Што е тоа петолебие

Example Super-Admin User · 10 months ago

    8 minutes, 16 seconds

Што е тоа петолебие

Во текот на Великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло и пченица за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат:

„Овој, пак, благословен леб има разни дарови, ја прекинува температурата, кога се прима со вода, ја прогонува секоја ужасна слабост, и кон рожба поттикнува“. Слично зборува и свети Симеон Солунски: „На оној кој ги прима со вера (лебовите и виното), му пренесуваат благодат, исцеление и други дарови“.

Во древната Црква ја следеа оваа пракса на благословување на леб или масло или вода за болните пред конечно да се формира таинството на Елеосвештение, како што го знаеме денес. Во молитвословот на Серапион, епископот Тмуитски (во Египет, од IV век) постојат две молитви кои се поврзуваат со „различни дарови“, „секоја немоќ“, „душевно исцеление и телесно лекување“, која доаѓа „после примање на водата и лебот“.

Се наведуваат молитвите: „…Дарувај им на твоите созданија сила за исцеление, како и секој оган (температура) и секој демон и секоја болест преку пиењето и помазувањето да се отстрани, и да стане лек за исцелување и за лекување…“, „та да се испрати од небесата сила исцелителна од Единородниот врз овој елеј, за да биде за исцеление на секоја болест и прогонување на секоја немоќ на сите кои се помазуваат (или го примаат), да биде лек за прогонување на секој демон, за отстранување на секој нечист дух, за протерување на секој лукав дух, за прогонување на секоја висока температура и треска и секоја болест, за добро и за простување на гревовите, за лек на животот и спасението, за здравје и исцеление на душата, на телото, духот, за совршена сила. Нека се исплаши, Владико, секое дејство сатанско, секој демон, секоја измама на непријателот, секоја рана, секоја напаст, секоја болка, секој удар или потрес или лукаво заплашување…“.

Слична е и „молитвата за благословување на леб за исцеление на болните“, која доаѓа од некои мали молитвослови (требници, евхологии), каде што лебот се благословува за душевно и телесно здравје и крепост, за да биде против секоја болест и закана за секој невидлив враг.

Значи, голем благослов е овој леб од петолебието, и треба да го примаме со вера. Но, да не го сведеме нашиот духовен живот само на обреди, туку должни сме како христијани да постиме, да се молиме, да се исповедаме, да се причестуваме, да доаѓаме редовно во црква, да бидеме почесто во друштво на ангелите и светителите кои се присутни во храмот, и тогаш сите обреди ќе дејствуваат на нас, ќе ни бидат за здравје и спасение. Амин.

Свештеник Јани Мулев

Напишете коментар

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 561.774 Посети

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2021/03/18/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D1%82%D0%BE%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B5/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Игумен Арсениј (Соколов): Храмот без заедница станува бесмислен обреден сервис

Игумен Арсениј (Соколов), настојател на храмот „Сите светии“ при Московската патријаршија во Лисабон, Португалија – за парохискиот живот и светите тајни на Црквата Прв дел од написот во два дела „Правмир“ ја прифати многу важната тема покрената од „Журналот на Московската патријаршија“ – темата за...

Image Description
10 months ago

Самиот Христос ја служи Литургијата

Самиот Христос ја служи Литургијата Старец Ефрем, дикеј на светорскиот скит на Свети Андреј (Старецот Ефрем, духовно чедо на старец Ефрем Арознски, се упокои на +30.03.2023) Од она што го доживуваме на Божествената Литургија можеме да разбереме какво место ќ...

Image Description
4 years ago

Зошто е потребно да одиме во црква? – митр. Иларион Алфеев

Кај многу луѓе, кои ретко доаѓаат во црква, се создава некој потрошувачки однос кон црквата. Доаѓаат во храмот, на пример, пред големо патување – за да запалат свеќа за секој случај, за да не им се случи нешто на патот. Навраќаат на две минути, брзо ќе се прекрстат неколку пати и откако ќе...