленарно предавање одржа проф. Антонио Риго од Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција, кој истовремено е претседател на Италијанскиот византолошки комитет, кој ќе биде домаќин на Светскиот византолошки конгрес во 2022 година, во Венеција и во Падова. На Симпозиумот, со свои рефер...