Старец Клеопа: Мајка и царица на сите добри дела

Example User · 4 years ago

    1 minute, 36 seconds


Молитвата е мајка и царица на сите добри дела. Но како таа е мајка на сите добри дела кога големиот апостол Павле вели: „А сега остануваат верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголемата од нив“?

Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата! Ви велам: ако некого си налутил или некој тебе те налутил, и почнеш да го спомнуваш во молитвата, одеднаш ќе видиш дека исчезнува омразата помеѓу вас. Со молитвата се пресекува раздорот и со неа ја придобиваш личноста и ја приведуваш кон помирување и соединување. Затоа св. Максим вели: „Кога ќе видиш некој што те мрази, или ти нанесува навреда, било со право, или без, почни да го спомнуваш во молитвите“. Но да не го спомнуваш за да го снајде некое зло, бидејќи тогаш тоа ќе те снајде тебе. Речи вака: „Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот и мојот брат (името), затоа што поради моите гревови ми се налути. Зашто мојот брат е моето огледало и тој ги гледа моите лоши дела“.

Така вели и св. Јован Лествичник: „Немој да го обвиниш братот, кога се молиш за него, или да бараш казна за него“, како што некои ги ставаат во поменикот како непријатели. Тоа не е дозволено! Дури и ако некои ги означите како непријатели, знаете ли како Црквата се моли за нив? Црквата се моли за непријателите тие да се вразумат, да им се простат гревовите, да бидат приведени кон познание на вистината, да станат кротки и да му се вратат на доброто.

Така се моли Црквата. Таа никогаш и никому не му посакува да направи зло. Затоа што Бог сака сите луѓе да се спасат (1 Тим. 2, 4)... А кога ние имаме каква и да било незгодна ситуација, ни се чини дека тој и тој нѐ мрази. Но Црквата не! Таа не прави разлика. Таа се моли подеднакво за сите, за да бидат добри.

Затоа, зборувајќи ви за светата молитва, реков дека таа се нарекува мајка на сите добри дела, затоа што таа го доведува во нашата душа најголемото добро дело: љубовта кон Бог и љубовта кон ближниот.

Старец Клеопа

 Извор од ФБ профилот на : Ивица  Трајковиќ

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/21138-p

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Подвигот е ангел чувар на семејството

Архимандрит Филотеј Пароски (Зервакос) Подвигот е ангел чувар на семејството. Кога велиме подвиг, мислиме на литургискиот живот во семејството. Без Црквата не може да се сочува семејството. Сите од семејството треба да имаат ист духовник како семеен лекар. Кога ќе бидат сите под надзор на духовникот...

Image Description
4 months ago

СУЕВЕРИЕТО - исчекор кон свесно духовно заробеништво и отпадништво од Бога (II дел)

Во времето на царот Дециј (Гај Месиј Трајан Дециј - 251 година по Христа) во Антиохија Сиријска живеел некој Кипријан, философ и надалеку познат магесник. Тој бил роден во Картагина, од родители незнабожци, кои уште од неговото детство го дале во служба на својот незнабожечки пагански бог Аполон.

Image Description
4 years ago

Бидете вистинити луѓе

Моето искуство ме научи дека, вистинит човек е само смирениот човек. Смирениот не ги превидува своите таленти и способности, но ги смета како дарови Божји, и за кои е повикан да ги развие. Тоа значи дека може да ги препознае и даровите на другите и да се радува за нив. Човекот егоист е еден...