Смирениот не ги превидува своите таленти и способности, но ги смета како дарови Божји, и за кои е повикан да ги развие. Тоа значи дека може да ги препознае и даровите на другите и да се радува за нив. Човекот егоист е еден слеп човек, затоа ниту себеси се разбира, ниту другите ги разбира. Човекот егоист е неспособен да се заљуби и да љуби, затоа постои голема криза во меѓучовечките односи. Човекот егоист не ги сака ниту своите деца, затоа и ги прави несреќни. Кога знаењето се гради врз смирението, тогаш човекот великотвори (прави големи дела), а кога гради вез егоизмот, тогаш злотвори (први зли дела). +Павле, митрополит Сисаниски Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Моето искуство ме научи дека, вистинит човек е само смирениот човек.
Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2019/01/19/vistiniti-lugje/