Владичице! Богородице Дево! Свети Јован Дамаскин на Успение…

Example Admin User · 7 months ago

    2 minutes, 56 seconds


Од беседата на Успение на Пресвета Богородица

О, како ли небото Ја прима Онаа што стана попространа од него?! Како ли гробот, во себе го смести Божјиот сад?!

Да, го прими; да го смести!

Затоа што нејзиното тело не стана пошироко од небесата, туку благодарение на благодатта тоа ја надмина секоја висина и ширина. Бидејќи Божјото е неспоредливо.

На светиот и прекрасен, и чесен, и почитуван гроб, кој сега го опкружуваат ангелите, со смирение и стравопочит му се поклонуваат многу;

демоните треперат, а луѓето со вера му пристапуваат, со почит, поклонувајќи се, со очите и усните и душите љубовно го целиваат, црпејќи (од него) изобилие на богатства.

Како што, ако некој стави скапоцено миро не некое место, па потоа го тргне, ќе останат трагите на миомирисот, така и сега Твоето божествено и свето и сечисто и преполно со Божјо благоухание тело, изобилниот извор на благодат,

иако положено во гроб, и потоа повторно вознесено во подобро и повозвишено место, не го оставило гробот без дар, туку му ги остава Божјиот миомирис и благодатта,

и така гробот станува извор на исцеленија и на сите добра за оние што со вера му приоѓаат.

Тебе и денес Те почитуваме, о Владичице, Владичице, и пак ќе кажам:

Владичице! Богородице Дево!

Поврзувајќи ги своите души за надежта во Тебе, како за некое најјако и најсигурно сидро;

умот, душата, телото, целосно предавајќи Ти ги Тебе, Те фалиме со „псалми, химни и духовни песни“ (Ефес. 5, 19), колку што можеме, бидејќи не сме достојни.

Бидејќи, како што светото слово (на св. Василиј) нѐ научи дека „оддавањето чест на оние кои како и ние се слуги (Божји) е доказ за почитта кон заедничкиот (наш) Господ“,

почитта кон Тебе, Која Него си Го родила, како тоа да не ни биде најважна?

Како да не ни биде поважна и од самото дишење, и од животот?

Затоа што така ќе покажеме поголемо усрдно внимание кон својот Господ.

Зошто велам,  кон Господ?

Затоа што, навистина, на оние што побожно се сеќаваат на Тебе доволен им е најдрагоцениот дар на Твојот спомен, бидејќи тој станува основа за вечната радост.

Зашто, зарем радост не ги исполнува оние што својот ум го направиле ризница на Твоето сесвето име!

Оваа благодарна беседа е прва рожба на нашите зборови, врв на нашиот сиромашен разум, кој, поттикнат од љубовта кон Тебе, заборави на својата немоќ.

Но, прифати ја благонаклоно, знаејќи за љубовта што ги надминува силите.

Застапувај се за нас, добра Владичице, Родителке на добриот Владика, води нѐ каде што сакаш, и запри ги нашите страмни страсти, смири ја бурата, и води нѐ кон мирното пристаниште на Божјата волја, и удостои нѐ со идното блаженство, и слаткиот и личен блесок од Воплотениот од Тебе Бог Логос,

Кому заедно со Отецот и Сесветиот и Животворен Дух, Му доликува слава, сега и вечно. Амин.

.Свети Јован Дамаскин



ЗОШТО СМРТТА НА МАЈКА БОЖЈА ЈА НАРЕКУВАМЕ УСПЕНИЕ?

Зборот успение значи – потонување во сон, заспаност, мирен крај, упокоение слично на сон. Упокојувањето на Мајка Божја, Црквата го нарекува Успение, затоа што „како да заспала на кратко и како да се окрепила од сонот.“

Прекрасен бил животот на Пречиста Дева, прекрасно е и Незиното Успение, како во песната што ја пее Светата Црква: „ Бог на вселената покажува на Тебе, Царице на чудесата што ги надминуваат законите на природата.

И во Рожбата Ти го сочува девството и во гробот ти го сочува Телото од распаѓање.( Канон 1, песна 6, тропар 1).

Во ликот на Пресвета Дева победени се законите на природата: Смртта го враќа телото создадено од земја. Смртта не го покосила Нејзиното Тело; раѓајќи Бог, го сочувала Своејата девственост, и во Успението останала жива.

По Рождеството Христово, Таа пребива како Девица, а после смртта пребива како жива. Таа заспала за да се разбуди за живот на вечно блаженство.

Му се претставила на Животот, на Изворот на Животот, та со своите молитви да ги спасува слугите Божји.

Празникот Успение на Пресвета Богородица го нарекуваме голем, затоа што на тој ден „Спасителот на сите во целата Своја Слава ја сретнал и ја населил Мајката Своја покрај Себе.“

Source: https://pokajanie.mk/2024/08/07/vladichitse-bogoroditse-devo-sveti-jovan-damaskin-na-uspenie/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО!

НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО Спомен на светите праведни: Јосиф свршеникот, на цар Давид и на Јаков, брат Господов. Свети цар Давид Се празнуваат во неделата после Божик. За царот Давид, синот Јесеев, може да се дознае од Книгите Царства на Стариот Завет. Свети праведен Јосиф Обручник Праведниот Јосиф...

Image Description
9 months ago

Зошто воскреснатиот Христос јадеше печена риба и мед?

Зошто воскреснатиот Христос јадеше печена риба и мед? Во денешното празнично Евангелие слушаме дека Христос побара и јадеше „парче риба печена и мед со саќе“ (Лука 24,42). Зошто се наведува овој детаљ? Според црковното предание, овој детаљ има многу значајно ал...

Image Description
4 years ago

Свети Винок, игуменот од Вормхулт

СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ВИНОК, ИГУМЕНОТ ОД ВОРМХУЛТ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 6 НОЕМВРИ (640-717; Winnoc of Wormhout) Преподобниот Винок,[1] за кого житијните податоци говорат дека по потекло е Британец, бил потомок на кралско семејство. Своето детство тој го поминал во Бретанија...