Што е тоа грев?

Example Super-Admin User · 3 weeks ago

    11 minutes, 45 seconds

Што е тоа грев?

Свештеник Јани Мулев

Отците на Црквата поимот грев (амартија) го толкуваат како промашување на целта. Ако целта на човечкиот живот е обожението и светоста кои произлегуваат од нашата заедница со Бог, тогаш гревот е промашување на оваа цел, односно, нешто што нѐ одвлекува од таа заедница, нешто што нѐ оддалечува од Бог. Секој грев е како цигла, и колку повеќе гревови/цигли, толку поголема преграда помеѓу нас и Бог. Со нашите гревови не можеме да Му наштетиме на Бог, ниту да го навредиме, ниту да го нажалиме, од нашите гревови ние трпиме штета, а не Бог. Секој грев е како фрлен камен кон небото, кој не може да го расцепи небото, но може нашата глава да ја расцепи.

Секој грев е духовна болест и од духовните болести произлегуваат сите други телесни болести. Човекот кој греши е болен човек и затоа не треба да судиме некого поради гревовите, оти не доликува да судиме болен човек поради неговата болест.

Преподобниот Порфириј Кавсокаливит вели дека гревот е барање на Бог на погрешно место. На сите луѓе природно им е потребен Бог, и што и да имаат, што и да постигнат, постојано ќе имаат незадоволство и празнина, сѐ додека не му дадат место на Бог во срцето. Многумина го бараат Бог во разни зависности, но од нив добиваат само ропство и внатрешен мрак.

Во секој грев има сладост, за да може да биде привлечен, но зад сладоста на секој грев се крие и отров, чии последици не ги чувствуваме веднаш, туку на долгорочен план неизбежно ќе ги почувствуваме. Затоа многумина кои во младоста пропаднале во многу гревови, и во таа возраст сметале дека достигнале врвни доживувања, штом ќе влезат во зрела возраст веднаш го чувствуваат отровот на гревовите од младоста, и го губат спокојот, немаат мир ни дење ни ноќе, не можат да спијат мирно, затоа што црвот на гревот постојано ги вознемирува, ги растревожува и ги растажува. Затоа во зрела возраст многумина почнуваат да доаѓаат во црква, да се исповедаат, но често пати последиците им остануваат, како живи рани и лузни, иако гревовите им се простени.

Свети Јован Златоуст, еден од најголемите проповедници и светители на Црквата, за последиците од гревовите го вели следново: „Гревот е причина на сите зла. Поради гревовите – маки, поради гревовите – немири, поради гревовите – војни, поради гревовите – болести и сите тешко поправливи страдања кои се истураат врз нас. И како што најдобрите лекари не ги испитуваат појавените знаци на болеста, туку ја истражуваат причината за тие појави, така и Спасителот, сакајќи да покаже дека гревот е причина на сите зла меѓу луѓето, Он на човекот со парализирано тело – бидејќи како лекар на душите знаел дека претходно му била парализирана душата, а потоа телото, му вели: Ете, сега си здрав, не греши повеќе, да не ти се случи нешто полошо (Јован 5,14)“.

За да се ослободиме од ропството и последиците од гревовите, потребно е да се исповедаме, да си го отвориме срцето пред нашиот свештеник (духовник, исповедник), а исповедајќи се пред него, всушност, ги исповедаме (признаваме) гревовите пред Бог. Бог е оној кој ја слуша и прима исповедта, и Он ни дава простување и ослободување од нив. Оние кои се исповедаат самите пред иконите, живеат во заблуда и ниту добиваат простување, ниту ослободување од последиците кои ги носи секој грев. Простувањето го дава Бог преку нашата исповед и покајание пред свештеник, и преку молитвата која ни ја чита свештеникот после исповедта.

За да добиеме простување, најпрво треба самите на себе да си простиме, и потоа на исповедта да добиеме прошка, преку нашето покајание и молитвата која ни ја чита свештеникот и треба да исчезне од нас чувството на вина. Но, тука не е крајот, туку ова е само нов почеток во нашиот живот. Самиот збор покајание (мета-ноиа) означува преумување, промена на умот, промена на начинот на мислење и живеење, покајанието е второ крштение, духовно преродување, започнување нов живот. Ако не научиме да одиме редовно на Литургија, да постиме редовно, да се молиме редовно, да се причестуваме со благослов од нашиот духовник, тогаш попусто сме го изгубиле времето. Освен тоа, во исчистен дом, ако не продолжиме со христијански живот, без помош Божја, ќе се вселат уште седум демони и ќе паднеме во состојба полоша и од првата.

Православна светлина бр. 73

Напишете коментар

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 568.072 Посети

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2025/04/28/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D1%82%D0%BE%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B2/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
7 months ago

Иако некои ќе ве мразат, ќе има и други кои ќе ве сакаат

 Иако некои ќе ве мразат, ќе има и други кои ќе ве сакаатДури и ако некои ве проколнат, ќе има други кои ќе ве благословат.Дури и ако некои ќе ти ја повредат душата, ќе има други кои ќе ја утешат.Дури и ако некои ќе те плукаат, ќе има други што ќе те бакнуваат.Иако некои ќе ве расплачат, ќе има и др...

Image Description
3 months ago

Акатист на Свети Јоаникиј Ракотински

 Акатист на Свети Јоаникиј РакотинскиКондак 1 Избран и прекрасен отче наш Јоаникие, минувајќи го преподобно твојот живот, со постот како нов пустиножител се покажа, а со молитвите како телесен ангел заблеска. Оставајќи го светот, кон Христа се прилепи и со сострадална љубов духот го распна. Очистува...

Image Description
3 years ago

Поуки од Преподобен Нил Синајски

78. Кога за време на твојата молитва ќе помислиш, дека немаш потреба да плачеш за твоите гревови, тогаш види колку си оддалечен од Бога и дека треба секогаш да живееш во Hero,- и тогаш ќе пролееш топли солзи. 79. И навистина е така, сознавајќи колку си беден и ништожен, слатко ќе поплачеш, прекорува...