Дали некогаш сте го набљудувале животот на срцето?
Дали некогаш сте го набљудувале животот на срцето? Обидете се да го направите тоа, дури и за малку, и видете што ќе откриете:
Се случува нешто непријатно, а вие се вознемирувате. Ве наоѓа некоја несреќа, а вие самите се сожалувате.
Гледате некој што не ви се допаѓа и веднаш во вас извира непријателство. Сретнувате некој ваш исти години како вас, и кој во меѓувреме ве престигнал во се и почнувате да му завидувате. Се сеќавате на вашите таленти и способности и почнувате да чувствувате гордост...
Сето ова гниење: суета, телесна желба, ненаситност, среброљубие, злоба... натрупани едно врз друго, на крајот го уништуваат срцето. И сето тоа може да го пробие срцето за само неколку минути.
Поради оваа причина, еден подвижник кој вршел строга контрола над себе рекол - сосема со право - дека „срцето на човекот е полно со змии отровни. Само срцата на светиите се ослободени од овие змии: страстите“.
Свети Јован Шангајски
Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/10/blog-post_82.html