Значењето на хармоничниот соживот на верскиот плурализам во Кина (1)

Example User · 11 months ago

    3 minutes, 23 seconds


3.angeli.so.truba 
 Н. Е. Џанг Ѕуо,
Амбасадор на Народна Република Кина

 

 

3.angeli.so.truba 

Значењето на хармоничниот соживот на

верскиот плурализам во Кина

1 дел



Кинеската цивилизација постои повеќе од 5.000 години во континуитет и продолжува да се развива и да се обновува и понатаму. Иако во Кина доаѓаат Будизмот, Исламот, западната цивилизација, марксизамот,  социјализамот, и политиката за реформа со отворени врати кон надворешниот свет, во Кина, не само што не се случиле  религиозни војни или варварски конфликти меѓу цивилизациите, туку е формиран соживот помеѓу петте големи религии - будизмот, таоизмот, исламот, католицизмот и христијанството (вклучително и Протестантизмoт), дури и соживот со верувањата од народните и етничките малцинства. Хармоничниот соживот на верскиот плурализам продолжува. Може да се каже, дека искуството на Кина имa свое важно значењe за светот.

 3.angeli.so.truba


(1) Хармонија во различностите - база на соживотот на верскиот плурализам


Уште пред 2500 години, за време на периодите Чунчју и Џангуо (770г.п.н.ер.-221г.п.н.ер), создателот на конфуцијанството Конфучие ја изнесе идејата „хармонија во различностите“, која стана фундаментална карактеристика и ориентациска вредност на кинеската култура. Идејата постави цврста база за хармоничниот соживот на верскиот плурализам, и од неа е оформена верската толерантност на кинескиот народ.


Од античко време, Кина гo почитува концептот за соживот на плурализмот на религиите. На пример, во врска со односите меѓу државното управување и развојот на религиите, Конфучие предложи идејата „да се посвети на она што е добро за луѓето и да ги почитува духовите и боговите додека се оддалечува од нив“. Оваа идеја означува дека мора да се почитуваат разни религии, но не може да се дозволи нивно мешање во политиката. Идејата останува и понатаму како предуслов за национално управување и формулирање на верските политики во Кина. Централната власт од сите династии долго време ja практикува политиката за соживот на разни религии. Спроведувајки ja политиката на верска толеранција, Кина дозволува развој на Несторијанизам, Маничаизам, Јудаизам, Христијанство и др. Како например, автор на Концизната историја на еврејската нација. Сесил Рот рече: „Во Азија, единственото место, кое треба да се грижи за еврејската населба, е Кина, бидејки локалните владетели никогаш не ја третирале оваа група луѓе различно според нивните верски убедувања “.


Во текот на долгиот развој на Кина, базирајки се на религиозниот концепт „Хармонија во различности“ и немешањето на религиозните сили во политиката, различните етнички култури и разните религии успеаja да се комбинирaат заедно, да учат една од друга и да станат меѓусебни делови на традиционалната кинеска култура. На пример, Будизмот потекнува од античка Индија. Во западната династија Хан беше воведена во Кина. По долготрајна еволуција, интеграцијата на будизмот со кинеската конфучијанска култура и таоистичката култура доведоа до формирање на будистичка култура со кинески карактеристики. Будизмот останува длабоко влијание во филозофијата, културата, уметноста, етиката, традицијата и др. Спроведувајќи политика со верска толеранција, плурализмот на религијата допринесува за политичкото единство. На пример, во текот на династијата Чинг, Торгутите кои престојувале надвор од земјата ги пробиле пречките поставени од Царска Русија и решително се вратиле во татковината, бидејки тие биле верници на тибетскиот будизам. Уште еден пример, за време на периодот на Република Кина, централната влада испраќа гласници во Ласа да добијат поддршка од локалните верски лидери, за да не се дозволи обидот на Велика Британија за поделување на Тибет од Кина. Причината од успешната работа е заради довербата на спроведување на политиката со верската толеранција.  


Од основањето на Народна Република Кина, земјата ја почитува слободата на верското верување на граѓаните. Кина ги третира сите религии подеднакво и се фокусира на градење на позитивен и здрав религиозен однос, особено на односите меѓу партијата и владата со религијата, општеството со религијата, различните домашни религии со странските религии, исто така и односите меѓу религиозните луѓе и нерелигиозните луѓе, што допринесе за формирањето на религиозната хармонија. Во моментов, во Кина има околу 200 милиони верски верници, 20.000 од нив служат како претставници на Народното собрание и членови на Секинескиот народен и политички консултативен совет на сите нивоа во земјата, со цел учество во политичкиот живот на Кина и функционираат како контролa и надзор за управувањето на Кинеската комунистична партија.

  3.angeli.so.truba

 

Продолжува...

 

 

Скопје, 24ти март 2020 год.

 

 Друго:

 

3.angeli.so.truba

 

 

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/22882-znachenjeto-na-harmonichniot-sozhivot-na-verskiot-plualizam-vo-kina-1

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Њутн за воскресението на мртвите

 (Обновено) Еднаш, прочуениот научник Њутн, го запрашале: – Како е можно телата на мртвите, одамна распаднати, повторно да станат тела на своите души?На ова, прочуениот научник, наместо одговор, расфрлал железни отпадоци по земјата, а потоа ги запрашал своите соговорници:– Кој може овие желе...

Image Description
1 month ago

Промовирана книгата „Запознавање со минатото, археологија за деца“ (18.11.2014)

  Вторник, 18 Ноември 2014 12:38 Низ дванаесетте теми на оваа книга, имаме можност да се запознаеме со животот во минатото, да бидеме современици на нашите предци, да дознаеме малку повеќе за нивните навики, верувања, обичаи... Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес...

Image Description
11 months ago

Д-Р ДМИТРИЈ АВДЕЕВ - ПРАВОСЛАВЕН ПОГЛЕД ВРЗ ДУШЕВНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА

 (Обновено) РАЗГОВОР СО Д-Р ДМИТРИЈ АВДЕЕВ, ПРАВОСЛАВЕН ПСИХИЈАТАР, ПСИХОТЕРАПЕВТ И МЕДИЦИНСКИ ПСИХОЛОГ http://www.daavdeev.ru/ ПРАВОСЛАВЕН ПОГЛЕД ВРЗ ДУШЕВНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА Каква треба да биде поврзаноста на медицинската и духовната помош при психичките растројства? На која од нив треба да...