Кинеските археолози со доказ за великиот потоп (05.08.2016)

Example User · 11 months ago

    1 minutes, 12 seconds


244137.b.jpg

05 август 2016 лето Господово

Археолозите пронашле докази за големо излевање на реката Хоангхо во 1920-та година пред Новата ера,244137.b.jpg кое довело до подигање на нивото на водата за 38 метри и предизвикало „голем потоп“ за време на императорот Јуј од династијата Сја.

Група археолози под раководството на Цин Лун од Пекиншкиот Универзитет, пронашла докази дека кинеските легенди за големиот потоп се вистинити. Ова откритие било направено за време на испитувањето на трагите од второто илјадалетие пред нашата ера, сочувани на брегот на реката Хоангхо, при устието во Западна Кина.Тука научниците нашле необични наноси во вид на црн песок кои зборуваат за силни млазови на вода. Тие млазови на вода некогаш толку моќно поминале низ устието што го разориле брегот на реката, оставајќи зад себе многу камчиња, песок и карпи коишто се отцепиле од коритото.

Оваа појава можела да биде предизвикана, според мислењето на археолозите, само од опсежно лизгање на земјиштето, кое го прекрило течењето на Хоангхо и на тој начин се создало гигантска природна брана, висока околу 200 метри, благодарение на која на погорниот тек на реката Хоангхо се појавил природен резервоар за вода. Исто така, забележано е дека по 8 – 9 месеци водата го достигнала врвот на браната, ја урнала браната и се упатила надолу, бришејќи сѐ на својот пат. Како последица на ова, нивото на Хоангхо моментално се зголемило на 38 метри. Ширината се зголемила неколку пати.

Потопот бил навистина толку моќен и долготраен што ги потопил сите населби коишто се наоѓале на 25 км. од коритото на реката и тоа довело до глобални културни и политички промени во Кина.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/bibliska-arheologija/17922-kineskite-arheolozi-so-dokaz-za-velikiot-potop

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

"Внимавајте што зборувате, гените памтат се !"

"Внимавајте што зборувате, гените памтат се !"                "Поголемиот дел од луѓето се уште не можат да ја сфатат поврзаноста на зборовите што ги изговараат и она што им се случува во животот. Зборот е една од главните структури на човекот и тој има директно влијание на нашиот генетски апа...

Image Description
11 months ago

Доцент о. Милан Ѓорѓевиќ - „Православната аскетика и женскиот ерос (низ призма на романот Облека на душата од Бошко Смаќоски)”

  „БИБЛИЈАТА И КНИЖЕВНОСТА”МАНУ, 20-21 АПРИЛ 2017  (Извадок) Женскиот принцип на благочестието во православната аскетика има длабока еклисиолошка смисла. Паралелата меѓу Црквата како заедница на верните возглавена од Христос и Пресвета Богородица е длабоко врежана во преданската свест. Црква...

Image Description
11 months ago

Анри Фабр: Јас во Бога не верувам, јас Го гледам

Жан Анри Фабр (1823–1915)Анри Фабр , славен француски ентомолог, научник кој го проучувал животот на инсектите, бил убеден христијанин и својата вера во Бога ја изразил во своите многубројни научни трудови, докажувајќи дека Бог постои. Еден свештеник кој ги читал неговите дела го запрашал нау...