Главни делови на Златоустовата и Василиевата Литургија

Example Super-Admin User · 10 months ago

    2 minutes, 30 seconds


Во Божествената Литургија се разликуваат два дела (не вклучувајќи ја Проскомидијата):

Првиот дел е Литургија на словото, во кој се содржат псалми, библиски читања, прозби, проповед, па затоа ова е, всушност, дидактичкиот дел на евхаристиското собрание.

Вториот дел е Литургија на Тајната, во кој се содржи извршувањето на Светата Тајна Евхаристија, односно приносот на даровите и нивното осветување, причестувањето и отпустот.

Порано обично се употребувале термините Литургија на огласените и Литургија на верните. Овие термини произлегле како превод од латинските називи: missa catechumenorum и missa fidelium. Но, овие термини се оценуваат како неточни, па дури и на Запад се веќе напуштени. Целата Литургија е Литургија на верните. Доколку еден дел од литургиското собрание е определен или посветен и за огласените, тогаш тоа не значи дека тој дел е нивна Литургија. Зборот missa значи отпуст, кој подоцна завладеал како назив за Литургијата (на Запад). Missa catechumenorum, односно отпустот на огласените, се извршувал во сите Литургии после сугубата ектенија и молитвата за нив, којашто се читала по библиските читања. Missa fidelium, односно отпустот на верните, се правел на крајот од Литургијата, после причестувањето.

Општата структура на Литургијата, со нејзините најсуштински елементи, се оформила во апостолскиот период и во периодот непосредно после него. Литургијата на словотое составена по примерот на јудејското синагогално богослужение, кое е опишано кај евангелистот Лука[1]. На овој дел од Литургијата присуствувале огласените, па затоа во него се вклучени библиски читања, толкување на прочитаното, антифони пеења на псалми, молитви за огласените итн.

Потоа следи подготвителниот дел, кој се нарекува Проскомидија. Во првите христијански векови проскомидијата ја извршувале ѓакони, во посебна просторија (садохранилница), без учество на епископ или на свештеник. Во почетокот на 8. век чинот на Проскомидијата бил разделен на два дела. Првиот дел (собирање и подготовка на даровите) бил префрлен пред почетокот на Литургијата на словото, а вториот дел (пренесување на светата трпеза) си останал на свое место. Оттогаш Проскомидијата станала прв дел на Литургијата и почнала да се извршува во олтарот, во апсидата од левата страна на светата трпеза.

Литургијата на Тајната е најважниот дел од литургискиот чин. Според 19. правило на Лаодикискиот собор (363 г.), таа започнува по излегувањето на огласените, со читање на три молитви на верните. Во денешната форма, по отпустот на огласените, се читаат две молитви на верните. Го вклучува т.н. евхаристиски канон, кога подготвените леб и вино се претвораат во тело и крв Христови. Право на присуство во овој дел имале само крстените, односно оние кои ќе се причестат.

Денес редоследот на Литургијата е следниот: најнапред, без учество на членовите на христијанската заедница, во олтарот се извршува Проскомидијата, односно нејзиниот прв дел (собирање и подготовка на даровите). Наместо ѓакон, ја извршува презвитер. Потоа следи Литургијата на словото, па втората половина на Проскомидијата (пренесување на даровите на светата трпеза) и најпосле – Литургијата на Тајната, односно на верните.


Користена литература:

1. Архимандрит Авксентий, Литургика (част 3), Пловдив 2008.

2. Ιωάννου Μ. Φουντούλη, Λειτουργική Α΄, Θεσσαλονίκη 2000

3. Благой Чифлянов, Православна Литургика, София 2008.


[1] Лк 4, 15-22.

The post Главни делови на Златоустовата и Василиевата Литургија appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/bogoslovie/liturgika/glavni-delovi-na-zlatoustovata-i-vasilievata-liturgija/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Верувај му на Бога

  Верувај му на Бога„Господ е Пастир мој“ ( Пс. 22:1 )Во овој псалм, Давид го опишува својот однос со Господ. Тој е зависен од својот Бог, како што овцата зависи од пастирот. Тој сфаќа дека раката Господова е над него, дека Господ го држи и во оваа свест сета негова сила. Не скршнува од патот, оди т...

Image Description
11 months ago

... Колку мизерија е предизвикана од суетата и ароганцијата, желбата да се појавиме подобри од она што сме...

 ... Колку мизерија е предизвикана од суетата и ароганцијата, желбата да се појавиме подобри од она што сме... Пред да почнеш да ме осудуваш за мојот живот, земи ми ги чевлите и оди по мојот пат!Шетајте по улиците, ридовите и долините.Почувствувајте ја болката и среќата.Поминете низ годините низ кои...

Image Description
10 months ago

Недела на Слепиот

Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски Возљубени во Господа. Денешната недела е посветена на човекот кој бил слепороден, и кој со Божјата сила и моќ, прогледал. Богочовекот Исус Христос правел чуда кои не можеле да се објаснат со земното искуство. И ова чудо кое што Тој го направи...