Свeти Наум Охридски прославен во манастирот на Попова Шапка

Example Super-Admin User · 3 months ago

    2 minutes, 11 seconds


На ден 05.01.2025 година кога нашата света Црква го празнува споменот на свети Наум Охридски, во истоимениот манастир на Попова Шапка, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света Литургија со свештеници од Тетовско-гостиварската епархија. На Божествената Литургија верниот народ се причести со светите Христови Тајни.

По Литургијата беа благословени и прережани кумските лебови.

На Литургијата присуствуваа: Премиерот на РМ проф. д-р Христијан Мицкоски, Министерката за финансии г-ѓа Гордана Димитриеска-Кочоска,  Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска, како и пратеници од Македонското собрание. Црковниот Одбор и овогодишните кумови на овој духовен бисер на Тетовско-гостиварската епархија, со многу љубов и почит ги пречекаа сите поклоници на манастирот и приредија трпеза на љубовта. Со свое слово-проповед се обрати Митрополитот г. Јосиф, кој меѓу другото нагласи:

Денес сме собрани во овој свет манастир на Попова Шапка посветен на денешниот празник, за да го одбележиме споменот на свети Наум – Охридскиот Чудотворец, да го прославиме достојно празникот на овој наш семакедонски светител, кој е наш постојан молитвеник пред Бога. Делото и животот на овој Божји угодник се длабоко вткаени во духовно-просветниот живот на нашата Македонија. Како основач на монаштвото на нашите простори, тој длабоко го поставил темелот на Христовата вера кај нас. Свети Наум е од исклучително значење за Македонците и духовниот живот кај нас, но исто така, неговата просветителска дејност претставува универзална придобивка за сите словенски и воопшто за сите христијански народи во светот. Тој како просветител се трудел да ги научи луѓето на евангелските морални принципи, бидејќи знаел дека многу гревови извираат од човечките незнаења. И тогаш како и денес, најголем проблем и извор на злото било незнаењето, кое води до помраченост на умот. Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество. Тие започнуваат од неправилен начин на живеење, па водат се до воведување на нови и туѓи наметнати „вредности“, под слоганот на таканаречената демократија. Затоа, како православни верници да бидеме постојано трезвени и будни, да ги почитуваме вистинските вредности, кои како наследство ни ги оставил во аманет нашиот денешен славеник, великиот Наум. Наоѓајќи се на крајот од Божиќниот пост, а на самиот  почеток од овие празнични денови кои ни следуваат, да се помолиме на светиот Наум Охридскиот Чудотворец, по неговите свети молитви и нам Господ да ни ги просветли нашите умови, да ги очисти нашите срца од секакви грешни желби, похоти, страсти, грешни дела и да ни даде духовни сили за достојно да го пречекаме Христовото рождество.

По молитвите на Свети Наум, Господи Исусе Христе, Сине Боже помилувај нè и спаси нè нас. Амин. Нека е за многу години манастирската слава! На сите Вас кои го славите овој ден како куќна слава и го носите неговото име, ви честитам и посакуваме многу здравје, радост и благослов во животот.

Извор: https://tge.mk/product/sveti-naum-okhridski

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/sveti-naum-ohridski-proslaven-vo-manastirot-na-popova-shapka/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Празникот на Св. Параскева – Петка торжествено прославен во Македонската православна црква

Празникот на преподобномаченичката св. Параскева – Петка, Римјанка беше торжествено прославен со архијерејски Литургии во епархиите на Македонската православна црква. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше во храмот „Св. Петка“ во Скопската населба Црн...

Image Description
1 month ago

Како да им помогнеме на покојните?

Како да им помогнеме на покојните? Димитриј Панагопулос, свештенопроповедник Од 1000 луѓе кои плачат за смртта на некој нивни сакан човек, ниту еден не плаче поради гревовите на покојниот, туку плаче затоа што останува без него. Немаме такви солзи, кои ќе бид...

Image Description
10 months ago

И доброто и злото имаат крај

Овде на земјата, секое добро и секое зло имаат крај Свети Јован Златоуст Погледни, колку тврдини и палати на цареви, владетели и началници се претворени во рушевини! Сети се, колку сила и колку богатство имаа некогаш! А сега дури и имињата им се заборавени. Светото Писмо вели: „Многу владетели ја из...