Возљуби го ближниот свој како себеси

Example Super-Admin User · 2 months ago

    10 minutes, 40 seconds

Возљуби го ближниот свој како себеси

(Гал. 5,14; Мат. 19,19)

Свештеник Јани Мулев

Целиот Стар Завет, десетте старозаветни заповеди, се сублимирани во двете новозаветни, преку кои Бог бара од нас да го нормализираме нашиот однос кон Бог и кон ближните. Најпрво се бара од нас да го засакаме Бога со целото наше битие, со сите наши сили, и откако ќе го засакаме Бога, заради Него, да го засакаме и ближниот, односно, секој човек, а како мерка ни е поставена љубовта кон себеси. Што значи тоа? Дали треба да бидеме самозаљубени, егоистични? Дали тоа значи, дека колку повеќе сме самољубиви, дека толку повеќе ќе можеме да ги сакаме и ближните? За каква љубов ни зборува Господ?

Често пати постојат крајности и искривувања во верата, погрешни сфаќања на одредени места од Светото Писмо, па така, и овде има такви, кои мислат дека не смее човек да се сака себеси, поради страв од егоизам, па одат во друга крајност, да не се сакаат себеси, да не се прифаќаат. Другите, пак, ја истакнуваат љубовта кон себеси, и мислат само на себе, на егоистичното исполнување на своите желби. Вистината е надвор од крајностите.

Во Црквата сѐ е устроено така, за да ни помогне да станеме приземни, нормални, здрави, да се исцелиме од секоја внатрешна расцепеност и поделба. Па така, практикувајќи го подвижничко-литургискиот живот на Светата Православна Црква, се учиме да се прифаќаме себеси со сите свои гревови, грешки, слабости, аномалии, искривувања (и телесни и душевни), со сите свои застранувања, со сета наша внатрешна смрдеа, учиме да се прифатиме, да се прегрнеме себеси и такви да се засакаме. Без шминкање, без криење, без камуфлирање. Се разбира, не да останеме такви, туку својот гревовен товар го прифаќаме, му го принесуваме на Христос Господ на исповедта, и бараме од Него Он да нѐ ослободи и растовари од нашиот товар, и откако ќе добиеме простување на гревовите, да се засакаме себеси, и со таква љубов, која прегрнува и прифаќа секого, без разлика каков е, какви гревови, грешки и слабости има, буквално секој да можеме да го прифатиме, да го прегрнеме и да го засакаме. Внатрешните конфликти доаѓаат токму од тоа, што не можеме да се прифатиме себеси, од тоа што самите на себе не можеме да си простиме, не можеме да се засакаме, и во тој случај, не можеме никаде мир да најдеме, никого не можеме да го прифатиме, ни да го засакаме.

А животот во Црквата е многу едноставен. Во Црквата се учиме да се помириме со себе и со своето минато, да си ги признаеме гревовите, слабостите и страстите најпрво самите пред себе, а потоа и пред свештеникот на исповед, а со тоа ги признаваме и пред Господ. Кога ќе добиеме простување, да се помириме и со себе, па така ќе се помириме и со Бог, и дури тогаш може да бидеме во мир со сите луѓе. Конфликтите произлегуваат од тоа што немаме мир во себе, од тоа што не се сакаме и не се прифаќаме себеси, па затоа секој ни пречи, и никаде немаме мир и спокој. Таквиот и во рајот да го ставиш, и таму ќе наоѓа маани, и таму сите ќе му пречат.

Нашето спасение е во наши раце. Да се помириме со себе, да си простиме, да се прифатиме себеси со сите наши гревови и слабости, да ги исповедаме гревовите кај својот духовник, и откако ќе се помириме со себе и со Бога, ќе бидеме во мир и со сите наши ближни. Тогаш кога ќе се засакаме себеси, со голема леснотија ќе ги засакаме и нашите ближни, колку и да имаат гревови, колку и да се различни од нас, а тогаш и нашата вера ќе има смисла, тогаш и нашите подвизи и молитви ќе му бидат угодни на Бога, тогаш и во пеколот да нѐ стават, и таму ќе бидеме задоволни. Единствено тогаш ќе можеме да ги исполниме двете новозавени заповеди, за љубов кон Бога и кон ближниот.

Текстот е објавен во Православна светлина бр. 72

Напишете коментар

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 564.588 Посети

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2025/02/12/%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B6%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B2%D0%BE%D1%98-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%B8/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Учењата на Старец Ефрем Филотејски и Аризонски за молитвата се полни со мудрост и духовно водство.

 Учењата на Старец Ефрем Филотејски и Аризонски за молитвата се полни со мудрост и духовно водство.  Учењата на Старец Ефрем Филотејски и Аризонски за молитвата се полни со мудрост и духовно водствоЕве некои од основните принципи што ги спомна за молитвата:1. Смирение и искреностСмирението е основа...

Image Description
8 months ago

Нека нашиот ден секогаш започнува со „Слава на Бога“. И секогаш завршувајте со „Фала му на Бога“

  Нека нашиот ден секогаш започнува со „Слава на Бога“. И секогаш завршувајте со „Фала му на Бога“На човекот му требаат цели и соништа, бидејќи тие му даваат смисла и мотивација во секојдневниот живот.Преку овој напор тој еволуира, напредува, се полни со искуства. Може да дојде до неуспеси. Но, секо...

Image Description
10 months ago

Три работи го менуваат човек

 Три работи го менуваат човекот  Љубов, болка и молитва.Малку добри шанси некој има и љубовта може да му го промени животот. Тоа буквално може да го трансформира. И од див човек да стане светител. Од волк, да стане божјо јагне.Кога љубовта не е доволна, тогаш болката владее. И таа делува како можнос...