За ава Ор (7/20 август)

Example User · 4 years ago

    1 minutes, 36 seconds


Еднаш авava or1а Ор како поука на браќата им го раскажа ова:

Во пустината видов еден човек кој три години не вкуси ништо од земната храна; секој трет ден ангел Господов му донесуваше небесна храна, која во исто време му беше замена и за водата.

Но, меѓу монасите знам и за таков човек, кај кого ѓаволите дојдоа во облик на небесни војници и ангелски чинови, покажувајќи му огнена кола во која божем се наоѓал некој цар, опкружен со слава. Тој цар му рече на монахот: „Ти, човеку, ги исполни сите добродетели; сега е потребно уште да ми се поклониш, па како Илија ќе те земам на огнена кола и ќе те вознесам од земјата“. Кога ги чу овие зборови, монахот се запраша во себе: „Што значи ова? Јас постојано се поклонувам на мојот Спасител, Кој и е мој Цар; и ако овој што сега го гледам би бил мојот Спасител, тој не би барал од мене да му се поклонам, зашто знае дека секогаш Му се поклонувам“. По таквото размислување монахот рече: „Јас имам свој Цар, Кому непрестајно се поклонувам, а ти не си мојот цар“. И во тој момент исчезнаа сите ѓаволи со својот цар и огнената кола.

Сево ова Ор им го раскажуваше на браќата како за некој друг; меѓутоа, многумина од нив добро знаеја дека сево ова се случило со него.

За преподобниот отец Ор постои и следнава повест, која се однесува на времето од неговиот живот, кога имал само еден ученик:

Една година, кога настапил пресветлиот празник на Христовото Воскресение, ученикот му рекол на учителот: „Дали знаеш, отец, дека сега е Пасха, па треба да празнуваме како што сите празнуваат“. „Да, чедо – одговорил старецот – јас заборавив дека сега е Пасха“. И, откако излегол од ќелијата, преподобниот Ор застанал под отворено небо, и пружејќи ги своите раце кон небото поминал така три дена во таа состојба, без да се помрдне, имајќи го сиот ум потопен во Бога. По третиот ден тој дошол кај ученикот и му рекол: „Ете, чедо, јас според мојата моќ ја отпразнував Пасха“. „А што правеше, ава?“ – го прашал ученикот. „Чедо – одговорил старецот – за монахот празник и Пасха е неговиот ум да преминува од вревата на овој свет, како Израил низ морето без да си ги намокри нозете, и да се соедини со Бога. Монахот кој бега од видливите нешта, се приближува на невидливиот Бог; а кој се врзува за тварите, се оддалечува од невидливиот Бог“.

Source: http://mistagogia.mk/za-ava-or-7-20-avgust/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Рождеството Христово на Света Гора

Митрополит Николај Месогијски – Високопреосветен владико, која е највисоката точка на светот? – Се разбира, вашето прашање е во врска со книгата која ја напишав за Света Гора, „Највисоката точка на земјата“, и за моите доживувања таму. Тоа е само игра на зборови, не постои највисока точка н...

Image Description
10 months ago

Слово на Успение на Божјата Мајка

Протоереј Александар Шмеман Во август Црквата го празнува крајот на земниот живот на Марија, Нејзината смрт, која ја нарекуваат Успение: збор, во кој се соединуваат сонот, блаженството, мирот, успокојувањето, радоста. Црквата си спомнува за смртта на Онаа, чиј што Син ја победил смртта, воскреснал о...

Image Description
4 years ago

Св. Фануриј – Заради оваа молитва мнозина добиваат помош…

Светиот маченик Фануриј Календар Кој бил и кога живеел овој светител не се знае. Многу се почитува на Родос и на Крит. Од нашите краишта во Прилеп и Битола. Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и исцеленија. Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фан...