Старец Пајсиј: За исповедта

Example User · 2 years ago

    3 minutes, 57 seconds


rsz_pajsij1

Моќта на Светата Тајна Исповед

„За човек да почувствува спокој, треба да ја исфрли нечистотијата од себе, а тоа се случува нa исповедта. Човекот, отварајќи му го срцето на духовникот и кажувајќи му ги своите гревови, се смирува и со тоа ги отвора небесните врати, низ кои му доаѓа богатата Божја благодат и го ослободува“.

Човекот со исповедта се ослободува

– Старче, во првите години на христијанството, христијаните се исповедале јавно. Помага ли тоа?

– Поинаку било во првите години од христијанството. Сега тоа не помага.

– Зошто, старче? Затоа ли, што тогаш имале повеќе ревност?

– Имале и повеќе ревност и ги немале сите овие проблеми што денес луѓето ги имаат. Денес брачни парови се разведуваат туку така, не како во старите времиња. Денес луѓето се отуѓени од светата Тајна Исповед и затоа се гушат во помисли и страсти. Многумина денес доаѓаат и бараат од мене помош кога имаат проблеми, а не се исповедуваат и воопшто не одат на црква! „Одиш ли на Божјата богослужба во црква?“, ги прашувам. „Не“, велат. „Си се исповедал ли некогаш.“ „Не. Дојдов ти да ми помогнеш.“ „Но, како? Треба да се покаеш за своите гревови, да се исповедаш, да одиш во црква на Света Литургија, да се причестуваш, кога ќе добиеш благослов за тоа од духовникот, а јас ќе се молам да ти биде подобро. Забораваш ли дека постои и друг живот и дека треба да се подготвиме за него?“ „Види, оче, мене сето ова за што ти ми зборуваш, црква, друг живот и така натаму, не ме интересира. Тоа се прикаски. Бев и кај бајачи, кај медиуми и тие не можеа да ми помогнат. Слушнав дека ти можеш да ми помогнеш.“ И, што сега? Им зборуваш за исповед, им зборуваш за идниот живот, а тие ти велат дека се тоа прикаски, а од друга страна: „Помогни ми, пијам апчиња.“ Е, како? Со некоја магија ли да им биде подобро? И многумина, иако имаат проблеми кои ги предизвикале со своите гревови, не одат кај духовникот, кој може, сосем сигурно, да им помогне, туку завршуваат така што се исповедуваат кај психијатар. Им ги раскажуваат своите приказни, ги прашуваат за совет, и ако треба да ја поминат реката, фрлени се во неа, па се удавуваат, или излегуваат, но каде излегуваат… А ако отидат кај духовникот да се исповедаат, лесно би преминале на другата страна преку мостот, бидејќи преку Светата Тајна Исповед дејствува Божјата благодат и тие преку неа добиваат ослободување.

– Старче, некои велат: „Не можеме да најдеме добри духовници и затоа не одиме да се исповедаме.

– Тоа е само барање на оправдување. Секој духовник, со самото тоа што носи епитрахил, е овластен од Бога. Извршува Света Тајна, поседува Божја благодат и кога ќе ја прочита разрешителната молитва, Бог ги брише сите гревови што сме ги исповедале по искреното покајание. Од нас зависи колку помош ќе добиеме преку Светата Тајна Исповед. Така, еднаш кај мене во колибата дојде еден човек, кој имаше психолошки проблеми, со помисла дека јас поседувам благодатен дар на прозорливост и дека би можел да му помогнам. „Што би можел да ми кажеш за мене?“ – праша. „Дека треба да најдеш духовник и да се исповедаш, па да спиеш, лесен како птичка и да не земаш апчиња“ – му реков. „Денес нема добри духовници. Некогаш имаше.” – вели. Доаѓаат со добра помисла да добијат помош, но не го прифаќаат она што им го кажуваш, па штета е што се истрошиле и дошле тука. Но, гледам дека тука има и нови ѓаволски вештини. Им става на луѓето во глава помисла дека се духовно здрави, ако донесат заветен дар и ако отидат некаде на поклонение. И така, гледаш многу луѓе како со свеќи и со ветени дарови одат во манастирите на поклонение, ги оставаат таму даровите, се крстат, малку и плачат и со тоа се задоволуваат. Не се каат, не се исповедуваат, не се поправаат и ѓаволот се радува на тоа.

– Може ли, старче, да има внатрешен спокој човек што не се исповедува?

– А, како да има спокој? За да почувствува спокој, прво мора да ја отфрли од себе сета нечистотија. А тоа може да го стори само преку исповедта. Отворајќи му го своето срце на духовникот и доверувајќи му ги своите гревови, човекот се смирува и така ја отвора небесната капија, па богато го осенува Божјата благодат и тој се ослободува. Пред исповедта, хоризонтите му се во магла, човекот не гледа јасно и наоѓа оправданија за своите гревови. Зашто, кога умот му е помрачен со грев, погледот му се смутува. Со исповедувањето, како со свежо ветре, се разгонува маглата и на хоризонтот му станува ведро и јасно. Заради тоа, сите што доаѓаат да разговараат со мене за некој проблем, или да бараат некој друг совет, ако никогаш не се исповедале, прво ги испраќам да се исповедаат, па дури потоа доаѓаат да разговараме. Некои ми велат: „Но, старче, ти знаеш што треба да направам за да го решам проблемот. Кажи ми.“ Им велам: „Јас и да знам што треба да сториш, ти нема да го разбереш она што ќе ти го кажам. затоа прво оди, исповедај се, па потоа дојди да разговараме.“ Како да стапиш во контакт и да се разбереш со човек, кој се наоѓа на друга бранова должина? Со исповедта човекот од себе исфрла сè што е некорисно и станува духовно плоден. Еден ден копав во бавчата, со намера да посадам домати. Токму тогаш дојде еден човек и ме праша: „Што правиш, старче?“ „Ете, што правам, ја исповедувам својата бавча“ – му реков. „Ех, старче, зарем и на бавчата ѝ е потребно исповедување?“ – прашува. „Сигурно дека е потребно. Се уверив дека, кога ја исповедам, ги вадам од неа камењата, трњата, коровот и така натаму. Ако не го сторам тоа, доматот ќе пожолти и целиот е некако закржлавен.“

Извор: Старец Пајсиј Светогорец, Совети за спасението во современиот свет, Штип 2013.

Source: http://mistagogia.mk/starec-pajsij-za-ispovedta/

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Причест без исповед?

Ако имаме расипан заб, заболекарот најпрво мора да го исчисти заболениот дел, па потоа да стави лек, и откако ќе се излечи да го поправи. Ако имаме рана на телото, лекарот најпрво мора да ја исчисти, па потоа да стави лек од кој ќе заздрави раната. Секој наш грев е како рана, со исповедта с...

Image Description
2 years ago

Отец Сава Дечански: За причестувањето

Евхаристијата не е награда за добро држење Најпрво да се потсетиме на зборовите од апостол Павле кон Коринтјаните:  А јас го примив од Господа она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб, и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете...

Image Description
2 years ago

Причестување на болни и икономија на Црквата

Цел свет се соочува со едно големо искушение, кое без оружје покосува илјадници човечки животи. Сите се во страв и паника за својот живот. Христијаните треба да се свесни дека секој ден ни е последен, и како што велат отците на Црквата, живеј како да ти е последен ден, а работи како да имаш...