„Икономија“  за лаиците –  во делот на втор брак (Д. Наум)

Example Admin User · 11 months ago

    1 minutes, 17 seconds


За бракот меѓу маж и жена е напишано:

Коментар на денешното евангелско четиво:

“Во Црквата постои „икономија“ – кога Епископот, или од него одредениот духовен отец, снисходи и ни овозможува црковните правила да ги исполнуваме според нашите моментални можности и сили, а не точно како што е пропишано; и постои „акривија“ – кога црковните правила ги исполнуваме точно како што се пропишани.

За Епископот или духовниот отец да знае дали ќе употреби „икономија“ или „акривија“ во одреден случај потребна му е просветленост на умот.

Во таков случај, „икономијата“ испаѓа „акривија“, затоа што оној што е правилно духовно раководен може непречено духовно да расте од образ кон подобие Божјо и од просечност кон совршенство.

За бракот меѓу маж и жена е напишано: „Во почетокот на светот, пак, Бог ги создаде маж и жена. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи до жената своја, и обата ќе бидат едно тело; и така, тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог што составил, човек да не разделува“.

Што се однесува до бракот, како Света Тајна, меѓу маж и жена, тука Црквата не може да прави никакви отстапки, додека пак, по мое мислење, секоја „икономија“ која Црквата ја одобрила за лаиците – не и за свештенството, во делот на втор брак, најсигурно би било, на крајот, да се покрие со монашки живот, со посветување на Бог.

Затоа што е напишано и ова:

„Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува спрема неа; а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува“.

А ова се тешки зборови…

По мое мислење, и секој презвитер со својата жена, откако ќе ги оспособат и постават своите деца на сопствени нозе, би било убаво својот живот да го посветат на Бог и да се замонашат, како потврда и сведоштво.

Да не објаснувам многу – голема е оваа Тајна.”

 

Source: https://pokajanie.mk/2024/01/02/37375/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

…Потврдување на Неговата Мајка – Секогашдева Марија…(Дедо Наум)

http://www.mpc.org.mk/pouka.asp… Коментар на денешното евангелско четиво: „Никој кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат.“ Дотолку повеќе и Господ, кога Он ќе му подари умно-срдечна молитва и про...

Image Description
11 months ago

Каде е местото на срцето? – „последното место“- Дедо Наум

“Штом е во прашање „свадба“ на која има промена на местата за седење, тогаш во ова евангелско четиво не се зборува и не се мисли толку на есхатолошкото Царство Небесно, туку на Црквата којашто престојува во времето и просторот на овој свет и на нејзината Света Литургија – како предвкус на Царството;...

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум:За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020 )Десетмината лепрозни Го молат Господ Исус Христос и бараат исцеление, а Он им вели: „Отидете и покажете им се на свештениците!“ (Лука 17, 14). Христос на сите им го покажува најпрво патот на смирението и на послушанието.Деветмината Ју...