Блажен е човекот...

Example Super-Admin User · 8 months ago

    1 minute, 25 seconds


  Блажен е човекот...

Свети Јустин Поповиќ


Блажени се оние кои плачат за повеќе добрина во луѓето и меѓу луѓето, бидејќи малку ја има;

кои плачат за повеќе љубов, зашто и неа малку ја има;

кои плачат за повеќе правда, затоа што и од неа има малку.

Блажени се сите кои плачат за повеќе вистина, за повеќе молитви, за повеќе пост, радост, милосрдие во луѓето и меѓу луѓето.

Блажени се оние кои плачат за повеќе светлина,

за повеќе бесмртност, за вечност, за повеќе ангели,

за повеќе од сѐ Божјо во луѓето и меѓу луѓето.

Блжени се, бидејќи додека плачат – благиот Утешител, Светиот Дух:

Духот на Вистината, Духот на Вечноста,

Духот на Правдата, Духот на Љубовта,

Духот на Радоста, Духот на Бесмртноста,

Духот на Светлината невидливо врз душите на расплаканите ја разлева и Светлината, и Вистината, и Правдата, и Љубовта, и Радоста, и Бесмртноста, и Вечноста.

Блажен е човекот кој за време на молитвата кон Пресвета Богородица ќе заплаче од радосно умиление затоа што постои Таа – чудесната Молитвеничка за целиот човечки род и семилостивата Помошничка во секоја мака и неволја.

Блажен е човекот кој ќе заплаче од радосното чувство дека постои толку прекрасен, толку човекољубив, толку семилосрден Спасител на светот како што е Господ Христос.

Блажен е човекот кој ќе заплаче од радост што околу себе има толку илјади свети сведоци за Христовата Благавест.

Блажен е човекот кој плаче од радост затоа што постојат многу луѓе кои живеат според Божјите заповеди, и зашто има тајни евангелски дела, подвизи, расположенија.

Блажен е човекот кој плаче од молитвена благодарност затоа што чудесниот Богочовек ја создаде Црквата од ангели и луѓе, и им дозволи да живеат заедно како браќа.

Блажен е човекот кој плаче од умиление пред скромноста, милосрдието, човекољубието, страдањето, пред трпението на кроткиот Господ Исус.

Блажен е човекот кој во молитвата ќе заплаче трогнат од страдањето на некој маченик или од подвигот на некој светител.

Воопшто, блажен е човекот, секој човек, кој плаче пред сѐ свето, евангелско, Божјо.

Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/06/blog-post_57.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

До скржавиот господин, за црковниот сјај.

До скржавиот господин, за црковниот сјај.Се прашувате зошто православната црква дозволува таков сјај и раскош во црквите: скапоцени икони, сребрени кандила, златни путири, одежди и други скапи предмети. Затоа што сака да нè потсети со овој мизерен земен сјај на вечниот небесен сјај;да ги оттргне луѓ...

Image Description
6 months ago

Беседа во седмата недела по Педесетница

Во прилог ја пренесуваме беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во Седмата недела по Педесетница и на празникот Пренесување на моштите на св. Климент Охридски Чудотворец. Во името на Отецот...

Image Description
7 months ago

Светиот Свештеномаченик Лукијан, прв просветител на Белгија

Протојереј Златко Ангелески Црквата го слави неговиот спомен на 3 Јуни (?-96; латински: Lucian) Светиот свештеномаченик Лукијан најпрво живеел во Рим, а додека бил јазичник се викал Лукиј. Од апостол Петар бил просветлен со светлината на Христовата вера и примил крштение. По смртта на апостоло...