13. Недела по Педесетница – евангелие за лошите лозари!

Example Admin User · 3 years ago

    4 minutes, 8 seconds


Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

 

21:33-42

  1. Чујте друга парабола! Имаше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде.

  1. И кога наближи времето за берење, тој ги испрати при лозарите своите слуги, за да му ги приберат плодовите.

  1. Но лозарите, кога ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа.

  1. Тој испрати сега други слуги, повеќе од првите; но и со нив направија исто.

  1. Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: »Ќе се засрамат од сина ми.«

  1. Но лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа меѓу себе: »Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.«

  1. Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.

  1. А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?”

  1. Му одговорија: „Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.”

  1. А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: »Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши.«

 

Пораката од денешното евангелие (види: Матеј 21, 33–42) најдиректно се однесува на денешните лозари, односно на новозаветното свештенство: епископите, презвитерите и ѓаконите; како и на денешното лозје – новозаветниот народ Божји, Црквата.

Толкувањето, пак, на ова евангелско четиво од аскетско-исихастички аспект ни ги открива причините поради кои се убивани испратените слуги – пророците, и Синот, Христос.

Во врска со тоа се наметнуваат две прашања:
прво, кој или каков плод требаше да Му принесат лозарите (свештенството) на Бог?

И второ, каков плод тие, всушност, произведуваат сакајќи истиот да го задржат за себе, откако веќе го присвоиле лозјето?

Согласно светиот апостол Павле, плодот на Духот што лозарите (свештенството) требаше да Му го принесат на Бог од Неговото лозје (верниот народ Божји) се добродетелите:
„љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста“ (Гал. 5, 22).

За да се постигне оваа црковна цел, свештеникот Божји (епископот, презвитерот) најнапред треба самиот да се очисти од страстите на срцето, да го просветли умот и ако може, да се обожи,
а потоа и доверениот народ Божји да го поведе по тој пат на чистење од страстите, просветлување и обожение.

Самиот смирено да се вгради во единството на Црквата,
а потоа и со своите духовни чеда да го надградува тоа единство.

Страстите се главната причина поради која се нарушуваат, прво, внатрешниот мир и духовниот развој на самите членови на Црквата, а потоа и љубовта и мирот меѓу нив, односно црковното единство.

Еве како светиот апостол Јаков ја опишува борбата што во нас и меѓу нас настанува поради страстите:

„Од каде се војните и расправиите меѓу вас?
Не оттаму ли – од вашите страсти, кои се борат во органите ваши?
Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не молите.
Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите страсти“ (Јак. 4, 1–3).

Така, на оние лозари (свештеници) кои се обземени од самољубието не им одговара лозјето (народот Божји) да принесува плодови што Му се угодни на Бог, туку главно плодови што ќе ги хранат нивните страсти.

А многу е очигледно дека сè започнува од страстите славољубие, среброљубие и сластољубие на лозарите:

„Овој е Наследникот! Ајде да Го убиеме и наследството ќе биде наше“ (Марко 12, 7).

Денес, во пракса, повторно можеме да ги забележиме истите три подгрупи на главната страст самољубие што се пројавуваат кај лозарите, т.е. свештенството:

Славољубието ги принудува луѓето да се борат меѓу себе за власт и слава, па дури и на штета на црковното единство и на штета на севкупното сведоштво Христово што Црквата треба да го покаже во овој свет, за негово спасение:

„По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13, 35).

Денес, сите сме сведоци дека наместо љубов и црковно единство, во свештенството се случува борба за црковна превласт, за човечка слава и пофалби, од локално ниво, па до ниво на цела православна екумена.

„Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме. Да не бараме лажна слава, еден друг да не предизвикуваме, еден на друг да не завидуваме“ (Гал. 5, 25–26).

Среброљубие – оваа страст ја задоволуваат така што му даваат предност на она служење во Црквата од коешто финансиски се богатат, а служењето што финасиски не ги задоволува, се запоставува.

Сведоци сме сите дека денес се запоставува Светата Тајна Евхаристија, причестувањето со Телото и Крвта Христови, како и Светата Тајна Покајание, исповедување на гревовите и духовното раководство – за кои, фала Му на Бога, не се наплатува.

Сластољубието ги принудува луѓето да ги задоволуваат своите телесни страсти, било да е тоа насладување со храна или насладување со блуд.

Оваа страст се пројавува, на пример, и во тврдењето на некои од свештенството дека секогаш можат да се причестат и без да постат, додека истовремено верниот народ го условуваат и принудуваат да пости и повеќе од она што Светата Црква водена од Светиот Дух го определила.

Можеби сето ова што го говорам не е многу популарно да се каже, но зошто да го премолчуваме она што Светото Евангелие толку јасно ни го предочува?

Говорејќи го ова, не се изземам себеси од оние што сè уште се борат со своите страсти, да не си помисли некој.

Говорам заради оние што немаат ни поим што им се случува, иако е тоа толку очигледно.

Сепак, да се молиме за нашето свештенство, а не да го озборуваме и осудуваме… На тој начин, Божјиот благослов ќе остане со сите нас!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум  (2017)

Source: https://pokajanie.mk/2020/09/02/22749/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Како ќе биде Воскресението?

Свети Симеон Нов Богослов Впрочем, и да кажеш дека тогаш тело духовно ќе примиш, но како, кога ко во дупка душата таму ќе ти чмае? Чуј, поучи се како ќе биде тоа! Исто ко што семе се сее според род (за пченица, јачмен и слично ти зборам), па пород сетне и си поникнува, така и...... Continue Reading...

Image Description
2 years ago

НЕДЕЛА ВТОРА ПО ДУХОВДЕН (…Бог не избрал цареви, туку 12. прости рибари)

НЕДЕЛА ВТОРА ПО ДУХОВДЕН Евангелие за повикот на апостолите Матеј 4, 18-23; Зач. 9 Зошто луѓето во нашево време толку брзаат? Што поскоро да го видат успехот од својот труд. И успехот доаѓа и одминува, и зад себе остава траги на жалост. Зошто синовите човечки во нашево време толку брзаат? Што поскор...

Image Description
1 month ago

Обрезание на Господ Исус Христос

Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Прао...