Три работи го менуваат човекот
Љубов, болка и молитва.
Малку добри шанси некој има и љубовта може да му го промени животот. Тоа буквално може да го трансформира. И од див човек да стане светител. Од волк, да стане божјо јагне.
Кога љубовта не е доволна, тогаш болката владее. И таа делува како можност да го омекне срцето на човекот. Но, болката е како врела вода. Истата вода што го омекнува морковот, истата вода го стврднува јајцето.
На некои им помага, а други ги уништува.
Ако ниту љубовта ниту болката не прават ништо, тогаш останува само молитвата. Молитвата на оние околу себе. На сите оние кои клечат и тајно се молат за својот брат.
Христос Воскресе!
Елефтеријадис Г. Елефтериос,
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/05/blog-post_60.html