Доцент о. Милан Ѓорѓевиќ - „Православната аскетика и женскиот ерос (низ призма на романот Облека на душата од Бошко Смаќоски)”

Example User · 10 months ago

    3 minutes, 4 seconds


 

„БИБЛИЈАТА И КНИЖЕВНОСТА”
МАНУ, 20-21 АПРИЛ 2017

 (Извадок)

Женскиот принцип на благочестието во православната аскетика има длабока еклисиолошка смисла. Паралелата меѓу Црквата како заедница на верните возглавена од Христос и Пресвета Богородица е длабоко врежана во преданската свест. Црквата е нескршлива – не поради тоа што нејзините членови се способни да ја одбранат од искушенијата и противниците, туку заради тоа што нејзиниот Жених и Глава е самиот Христос. Црквата е невестата Христова и во тоа се состои суштината на женскиот архетип на заедницата на верните. Оваа мисла може да послужи и како излезна точка при конституирањето на една психоаналитичка теорија која би била втемелена врз антрополошките претпоставки на православната аскетика. Во неа централно место би имал архетипот на мајката, наместо фројдовскиот архетип на таткото, втемелен врз еврејската религиозна традиција. При тоа, челното место на иманентниот склучувач на Стариот завет, Авраам би било отстапено на иманентниот образ на богомајката претставен во чинот на Благовештението.

 
*
Светоста и нестварноста на Перуница од романот „Облека на душата“ на Бошко Смаќоски суштински се спротиставува на една друга претстава за женската светост и нестварност, имено онаа кај Габриел Гарсија Маркез. Еросот на убавицата Ремедиос од славниот роман „Сто години самотија“ се реализира во нејзината недопирлива убавина. Таа се движи разголена низ домот и сите ја гледаат и доживуваат како божица – таа е девицата, „девата“, на домот. Архетипниот концепт за светоста на Богомајката во православното предание тука застанува наспроти оној на светата Дева во римокатоличкото благочестие. Еросот на Девата е затворен во нејзината недопирливост. Акцентот застанува врз нејзината нестварност и – останува таму. Аналогно, Ремедиос е нестварна и како таква не може да остане во овој свет. Токму поради тоа и се вознесува оставајќи го семејството Буендија на нивната заедничка самотија. Таа е сама, но сама-во-себеси, а не сама-со-другите. Преку таквата дијалектичка самонегација на самотијата, на која и треба „другиот“ за да може да се оствари – таа е слободна, ослободена од самотијата како самотија-со-другиот. Таа веќе не е човечко битие (доколку припадноста кон семејството го подразбира човештвото), бидејќи нејзиниот ерос се ослободува од дијалектичкиот однос на соединување и разделба (т.е. осамување). Но, таквиот ерос не се актуелизира никогаш – туку останвуа заклучен во нејзината непоимлива убавина на ниво на вечна потенција.
Наспроти архетипот на Девата, православниот архетип на Богомајката ја актуализира потенцијата. Православните го празнуваат успението (смртта) на Богомајката, а дијалектичката драматиност на овој чин се изразува на извонреден начин во православната иконографија. На одарот лежи телото на Пресвета Богородица, додека околу неа стојат апостолите кои ја оплакуваат. Централно во композицијата, над одарот стои Христос држејќи ја во рацете Богомајката во вид на повиено бебе. Таа се раѓа за вечен живот и нејзиниот син, кого таа го држела во рацете како младенец, е оној кој ја внесува во тој живот. Еросот нема потреба да ја игнорира смртта преку чудесно издигање над човечкото општество, над неговата поделеност, а со тоа и смртност (сп. св. Максим Исповедник), туку за него смртта е оружје на победата над самата смрт. Затоа во тропарот (химната) на Воскресение централно место имаат зборовите „смертију смерт поправ“ (со смртта ја победи смртта). Еросот нема потреба да се крепи врз телесната убавина и младост – бидејќи неговата смисла е во трансцендирањето, т.е. осветувањето на убавината и младоста, а не во нивното вечно (алхемичарско) задржување. На крај, смислата на еросот не е во неговото недопрено (неосквернето) вознесување од овој свет, туку неговата цел се состои во тоа да го оплоди светот, да го умножи светот, да го преобрази светот и преобразувајќи се самиот да стапи во стварноста на есхатолошкото. И тоа е архетипот одразен во личноста на Трифуница на Бошко Смаќоски.

 

о. Милан Ѓорѓевиќ
Доцент
Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“- Скопје

Тема:


„Православната аскетика и женскиот ерос (низ призма на романот Облека на душата од Бошко Смаќоски)”

 

Научна конференција

„БИБЛИЈАТА И КНИЖЕВНОСТА”
МАНУ, 20-21 АПРИЛ 2017

 

 Преминпортал (к,т.)

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/18782-milan

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

За „Акатистот низ слово и фреска“ од Д-р Софија Грандаковска

  За „Акатистот низ слово и фреска“ (Скопје: Менора, 2017) од Д-р Софија Грандаковска... или како се пишува софистициран книжевен прирачник за анатомска анализа на деликатниот византиски литерарен организам ...Елизабета Димитрова    Византија, именка едноставна по звучност, практична за изго...

Image Description
10 months ago

Патувањето на мудреците - д-р Марија Гиревска

Т. С. Елиот (1888–1965) ВоведВрските меѓу книжевното творештво од западната културна традиција и библиските текстови на Стариот и на Новиот завет не се површни, ниту, пак, маргинални. Без познавање на Светото писмо, невозможно е да се толкува творештвото на значајни автори од светската книже...

Image Description
3 years ago

Познат научник тврди дека Бог постои

https://www.youtube.com/watch?v=jremlZvNDuk Мичио Каку е теоретски физичар и еден од најпочитуваните научници на денешнината. Тој тврди дека нашол доказ за активноста на силата „што владее со сé.“Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите...