Свети Кед, епископот на Ластингем

Example User · 3 years ago

    1 minute, 5 seconds


SVETI KEDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ КЕД, ЕПИСКОПОТ НА ЛАСТИНГЕМ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 7 ЈАНУАРИ

(620-664; Cedd of Lastingham)

Свети Кед[1] е роден во англиско семејство, кое живеело во Нортумбрија. Во служењето на Господа се посветиле и неговите родени браќа Чед (Caedda), Сајнибил (Cynibill) и Келин (Caelin), кои биле свештеници. Заедно со Чед, тој бил испратен да се школува во Линдисфарн, во времето на свети Ајдан.

Во 653 година, заедно со уште други четворица свештеници, бил испратен при Освиј, кралот на Нортумбрија, за да ги просветува жителите на Средна Англија, по барање на нивниот старешина Педа. По завршувањето на таа мисија, бил отповикан и испратен на нова благородна проповед – да му помага на кралот Зигеберт во Есекс, за да ги христијанизира источните Саксонци.

Во Есекс бил ракополжен за епископ и тука основал многу цркви и манастири, од кои попознати се Тилбури (Tilbury) и Итанчестер (Ithancester). По враќањето во родната Нортумбрија, го основал и манастирот Ластингем (Lastingham) во Јоркшир. Тука постанал и негов прв игумен, не оставајќи ги епископските задолженија.

На Соборот во Витби, исто како и свети Кутберт Линдисфарнски, иако Келт по воспитување, ја прифатил римската пасхалија. Набргу, по одржувањето на Соборот, тој се вратил во манастирот во Ластингем, каде блажено се упокоил во 664 година.

Православната Црква неговиот спомен го празнува на 7 јануари според Јулијанскиот календар.

[1] Кед = всхитувачки.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/07/03/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%ba%d0%b5%d0%b4-%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Источен Петок - Балаклија

Невозможно е да се наведат сите чуда источени од Животодавниот Извор преку кои беше излеана благодат врз цареви, патријарси, врз големци како и врз обични луѓе. Силата на благодатта до денешен ден дејствува преку изворската вода. Таа сила лично ја имаат доживеано не само православни христијани, ту...

Image Description
1 month ago

Свети Варлаам мироточив велешки (28/10 јуни 1598)

За нас најзначаен е описот за светиот архиепископ охридски Варлаам, кој е опфатен во неговата „Книжка“, и за кој се смета дека самиот Јован го препишал од локален изворник, набрзо откако се случил овој настан. Воедно, светиот Варлаам Велешки е првиот и единствен досега познат светител кој е поврзан...

Image Description
3 years ago

СВЕТИ ЈОВАН, ЕПИСКОПОТ НА ХЕКСХЕМ И ЈОРК

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЈОВАН, ЕПИСКОПОТ НА ХЕКСХЕМ И ЈОРК, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 7 МАЈ (?-721; John of Beverly) Светиот отец наш Јован[1] е роден во Харфем (Harpham), во Источен Везд Јоркшир. Како младо момче, бил доверен во грижа на архиепископот Теодор во Кентербери, кој го...