Св. Симеон Нов Боголсов- „Никој не може да Го нарече Исус Господ, освен преку Светиот Дух“

Example Super-Admin User · 10 months ago

    3 minutes, 4 seconds


 sv.Simeon.N.Bogoslov.jpg

„Никој не може да Го нарече Исус Господ, освен преку Светиот Дух“


Молитвата кон Бога е навистина добро дело и му донесува голема полза на оној што се моли. Спротивно, голема е штетата за оној што не Му се моли на Бога, затоа што душата на таквиот останува без Божјото просветлување, Неговата сила и мирот во искушенијата; демоните во неа постојано предизвикуваат непотребни движења, нечиста сладострасност, повикуваат на блуд, неправда, суета, гордост. Како што на телото му е потребен воздухот, така и на душата ѝ е потребно непрестајното сеќавање на Бога, односно молитвата. Но од друга страна, ако некој се моли без стравот кој секој треба да го има кога стои пред Бога, пред Кого треперат херувимите, тој не само што нема да добие никаква полза, туку и ќе доживее уште поголема штета – ќе предизвика гнев кај Бога и оставеност од Него. И тогаш веднаш ќе го нападнат демоните со смелост и насилство и ќе го водат каде што сакаат, по срамни и нечисти места, или по зли дела, суетни и нескорисни работи. Затоа нема потежок грев од тоа да Му се молиш на Бога со презир и негрижа, бидејќи Неговата заповед гласи: „Служете Му на Господа со страв и радувајте се со трепет“.

         Молитвата и пеењето на псалмите не се ништо друго туку разговор со Бога, во кој ние Го молиме да ни го подари она што Му доликува Нему, или Го прославуваме за сѐ што направил, или си спомнуваме за Неговите чуда, кои Тој ги направил за Своја слава, за спасение на луѓето и за казнување на неправедните и злите, или ги разгласуваме делата на Неговата промисла, кои Тој скриено и тајно ги направи според Својот домострој, или ја величаме тајната на воплотувањето на Синот и Божјото Слово... за на оние што ќе поверуваат во Него да им Го прати Светиот Дух, Кој исходи од Отецот, Кој Го поседувал првиот човек, но Го изгубил бидејќи не поверувал во Божјите зборови. Тоа и била последната цел на домостројот, поради која се воплотил Синот, за душите на оние што ќе поверуваат во единствениот Христос со две природи, неразделни и неслиени, да ја примат благодатта на Светиот Дух, и на тој начин, препородени, пресоздадени, обновени со Светата Тајна Крштение, да станат онакви каков што бил и првиот човек пред престапот, па сите сетила, умот и совеста да бидат осветени од благодатта на Светиот Дух и после тоа повеќе да не живеат во пропадливиот пад, кој може да ги повлече душите кон телесните и светски сладострастија.

             Секој треба да размислува за ова деноноќно, бидејќи ако претпоставиме дека долго време разговарал со Бога само со јазикот, а со умот не следел што зборува, зар со тоа не се изгубила смислата? Ако е така, очигледно е дека сѐ уште не станал верен, и сѐ уште не другарува со Бога. Затоа што верен се нарекува, и е, оној што ја има благодатта на Светиот Дух; оваа благодат го просветлува и собира умот, го сосредоточува за да сфати со Кого разговара и за што разговара. Следствено, оној што не се моли така, тој ја нема благодатта, неверен е и живее далеку од Бога.

              Значи, пред сѐ, потребно е да се стане верен, да се измоли од Него простување на сите претходни гревови, направени со збор, дело или мисла. На таквите души Бог им порадува  кроткост и смирение. Нив не ги напаѓаат демоните, како претходно, ни преку сластољубието, ни преку себрољубието, ниту преку славољубието. Преку тие два дара Христовата душа здобива мир и помислите не ѝ можат ништо. Таквата душа се моли како што треба, со страв, стрвопочит и внимание, а не само со устата. Ова е невозможно за човекот, без разлика дали е мирјанин, монах, анахорет, ѓакон, презвитер или архиереј, ако неговата душа не станала причесничка на Светиот Дух, според мерата на неговата вера во Исус Христос, бидејќи: „Никој не може да Го нарече Исус Господ, освен преку Светиот Дух“.

              Оние што вистински Му се поколнуваат на Бога, се поклонуваат со Духот и се молат со Духот, „а каде што е Духот, таму има слобода“, слобода од демоните и од сите страсти кои тие ги донесуваат во душата: непријателства, неволји, смут, малодушност, лоши навики, злоба, наверие, гнев, лакомост и секое самоугодување...

Да се удостиме со таква Светлина и да Го здобиеме Исус Христос, Кому Му доликува слава, чест и полконение, со Неговиот беспочетен Отец и Неговиот животворен Дух, вечно. Амин.

Свети Симеон Нов Боголсов

Извор: МПЦ-ОА

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/13067-sv-simeon-nov-bogolsov-nikoj-ne-mozhe-da-go-nareche-isus-gospod-osven-preku-svetiot-duh

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
7 months ago

Како сефалната Ефимија му се јавила на старец Пајсиј

  Поуки - совети               Еднаш, еден од монасите – духовно чедо на старец Пајсиј – дошол во каливата на Чесниот Крст. Старецот се наоѓал во дворот на каливата и непрестајно, од сесрце повторувал: „Слава Тебе, Боже“. Тој ги повторувал тие зборови повторно и повторно, и обраќајќи се кон мон...

Image Description
4 years ago

„Нема Бог“ – значи: Немам Бог

    Еден е Бог и Он е севишен, семоќен, семудар и предобар. Од Него доаѓаат сите созданија и кон Него се враќаат. Он е без почеток и без крај, без потреба и недостаток. Од него зависат сите безбројни светови, и тие се движат околу Него. Он почива на средина, како неподвижна оска во тр...

Image Description
11 months ago

Свети Филарет Московски - ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС (4)

  Свети Филарет Московски ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС (електронска верзија) Кумановско-осоговска епархија Куманово, 2013   206. Како крсната смрт нѐ избавува од гревот и смртта?За да можеме полесно да веруваме во таа тајна, Божјото слово нѐ вразумува во неа, во мерата во која можеме да го поимим...