Света Марина како лекарка

Example Super-Admin User · 6 months ago

    1 minute, 39 seconds


 Света Марина како лекарка



 

Во 2003 година, на Кипарската телевизија, семејството на Василиу побара помош:

Малиот Андреас Василиу страдаше од леукемија и итно му требаше трансплатација на коскената срж.

За среќа, се пронајде донатор за трансплатацијата, а семејството замина во САД за најсложена операција. 

Но, пред да полетат за САД, семејството слушнало за манастирот Света Марина, на Грчкиот остров Андрос, каде се чува дел од моштите на Светителката Светиот прст.

Василиос го повикал игуменот Кипријан, барајки од него да се моли за нивното страдално дете.

Игуменот Кипријан вети дека ке се помоли за здравјето на Андреас и посака Света Марина заштитничката на децата да му помогне на детето во салата за операции.

Во клиниката, откако ги поминал сите потребни тестови, малиот Андреас, борејки се за неговиот живот, бил пренесен во салата.Неколку минути пред почетокот на операцијата, непозната девојка влезе во канцеларијата на лекарот.

Таа се представи како личен лекар на Андреас и побара да биде присутна на операцијата.

Од зборовите на младата лекарка, станало очигледно дека таа има совршено медицинско знаење, па Американскиот хирург ја поканил во салата.

Лекарката не само што присуствуваше на операцијата, туку зеде активно учество во неа, кажувајки им другите што треба да направат во моментот.

Операцијата заврши успешно, хирургот и заблагодари на колешката и ја напушти салата.

Родителите на Андрес побрзале да дознаат како поминала операцијата.

Се е добро одговори хирургот, но не можам да разберам една работа: имате толку одличен личен лекар,зошто дојдовте кај мене?

Збунетите родители, не разбирајки ништо, го уверуваа дека немаат личен лекар, но американскиот лекар им кажа дека целиот персонал ја видел личната лекарка на Андреас.

 Тие се обидоа да ја најдат таинствената лекарка, но таа исчезна, така што никој не ја забележа.

Василиу сфати дека  молитвата на игумен Кипријан стана реалност, а таинствената лекарка беше Света Маченичка Марина. 

 И, навистина, девојката која дојде во канцеларијата кај американскиот лекар се представи како Марина Андроскаја!

Андреас Василиу, сега е млад човек, секоја година со своите родители доаѓа на островот Андрос, за да се заблагодари на Света Маченица Марина и да го слави Бога, чудесен во Неговите Светители.

Бројот од Манастирот на Света Марина во Андрос: +30 2282 024074

 



Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/07/blog-post_76.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

Митрополитот Наум за Преображение служеше во Белград

Денес, кога Црквата го празнува Преображението Господово на Тавор, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица – Ружица, во Белград, Р. Србија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во беседата на Литургијата Вл...

Image Description
2 months ago

Акатист на Воведението на Пресвета Богородица во храмот

 Акатист на Воведението на Пресвета Богородица во храмотКондак 1Избрана од предвечниот Цар Богоотроковице Марие, на Ангелите и луѓето Царице, која си пристапила тогаш во храмот Господов во Светињата на Светиите, за девствено вневестување со својот Женик Небесен воспитувајќи се во Божјото Живеалиште,...

Image Description
7 months ago

НЕ ОТКРИВАЈ ЈА ДУШАТА ПРЕД СИТЕ

 НЕ ОТКРИВАЈ ЈА ДУШАТА ПРЕД СИТЕКај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи.- Што да правам? – низ солзи прашала таа. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарнос...